Ретко користам маскара. Моментално ја користам оваа. http://rimmel.rimmellondon.com/sites/ri ... shot_0.jpg
Имам користено доста маскари, сакам да ги менувам, многу ретко да купам некоја неколку пати по ред се додека не ги пробав маскарите на Мејбилајн, посебно ми се допаѓа коралната и лилавата со ефект на вештачки трепки, а ништо посебно не ми е 2000 Калории од Макс Фактор, не знам не ми остава некој посебен впечаток (едвај чекам да ја потрошам). Исто така како ок маскара е онаа од Голден Роуз црвената со 3Д ефект и од Авон, мислам Супер Шок се викаше (само како маана и е тоа што мн брзо се суши).
Alverde All in one Се подновив со нова маскара од колекцијата на Алверде на ДМ маркет, маскарата кога ја отворив најпрво го забележав мирисот, прекрасно мириса, на некоја крема, друго четкчката е интересна гледам е иста со некои од маскарите за волумен од други фирми, дава убав волумен, но приметив малку ме пецка, но не ми солзат очите, дали има нешто алкохол или не незнам, но во ред е, важно дава волумен на трепките. Мене ми се допаѓа.
Во последно време ја користам маскарата на Голден роуз и сум презадоволна и од цената 120 ден и од квалитетот. Ја користам таа за виткање трепки и ми ги прави многу убави и големи. Сум ги пробала скоро сите маскари, оваа ми е најомилена.
Се двоумам помеѓу овие две: Која е подобра? Баш прееска гледав и продавачката ми ја препорача вторава,ама сакам и од вас мислења
јас ја земав ова новава на мјбелин со трепки како мачка..морам да кажам дека не е до толку убава за мене.. ги издолшува да,но некако како да ги двои и изгледат ретки,а додека порано ја имав он аобичната од мејбелин и ми беше подобра само да си кажам
Ги користам маскарите од Авон. Велам маскаритЕ, бидејќи секогаш од Авон земам различна. До сега ни една не ме разочарала. Скапички се ама убави се
Јас ја имам првата ја зедов набрзина беше многу сува, а инаку убави се четките. првата ги издолжува, а втората им дава солиден волумен.
ја користев маскарата на Maybelline Falsies и на Bourjois elastic но и од двете се разочарав исто како на авон маскарите,скоро сите ѓи пробав и на крај се разочарав како од секој производ што сум го порачала од авон,на крај ја купив најобичната маскара од golden rose од 80 ден и се изненадив колку добро ми ги прави трепките издолжени и густи..
После долгогодишно ку*опецање со скапи маскари од типот на Диор и Ланком, прејдов на оваа маскара и сум премногу задоволна. Не лепи, ги одделува трепките, ги продолжува односно создава таков ефект и што е најбитно, изгледаат прекрасно, како лепеза а сепак впечатливо. И така, фина промена, за помалку пари овој пат
Е има ли некој пробано ? И дали сте задоволни ? http://www.femina.hr/images/articles/im ... velika.jpg