Е овие маскари на Голден Роуз и мене ми се допаѓаат, предобри им се, знам ги имам користено.Иначе овие новите им се катастрофа.
За секој ден, првите две, одлични се, особено Loreal А третата ми е најомилената маскара на цел свет Не ја користам секојдневно, само за посебни прилики и за излегување
^ Потпишувам дека трепките ги прави до степен на совршеност, ама се разлева. Барем мојата е таква. Ја имам и оваа, и Интенс блек - црната. Иста песна е, а не беа такви, ми беа омилени маскари. И не сакам да ги сменам за жива глава. Има ли всушност некој трик за да не се разлева маскарата, да фиксирам некако со камена, со бутур?
^ Мене па ич не ми се разлева, едвај ја ваѓам маскарата, си ги испоскубав трепките . Види пробај прсни им малку лак за коса...
Блу, јас би ти ја препорачала оваа: Спојлер Мене повеќе ми се допаѓа од виолетовата, дури повеќе и од обичната жолта што беше. Јас со неколку потези добивам вештачки трепки од маскарава и убава ми е за почеток, не се разлева, па да видиме. Ја зедов 330 од Космо, кај вас по Скопјето немам појма колку се, ама сигурно тука некаде варираат со цената.
Ја користев поодамна оваа маскара ,бев задоволна и повторно си ја зедов истата. Повеќе ми е за секојден и не е скапа (370ден.) во споредба со другите што ги користам ама тие за излегување повеќе си ги чувам.
Можам да кажам дека маскарите на Maybelline се едни од најдобрите. Ја користам оваа , дава добар волумен, не се размачкува и супер е.