Жене, ја купив лилјаковата од Мејбилајн. Сега вака трепкам рекреативно низ животов. Само ставив пробно на едно око, и ми ги издолжи трепките до ехехеее, до многу! Ја купив оваа со чипкава нели, само сакам да се научам повеќе да ја ,,тапкам,, оти секако немам мали трепки, и колку повеќе влечам нагоре, се погоре и погоре ми стасуваа трепките, до веѓите ми допреа. Сега споредбено, Гош дава повеќе дебелина, Мејбилајн повеќе должина. Мада што помераклиски бев настроена за деееебели трепки, оваа е далеку од лоша и ми се бендисува, ќе се шлапкам долги месеци, така ми стои. Дефинитивно ќе инвестирам во квалитетни маскари од сега па натаму. Кога ја отворив оваа сфатив всушност колку ми се исушила таа од Авон. Да не бидам антиреклама, значи парфемите им се океј, карминчињата, коректорот за лице, да... Ама маскара за 280 и нагоре, веќе од таму не. Не вреди едноставно, за уште 100 денари плус имате мнооооогу подобри.
отидов во Космо во сити мол да си ја купам омилената маскара на Гош, но кога ја видов цената свест ми се заврте. Од кај и да сум ја купувала била 350-380 денари, а таму беше 480 Не ми се даваа толку пари па решив да земам некоја поевтина. На штандот на Менхетн имаше акција, доколку купиш маскара добиваш подарок кармин или сенка. Што да не? Си ја земав оваа маскара MANHATTAN Eyemazing Volume Mascara и можам да ја пофалам. Не е скапа 255 ден е, а плус имаше и подарок кармин Како и да е, и оваа маскара на Менхетен може да влезе во омилените маскари.
За маскара оваа би ти ја препорачала а кармини има повеќе . Ако ти треба некоја информација пиши ми лп, јас сум член.
Вчера ја купив ,по долго двоумење пак се вратив на Лореал само подруга варијанта .Ќе видиме како ке се покаже четката ме привлече како и постојаноста
Вака, јас имам од старата маска во циклама пакување од Мејбилајн: Волумен... Ме интересира дали има голема разлика од таа маскара до новава: Волумен Експрес? Иначе од старата сум задоволна. Поубава ми беше од Макс Фактор за споредба. И оставаше многу црно. Малку тешко ми беше за нанесување...
Прочитав дека засушена маскара се спасува со ставање на тубата во сад со топла вода. После пар минути омекнува внатре и може пак да се користи. Не сум пробала, ама ќе пробам. Пробајте па кажете дали е ефикасно.
^ Јас зимото ја ставав на парно и има ефект. За топла вода не сум пробала, веројатно истото се добива.
Дечки ја има пробано некој оваа маскара? L´Oréal Paris Voluminous Ја има тука на промоција, за смешна цена во споредба со нормалната, па се мислам.
Јас одсекогаш сум ги мислела моиве трепкички за бедни, кратки се и надолу идат.. И искрено немам навика да ставам маскара често..ептен ретко ставав и никогаш го немав посакуваниот изглед. 2-3 маскари сум имала во животов, ете толку ретко ставам маскара.. И додека сите во школо се шетаа со лепези трепки...јас ништо..моите си беа слободни, без грам маскара Или погрешни маскари користев, или незнаев да ги ставам, или едноставно не им било судено на лепотициве... Сега одлучив пак да им дадам шанса (можда година дена немам ставено маскара...сериозно..на раце се брои колку пати сум ставила годинава), и целев кон поскапиве маскари демек за поарно...овие од ланком ги меркав долго..јес да се скапи али стварно никој се нема пожалено од нив.. али си викам, со такво негативно искуство со моиве трепавици, да купам ланком да фрлам две илјадарки и да се разочарам на крај.... а бев решена само што не бев купила... И почнав да листам низ темава....гледам многу често ја зборевте и доста пофалби читам за оваа на есенс Ја купив, 175 ден чинам беше.. и уаууууууу лепеза чоече Едно поминување и ми ги качи до веѓи, морав да ги спуштам после а мене жива маскара не ми ги качуваше трепките... Супер маскара, ја препорачувам, башка што е преефтина, а одлично ги витка и ги крева трепките нагоре. Единствена мана е што не дава волумен, не ги "здебелува", туку само ги витка и крева, но сепак ми се допаѓа како изгледа, прекрасна е.. А јас ќе купував од 2000....има време и за таква
:up: Прекрасна е. Со едната страна на четката се добива волумен и должина а со другата се извиткуваат трепките и се добива некако уште поголем волумен. Ја земав затоа шо продавачката ми ја препорача дека многу е убава и многу се продава,не беше скапа и викам ајде,зошто да не И стварно-ефект wow И шо ми се допаѓа дека имаш избор-ако ти е за прошетка дента-само со едната страна на четката,сакаш поголем волумен за вечерно излегување-поголеми трепки минеш со двете страни на четката Абе чудо од четка
Girl, точно е тоа, јас го практикував некое време со старите маскари кои ептен ми беа при срце и не сакав да ги фрлам за жива глава. Ама, ми кажаа дека оваа постапка не смеело да се повторува повеќе пати - не знам од кои причини и ептен ме интересира. Можеби има врска со составот на течноста, не знам, не сум запознаена со тоа, ама многу ме интересира.
Mоментално ја имам Sexy Curves на Pимел,но не ми се допага многу,не нанесува рамномерно секаде четкичката и ме нервира A кога ке дојде време да ја вадам Eдвај се вади треба да се отепаш од триење за да ја извадиш и другиот ден уште е тука. A пред тоа ја имав фалсе лаш ефект на Mакс фактор,абе стопати ја имам пофалено и пак ке ја испофалам,значи најдобра маскара ми е A и лесно се вади,а не како оваа
Да ве прашам, знам дека двете се за волумен, али која е боља? L'oreal collagen или Maybelline colossal