Јас имам проблем со трепките, дека ми се прави и остри и тешко се виткаат, ама маскарава колку-толку ми ги подвиткува. Четкичката е голема, па претпоставувам дека и тоа има удел. Не сум којзнае колку задоволна, ама за за тие пари си ја врши работата.
Денеска ги видов новите маскари на голден роус ги има некој пробано ( цената мислам дека беше околу 110ден)
Ја купив денес розевата/лила,таа во средина што е.Убава е не е лоша и не се разликува нешто многу од поскапите маскари.Цената и е многу солидна 120 ден. Јас имам долги трепки и немам потреба од некои екстра волумен маскари,ама оваа е доста фина.Пластичната четкичка убаво нанесува на трепките и не ги лепи.
Вчера ја земав и јас лилавата, онака за проба да видам какви се.. најнајпријатно изненадена.. продавачката ми ја препорача дека била убава и навистина е така.. за таа цена од 120 и те како вреди и врши работа најтопло ја препорачувам
Овие маскари на Голден Роус мнооооооогу ме потсетуваат на Мејбилин маскарите, малку ги копирале дезените и дизајните на пакувањата нели? Баш ме интересира дали вреди да се пробаат, а не се скапи така да нема многу што да се изгуби нели? Јас имам долги трепки ама светли па доста користам маскара, досега сум верен обожавател на Мејбилин Колосалот, жолтата, ама баш ќе ги пробам овие. Мислам дека вреди да се проба
Било која од овие, ма да јас сум за таа во средина. Неодамна прочитав за неа на форумов, па ја пробав и од другарка - одлична ми беше, ама штета што не ја најдов тука кај нас низ локалниве парфимерии. Ќе си пукнам од мака.
јас ја користам моментално оваа имам приметено дека истата ваква портокалова многу брзо се суши а оваа дека ми е нова незнам но сакам и од виолетовата ваква да пробам а што се однесува до оваа жолтата што си ја имам добра си е врши работа сега за сега па ќе видиме понатаму
Ако мислиш за препорака, јас ја имав претходно. Одлично ги обликува трепките. Мене ми беше подарок донесен од Америка и заради тоа не можам да ти помогнам каде можеш да ја најдеш. Ама веројатно ги има во поголемите парфимерии и продавници за декоративна козметика.