Барам една маскара од Голден Роуз, бордо боја е, издолжена и тенка а четкичката е исто подолга и со поретки влакненца. Другарка ми ја има оваа, ама буквите и се избледени и неможам да прочитам како се вика. А инаку задоволна сум од маскарата на Мејбилајн па планирам во скоро време да си ја земам виолетовата или таа новата жолта со леопард што е. Едит: Мислам дека е оваа, ако знае некој колку пари е?
Женски ја добив на поклон маскарава и дали е добра ? зашто како сува да е ... или мене така ми изгледат Max Factor Lash Extension Effect Mascara Black
И јас кога ја отоворив истото го помслив, леле колку е сува, ама не е баш така, океј е по некое време се приспособува, што е највашно не ги лепи трепките воопшто. ама искрено позадоволна сум од 2000 калории, подолго трае и подобро навиткува.
Следен пат од таа и јас од таа сакав ама оваа ми ја имаја купено и ко ја видов ми беше жал за парите ама дај боже да биде ти како што кажуваш
Најдов една од Римел мислам дека Extra Super Lash се вика, не е мн скапа, ама па од резултатот сум презадоволна. Најдоброто до сега после маскарата и туш 2 во 1 на Lumene.
Јас имам ваква (уствари заедничка ни е со мајка ми): Убава е маскарата, ама јас што имам едни трепки, долги а тенки.
http://www.ceryx.lt/product_images/n/04 ... 9_zoom.jpg Оваа ја користам подолго време и презадоволна сум до сеа а не е ни скапа ..