Жити се кај ја најде толку ефтино?! Јас ја купувам 120 ден., на некои места дури и 150 е. Дај кажи ми, бар да заштедам некој денар xD
Моментално ја користам оваа маскара од Oriflame, супер ми ги обликува трепките. Задоволна сум многу од истата.
Мајка ми ме почасти со оваа на Буржоа, само кога нанесов доста густа ми делуваше Имам многу долги трепки, средна густина, па добро би ми дошла, + ги витка нагоре
Eдна од омилените маскари,со години ја користам и класика ми е веќе. Вака четкичето изгледа многу обично,ама само изгледа така За долги трепки е есктра :geek:
Се двоумам меѓу овие две.. кој користел, нека ми каже која е подобра или воопшто каков е квалитетот на било која од двете... или ?
Жени, ја пробал ли некој оваа маскара? Стварно ги издолжува така на крај бидејќи мене таква ми треба или не баш? И општо добра ли е?
Супер се и двете. Јас повеќе ја сакам втората зашто ми ги издолжува и извиткува поубаво, а првата е повеќе за волумен, па како сакаш. А ако сакаш комбинација од двете тогаш земи си ја новата, cat eyes, Domino што прашала за неа. Јас ја земав пред една недела и ептен ја сакам
Презадоволна Ја користам за најголем волумен на број 3, Не жалам ич шо дадов 280 денари, за парите вреди ептен, Во следниов период не би ја сменила со ниедна друга.
До сега имам користено две маскари, од коишто сум прилично задоволна ама сепак вторава повеќе си ја сакам, зашто им дава поубав изглед на трепките. Во школо дури ме прашуваа дали сум ставала вештачки трепавици. Иако маскарава е за волумен, сепак ги издолжува доста трепките, а моиве па ко што се долги природно.. Првата маскара е: Втората:
Девојки де кажете некоја од поефтиниве маскари што убаво ги извиткува трепките,оти немам веќе маскара,а не сум многу при пари да си земам од овие на мејбилајн.