Знае ли некој колку чини маскарава? Ја добив на поклон,ептен ми е погодена,а ми се потроши. Па се спремам деновиве да си купам.
И после неколку користења морам да кажам негативна критика,а тоа е бргу се суши и нешто што најмногу мразам од што е сува на трепките на образите паѓа како прашинка црна Мојата најубава маскара што ја имам користено и што немам намера да ја сменам VOLUME MILLION LASHES Ефект на вештачки трепки,долготрајна,не лепи,не е премногу течна ни па густа.Совршена е!
Ја користам оваа во последно време , и задоволна сум сега за сега, дава добар ефект и не се рони, ми трае неколку месеци, а речиси секојдневно ставам
Ај препорачајте ми некоја поефтинка маскара а да е добра, повеќе ми треба за волумен, ама нема врска, само да не се рони и да не ми ги лепи трепките.
Блу, јас сум задоволна од Есенс. Чекирај ги сите нивни маскари по ред низ парфимерии или ДМ и одбери си некоја. Дали беа 160, 180 - ич не се сеќавам, зашто не ја зедов мојата од таму, ами од кај нас. А нема да те фатат повеќе од 200 денари, не би требало. Солидни се, не се сушат толку брзо како Голден Роуз на пример. Јас ја зедов оваа со извртеното четкиче. Обавезно ставам 2, 3 па дури понекогаш и повеќе слоеви - зависна сум од лепеза трепки, што да правам и само пофални зборови имам. Било која од линијава да ја земеш, ќе ти биде океј. Има и една црна, мислам дека ќе да е солидна - следна ми е на листа.
Моментално ја имам оваа, ептен ми прави мерак и ќе ја купувам пак. Многу убав волумен дава и четкичката е прекрасна.
Ги нема никаде овие со извиткана четка на Есенс, ги утепав од барање.. не знам што е работава и затоа сега од ДМ си ја купив од Мејбилајн Колосал па ќе видиме како ќе се покаже..
Eпа јас мојава ја зедов пред два месеци од ДМ, тогаш само што беа пристигнале и ги имаа на лагер. Есенс за брзо време вадат нови колекции и ги повлекуваат старите, затоа можеби и ги немаат повеќе. А Мејбилин жолтата е повеќе од одлична. Моментално и јас ја користам.
Прво да и оддадам почит на маскарата што ја дотрошив 2000 calorie - Max Factor. Ја купив нешто пред 8ми март, значи цели шест месеци одлично си ја вршеше работата. Маскара за сите времиња, чиста класика. Околу новата решив да биде максимално ефтина со ефект на скапа маскара. Прочитав многу рецензии и одлуката падна на Essence-I love extreme. Чини 200 денари и е најефтината маскара која некогаш сум ја користела. Прво, тешко се навикнувам на четкичката - преголема е, тешко се фаќаат ситните трепки, па затоа нив ги средувам со старата маскара. Патем, сабајле око ќе си истерав. Но, тоа е моја грешка, ја видов четката, но ај да се надевав ќе се навикнам со време. Трепките не изгледаат лошо - убава црна боја, ги издолжува и дава задоволувачки волумен. Се тоа е добро, но не ми се допаќа тоа што дава некоја тежина на трепките. Освен тоа се рони и цело време имам чувство како да имам нешто во очите, а после работа под очите имам доста сронети ситни честички. Па ај да кажам, за парите е добра. Но, не по цена да ми ги иритира очите со ронењето. Во прва прилика ќе ја сменам и никогаш повеќе.
Да, ја ставам еве 2-3 дена.. Мејбилајн Колосал Кет Ајс ( ајде еве кирилица инглиш) навистина е супер.. сакам кога од едно ставање маскарата ќе покаже некаков ефект, а тоа можам да го кажам за Мејбилајн маскарите (имам пробано 3-4) моментално се на попуст во ДМ 279 ден, жолтите - Колосал линијата. Претходно ја купив од Алверде, ајде викам да пробам.. за волумен, ама не знам што е работава.. или јас не знам да ставам маскара со толку голема четка, кај се правев лом па и печат очи кога ја ставаш во прв момент, така да заврши во други раце А за новите маскари од Голден Роуз, добри се и четките и ефектот, ама негативно е што брзо се сушат.. така да подобро ќе дадам 300 и нешто за мејбилајн (ама те тера 2-3 мес), а и често ги има на промоција со нешто друго (сенка, креон, сјај за усни) отколку 150 за Голден Роуз и за 2-3 недели сува барут...
SuperSHOK ( црната ) Најубавата маскара што икад ја иам сретнато и ептен сум задоволна од неа, ви ја препоручуем...
Ја користам веќе три месеци и презадоволна сум,најважно од се ми е што не ми прави иритација и црвенило.
ја купив најновата на менхетн дебела розева(ме мрзи да барам слика)од космо 390 денари и да ви кажам право катастрофа е-барем кај мене,а јас имам убавки трепки и нити ми ги згуснува нити ништо..подобро од 100ден да купев..а ми ја исфалија леле мајко! пред тоа имав римел и многу поубава беше..реков ке си ја користам редовно ама пуста желба да пробам ново..ум за друг пат! а кога се работи за "маскариште" макс фактор е на врвот!