Сега ја користам оваа, ептен ми е погодена, бидејки имам долги трепки ми дава убав волумен и исто ги издолжува
Моментално ја имам оваа, мајка ми ми ја даде и онака просек ми е, најобична маскара, мене не ми се допаѓа нешто. Сега за сега, најубави маскари ми се оние на Мејбилајн и црвената на Голден Роуз.
Девојки има ли некоја искуство со некоја од овие маскари? Ги видов пред некој ден во парфимерија,па се заљубив до излгедов
има разлика во квалитет помеѓу овие или само паковката е различна? и која е подобра жолтата или виолетовата?
Jас да си прашам, освен tinkerbelll кој друг ги има пробано маскариве: И каков ефект има таа што сте ја пробале?
и двете се прекрасни,првата мене ми ги издолжуваше но не ми ги згусти,повеќе должина отколку густина,втората е мојот фаворит ми ги правеше како вештачки трепки да имам..
Јас ја имам розевата (лилјакова), и знаеш како можам да кажам дека е една од најубавите маскари што ги имам користено. Ја пробав кај другарка и maybelline жолтата, доста време се двоумев дали да ја купам, и ок е не викам не, ама во меѓувреме ја добив оваа на поклон и какво купување на маскара...Премногу, премногу сум задоволна, како ги чешла трепките, кој волумен го дава, а она што најмногу ми се допага е коа ја вадиш од кутивчето четката нема на нејзе еден тон маскара, па да морам да вракам дел внатре, туку си има сосем доволно за едно ставање. Со два слоја од оваа маскара имам расчешлани, со доста волумен, и долги трепки( бидејки едната страна од четката има ситни влакненца, па ги фака и најмалите трепки). Дефинитифно ти ја препорачувам да ја купиш, мене ми е продукт на месецот( сега ќе ја ставам во соодветната категорија). Мене единствен недостаток е што тешко ми се мие( не е водоотпорна), ама со памукче и вазелин решен проблем). Заборавив да напоменам, дека за оние што имаат многу светли трепки како моите, маскарава и за тоа нуди решение, бидејќи е ultra black.
Задоволна сум од маскарава ја зедов некаде 100-120 денари не сум сигурна колку беше точно. Ама сега сакам да пробам некоја друга или од Maybelline или од Essence
Хаха истава јас имам сега, убава е така ко за природен изглед ја зедов 100 денари. Иначе користам Орифлеим Бјути Интенсе многу убава маскара за должина и волумен, цената е некаде околу 199-249 денари ако е на попуст може и од 150 да е. Прекрасна е и незаменлива, јас начекав тогаш на попуст па си земав 2
Јас нешто да си се пожалам од маскарава која беше ептен прекрасна, даваше должина и волумен на трепките...ма совршена беше за моите минијатурни, светли и никакви трепки. Кога ја купив повторно не ми е истата маскара, воопшто не дава волумен, а нели е ултра волумен x4. Има некој вакво искуство, дали ја смениле формулата или што е работава? Ме интересира дали некоја од овие новите маскари ги издолжува и згуснува ама онака убаво да ги згусне трепките да се добие ефект како кујзнае колку бујни и долги трепки да имам. Вагда ме сфативте.
^ Иста ситуација беше и со мојата маскара, плус се исуши за неполн месец, а и ужасно ми се разлеваше. Се откажав од маскарава дефинитивно и се вратив на Мејбилин жолтата. Овие новите, ги немам пробано, кај нас не знам ниту дали ги имаат донесено ... А искрено, ниту една четкичка не ми фаќа око. Можеби би ја пробала жолтата, зашто некако најдебело четкиче ко да има; веќе имав маскара со слична четкичка како виолетовата, ама не бев заводолна затоа што ко да ми ги ретчеше трепките и изгледаа уште погадно, затоа вакви четкички со кратко-долги влакненца, ноу уеј.
Денес ја земав таа во средина и не е виолетова туку е циклама. Не знам бре луѓе да ја ставам, а и која и да ја ставам маскара не ми прави огромни промени затоа што трепките ми паѓаат иако ги виткам со виткач. (ако некој има испробано добра маскара која ги витка трепките ве молам инфо). Оваа маскара не е лоша, ги расчешлува убаво, ама не се поизразени, значи не црни убаво. Девојката што работи во Голден Роуз во ГТЦ ја прашав што има на трепките зошто и беа преубави и ми кажа дека користи од истава фирма една само што е x12 и е 390 денари. Ама па за тие пари можам да си земам некоја од овие подобриве фирми, м?
Ја користам оваа маскара од Авон и сум презадоволна. Цената некаде на средина, не е многу скапа, ама не е и евтина. Резултати одлични, барем кај мене.
^ Марама за трепките да не ти паѓаат мачкај ги со рицинусово масло или од таа смесата што е комбинација на повеќе масла, вазелин и алое вера. Јас ја користам веќе неколку месеци Bourjois Clubbing Mascara и сум презадоволна, баш црн и драматичен изглед. Немам намера да ја менувам во скоро време, до сега најдобрата што сум ја купила.
Ако мислеше на паѓање како губење на трепки не такво ама не стојат нагоре виткани. Одма се спуштаат и како стреа се а и такви прави, не навиткани ми пречат на очилата, грепкаат Колку парички е твојава?
Спојлер Да на такакво паѓање мислев Штом ти се долги и цврсти до некаде логично е да паѓаат, али и моите грепкаат по очилата, па што? Кога нанесуваш маскара прво ставај одозгора и виткај ги нанадвор со четчето, па после од долу односно од внатрешна страна. Јас сум приметила мене така поубаво ми се креваат и поцврсто стојат ма да моите мислам дека се помеки влакна. Пробај ако не пред спиење да ги мачкаш само со вазелин, тоа би требало да ти ги омекни. Инаку маскарава не сум баш сигурна ама мислам дека околу 400 денари беше.
Девојки јас имам проблем со размачкување на маскарата горе каде што ми се допираат трепките за капаците ми се прават црни цртички од маскарата сум пробала и водоотпорни и пак истото се случува.. Некоја да ми препорачате што не се размачкува?