Мојата маскара која моментално ја користам е при крај. И срце ме боли, зашто ја нема повеќе во каталогот на Орифлејм, ама ќе си го зачувам јас четчето. А онаа другата што си ја чувам како резерва ми е сомничава, зашто сигурна сум дека е сменета формулата, па не беше таква, сега ми се разлева и тоа прилично многу за кратко време. Е сега, после бројните прелистувања на странициве, а богами и тоа што козметиката на Есенс ми е при срце последниве 2-3 месеци, решив да ја купам оваа. Се надевам ќе ја има, зашто маскарава има сè што им треба на моиве трепки - волумен и виткање. Иако ми се добри на должина, светли ми се многу и сè паѓа во вода без маскара.
Искрено најубаво е ако ти одговарала Golden Rose да продолжиш да си ја користиш ем е ефтина ем е убава јас ја користев долго време.Од искуство секогаш кога сум сакала да експериментирам сум се враќала на стариот производ што ми одгова..сега користам исти производи со години и не добивам фикс идеи да ги менувам.
Мене ми се допаѓа,пробај ќе видиш не е многу скапа,би ти ја препорачала повеќе супершок ако се одлучиш за маскарите на авон,сепак не е лоша баш ми се допаѓа,ама водоотпорната колекција на супершок маскарата е поубава...
Се двоумам која од ове 2 да ја земам па сакав да слушнам и ваше искуство...Која од нив е подобра???multi action smokey eyes mascara или 2 in 1 volume mascara ?
Девојкиии ве молам за помош маскарата ми е при крај . пишете која е подобра бидејки уште 2-3 дена и после маскара - аш
Јас ги користам оваа на Голден Роуз и сум супер задоволна. Дава прекрасен волумен. Исто и на Авон оваа по грешка ми ја нарачале па си ја зедов и не е лоша, ги издолжува трепките многу.
Јас имам ваква,има 2 четки(look 1 & look 2).Првата е за издолжување и мало волуменизирање,а втората на издолжување,задебелување и макси волумен.Презадоволна сум. Исто имам и ваква(како третата)-thickening mascara.И од оваа сум презадоволна
Ми требаше нова маскара, ама искрено не ми се даваа пари. Бев во ДМ и случајно ја видов оваа на Алверде (таа во средина) Си ја земав и да ви кажам не е лоша за 155 денари. Не дава некој огромен волумен ама убаво ги разделува трепките и ги издолжува. Исто така да напоменам дека не е водоотпорна. Јас носам леќи и некои маскари знаат да ми прават иритации ама не и оваа. Плус многу фино мириса (за разлика од други маскари)
Да и јас земав маскара на Алверде за прв пат и тоа оваа, и најпрво мирисот го приметив, како на крема, мене малку ме пецкаа очите кога почнав да ја користам но не ми солзеа како кај некои маскари, сега не ме ни пецка, ама дава убав ефект, маскарата е за виткање, волумен и издолжување, задоволна сум од ефектот кој го дава, инаку ме чинеше 175 денари.
[quote=" [/quote] И јас ја користам убава е ама кога имам од неа на оЧи и мијам лице ко сум и на Авон Shock маскарата ја користам задоволна сум од неа