дефинитивно најубавата маскара што ја имам користено некогаш. а уште поубава е кога се користи во комбинација на пудрата за трепки
Ако може да ми препорачате некоја маскара за извиткување,имам долги трепки ама прави,и дури избегнувам да користам маскара,затоа што погрдо ми изгледа со маскара отколку без неа,само од жолтата на мејбелин сум задоволна колку толку,значи да извиткување ми треба,фала ви однапред
Јас ја имам користено оваа маскара и презадоволна сум. За разлика од другите маскари,оваа кога ќе ја ставев од сабајле до вечер ми траеше и преубави ми ги правеше трепките,густи и долги.
^^Не знам кај нас која цена е, јас од фришоп го земав 2 (римела) + 1 моливче за очи. Не ме фаќај за збор али мислам околу 20еур ги земав, живо џабе.
Маца, јас сум задоволна од оваа маскара. Фино ми ги распоредува трепките и содржината од маскарата по нив. И СуперШок ми е супер. Од оние од Колор Тренд на Авон не сум задоволна воопшто. Ти се чини се шлакаш со лепило за паркет.
http://3.bp.blogspot.com/-meRsEbIpdrc/T ... ery+me.jpg оваа ја користам,користев и многу скапи,секакви пробав и не најдив некоја најдобра,сега за сега оваа е добра! -200 денари ја земав
Која е подобра, Гош или Мејбилајн? Прашувам како бренд, затоа што со цените ми се тука негде и двете, а многу мало искуство имам со нив. Оваа Гош ја пробав и навистина со два потега имав лепези, ама Мејбилајн ги меркам од мнооогу одамна и стварно сум во дилема. Сакам да имам густи, тешки трепки, секако ми се долги и не ми е тоа нешто проблем. Значи само волумен, должина не е битно да прави. Отворена сум и за други предлози, до кај 350-400 денари. Инвестирам во квалитетна маскара (мајка части ).
И Гош и Мејбилин се супер, еве јас моментално се навлеков на Мејбилин - ги имам Колосал 100% блек и онаа новата кет ајс, која уште ја немам пробано, а со два слоја од Колосалот добивам супер лепеза трепки. Гош немам користено, ама Мејбилин дефинитивно ги препорачувам. Нема да биде лошо да си пробаш од тестерче и од двете кои ти фатиле око, па да споредиш. Во секој случај немаш утка.
И тие и тие се добри, трајни, не се сушат брзо... ги имам користено од Мејбилајн лилавата и е екстра нешто, со еден потег прави супер трепки, има извиткана четка и остава стварно екстра црна боја (верувам дека оваа ќе ти е најпогодена, само пази има две лилави едната е екстра блек другата е обична) И неколку пати ја купувам оне бај оне и е исто така многу добра, јас посебно ја сакам бидејќи има четка како гумена со ситни влакненца, и лесно се става а во моментот ја користам Колосал Кет ајс, добра е и оваа,но сепак овие горе двете ми се подобри ( малку како да ги слепува трепките, па морам со друга четка да ги раздвојувам) Што се однесува до Гош ја користев оваа (и тоа на 2-3 пати ја купував, што е реткост кај мене) : и се покажа многу добра, убави ги прави трепките ептен, ги раздвојува и им дава убав волумен, а моите се баш некако кутри, светли.. Која и да ја земеш нема да згрешиш , сепак јас гласам за првата
Е баш јас оваа на Гош ја пробав, црната со црвено капаче... ама ме замисливте сега и двете. Фала ви, ќе пишам што сум одбрала. Многу тешко е човек пак да купи од Авон таа Супершок кога и таа е 250 денари, овие се само 100 денари плус, а не може ни на малото прсте да им се фане.
И не ни вреди да ја купиш Дузи, се суши уште во текот на првиот месец, за Гош не знам - сигурно траат повеќе месеци, сепак звучно име ми е фирмава и нешто не ми дозволува да се сомневам во нивниот квалитет, а конкретно еве мојава Мејбилин 100% блек си нема гајле, ми трае уште од јули и уште е како првиот ден кога ја купив. :up: Сега ме загрижи малку постот над мене за Кет ајс, ама се надевам нема да биде лоша. Искрено, не сум фан на таквите извиткани четкички, повеќе ми се по мерак оние подебелите, баш како кај Колосалот - таквите даваат поголем волумен, а оние четкички како кука (извиткани, какви и да се) ги виткаат трепките.
Не дека е лоша маскарата, далеку од тоа,, јас само ја споредив со другиве две сепак има разлика и од трепки до трепки (како што пишав моиве се тенки, светли, ретки и затоа ) а кај некој со погусти супер ќе му биде а за супер шокот, маскарата за ефект давање е стварно многу добра, ама сушењево... за месец дена..