Јас пред месец дена ја купив жолтата, и искрено сум презадоволна. Колку што ја разбрав продавачката, ми кажа дека овие маскари би требало да представуваат некоја имитација на маскарите на Мејбилин. Цената е навистина одлична, јас ја купив 120 (или 150, не сум сигурна точно) и за тие пари е супер. Убаво ги издолжува и ги дефинира трепките
хаха и јас ја прашав за истото продавачката ама препреубави и беа трепките, истата маскара ми ја кажа и мене (ама може и природно и се убави) јас ја имам средната исто, мене ми е баш ок, убаво некако ги чешла и ги прави подебели (а мене ми се светли, тенки) и не се сложувам баш дека не црни, баш убава црна боја остава.. значи во несесер имам Голден роуз и Макс фактор маскари и смешно, ама оваа ја користам сепак Мејбилајн ми се фаворит, нумеро уно А иначе почекај некој ден, кога ќе се засуши малку тогаш најубави ги прави трепките
Ја користам маскарата од авон бидејки ми одговара и цената и квалитетот. Spectra Lash - 1,2,3 во 3 чекори ама трепките ги прави неодоливи - 299 ден е, паѓа и на попуст, а може да си ја земеш и по набавна цена. Феноменална е, според мене
Ја имам оваа маскара и навистина е прекрасна, но при крај ми е Сега сакам да ја пробам оваа во средината што е .. ми изгледа супер .. се надевам дека нема да зажалам. Ќе си ја купам
Еве безработник што прави Ги споредував на Голден Роуз двеве маскари: Виолетовата, И оваа водоотпорната, сликата не е баш од таа ама ме мрзеше сега да барам, сепак исто изгледаат. На десното око имам од виолетовата, на левото од водоотпорната. На првата слика ми се природни трепките, на втората се само со виткач навиткани, можете на првата да забележите дека се многу прави. На третата слика имам по еден слој од маскарите. На четвртата можете да забележите дека виолетовата убаво ги расчешлува, најверојатно малку ги издолжува, а водоотпорната ги бои повеќе. Извинете што сум замачкана ама ме мрзеше да се бришам На 5. слика имам 2 слоја од маскарата, а на 6. 3 слоја. Секогаш кога ставам повеќе слоја, а тоа е ретко, обично поминувам со еден слој, чекам да се засушат, па ги виткам пак. Седмата слика е крајниот резултат. Е сега, повеќе сум задоволна од водоотпорната, не ги расчешлува убаво, но стојат цврсти, убаво ги црни. Многу ми е важно што со еден слој ги прави убави трепките зошто најчесто се шминкам за неполни 5 минути Виолетовата ги расчешлува убаво, но ми ги исправува, не сум задоволна од тоа како ги црни. Не ја препорачувам виолетовата, се задржувам на водоотпорнава дур не ми се даваат парички за поубава.
Баш планирав да ја земам обичната маскара на Golden Rose, добро што отворив да видам дека сте се разочарале. Која од овие две е подобра, и цена ако може???
Според мене црвената, има како гумено-пластична четка, ги чешла трепките и убав ефект дава.., сум ги пробала и двете ама розевата не ми е баш нешто.. мислам до 150 ден. максимум е
Според мене првата Класик,премногу сум задоволна од таа маскара,моментално ја користам.И другата не е лоша али сепак јас мислам првата.А за цена двете се околу 150 тина денари зависи каде ке ја купиш.
480 e убава маскара но јас би ти ја препорачала оваа, за стварно добар волумен, и гламурозен изглед Немаш појма какви ми ги направи трепките, никогаш не ми биле поубави 390 денари е . Мислин е всушност под гранка на Ардеко
anastasijaki, можеш ли да ми кажеш поточно како се вика маскарава, т.е. што пишува на неа? Не можам да прочитам убаво, мала е сликичката, а ми треба нова маскара, па сакам да ја пробам оваа. Ги забележав производиве на Мислин уште пред некое време и ми фатија око. А не знаев дека се на Артдеко, ако е така, тогаш нема сомнеж дека стварно се добри
сум пробала многу маскари до сега и од орифлем и од авон па посебно од џордани ич не бев задоволна за разлика на парите кои ги дадов за неа последно ја земав на голден росе и многу ме бендиса црна е со златно капаче мнгу евтина и доста добра им дава на трепките густина и должина и што ми беше многу битно не ги лепи трепките што многу ме нервира кога ке ми се залепат.
Девојки,да ве прашам,користите ли некаков третман за издолжувајне и за да им дадете волумен на трепките?Поточно,постои ли,која цена е,каде го има?Благодарам однапред.