каде можам да ја најдам и колку пари е pls некој да ми каже многу сакам да ја пробам http://3.bp.blogspot.com/_ZsBR2QLfRdM/S ... ascara.jpg фала ви многу однапред сакам ве
Ја има во јуник,космо..Околу 350-380 денари е.Јас ја земав пред околу 1-2 недели,од јуник на попуст за 310 денари
Обично ја користам оваа на Орифлејм и сум презадоволна,а вчера си ги зедов двете овие на Римел,во пакет одеа,зелената и лилавата и сум фасцинирана,со два слоја ги издолжуваат трепките многу и ги виткаат! Би ги препорачала на секоја П.С.Оваа од Орифлејм кога ќе се потроши,секако е при крај,само ќе и сменам тубиче,четкичката е предобра,а незнам дали уште ја има да се порача.
можиш да си земиш од golden rouz негде се околу 105,60 денари. Јас ја користам од MAx Faktor за волумен ептен е добра
Маскараваа Денеска у школо се сликавме онака цел клас,и немав јас со мене шминки па ми позајми една професорка Оваа маскара ја имаше..луѓе не сте свесни колку ги издолжува и им дава волумен на трепките. Јас ја користам моментално Макс Фактор 2000 calories и сум задоволна,ама оваа од Мис Спорти оваа е нешто невероватно
Јас последен пат од Cosmo кога ја земав (пред 2 месеци отприлика) беше 480 денари. Мислам дека секаде е до 500 денари максимум.
Порано користев Лореал стриктно. Но откако ја открив Голден роуз 4 х 4 нема шанси да ја сменам. Екстра е. И тоа за само 100 ден.
Ги имате пробано? Задоволни сте? Водоотпорни се? Некои ги фалат , некои не? Вие? Последно време биле понеубави од порано, вистина? И извинете на следново прашање, ама тоа е ... Не се разбирам многу многу од шминка и немам користено маскара никогаш. Отприлика колку пати може да се нашминкате со една маскара и за колку време се суши една маскара?
Искрено голден роуз мене ми се сосем ок , но за разлика од други(поскапи)како макс фактор пр.или некои други не ми е баш.За ефтини пари или не баш има на авон мене ми се допаѓаат и би ви ја препорачала супершок и колор тренд за издолжувајне на трепките ги имам и двете користено според мене се супер цената е околу 460 но можете да ги начекате и за 270 ден иако е ретко да се начекаат .. . се надевам сум од корист...
Неможам да си го замислам животов моментално, без маскарава. Бидејки кога сум раштркана натаму наваму, немам баш време да обрнувам внимание многу на шминка, единствено што користам во такви периоди е малце пудра(по потреба) и маскара, и затоа многу ми е битен квалитетот на маскарата. Незнам дали Make Up Factory прозиводи има веќе кај нас, но маскарава е незаменлива!