Јас ја купив Max Factor 24FalsheLash Effect 24 и одлична е,многу сум задоволна.Многу убаво ги прави трепките :up:
Јас ја земав оваа Max Factor 24 False Lash Effect.Супер е само ме нервира што мнооооооогу тешко се брише.Трепките си ги откорнав И во почетокот ми беше премногу течна ама после неколку ставања е добра
Мене Голден Роус ми е најдобра,но моментално користам една од Авон и не сум нешто задоволна.Кога ќе ја истрошам веднаш ќе земам од Голден Роус
Macushkaa јас ја користам маскарата на SHE jumbo volume ,солидна е а и цената и е прифатлива 250-60 ден ...
Оваа ми е најнова и сум презадоволна! И од цена и од ефект! Со четката се нанесува рамномерно буквално на секоја трепка и дава прекрасен волумен. Реално, никогаш од било која маскара што сум ја имала не сум ставала повеќе од еден слој, но со оваа некако се навикнав. И морам да кажам дека и после тоа трепките не ми се спојуваат, лепат или прават со грутки.
Маскаро моја најубава!!! Не те менувам за ниедна друга на светов Ја препорачувам маскарава стварно е прејака... Не е баш ефтина ама не е ни прескапа.Ценава се движи од 23 до 25 евра,зависи. Clinique - High Lengths Mascara ете може да ја видите и на сликава. Стварно јас сум презадоволна.
Јас прилично долго време само Loreal Telescopic користам, многу ми ги издолжува трепките, имам измеѓу пробувано и многу друга ама секогаш се враќам на Telescopic-от.
Јас во моментов ја користам RIMEL LONDON маскарата ја добив на поклон од пријателка која ја добила на промоцијата на римел на плоштад.Маскарата мене лично ми се допаѓа бидејќи ми ги издолжува трепките доволно и не ми ги згрутчува.Сум ги користела и маскарите скоро сите на авон и сум задовлна
маскарата на Голден Роуз (таа црната со златно капаче; слика не можам да најдам) воопшто не сум задоволна, се размачкува и четкичката воопшто не ми се допаѓа.
Девојки ај препорачајте ми некоја убава и квалитетна маскара но за густи трепки. Имам природно густи трпк но кратки. Ако наете некоја убава бидејќи повеќето од нив само ми ги прават ко пајаци на очи. И да биди во нормална цена!
Да си се навратам на темава Сфаќам се, и дека скапи маскари се подобри, и поквалитетни, и се тоа, ама јас сум земала и убава поскапа и еве сега оваа на Класикс која дефинитивно се задржа најмногу во моето катче, ама за зависник од маскара и човек кој ја троши за месец дена, не вреди да давам пари повеќе од 200 денари, верувајте не вреди, не е само таа да му се сневиди Значи битно ми е да не ми се слепуваат трепките како залижани, да не ме печат очите(скраја да е) и да не ми се рони по саат време од нанесувањето Е па штом ги има тие карактеристики, ок, нека е и од 20 денари. А завршив работа ако вложувам на секои 30-40 дена по петстотки, дури и по 300 за таа на Мејбилајн И плус четката ја брка поголемата рабта, така да, освен да не предизвикува алергии друго е помалку битно Е сега, пудри и остали ствар ок, се знае, поквалитетна за подобар изглед, а не црнки и флеки да ти се изнаправат, ама е нешто што не го купуваш често па затоа треба подобар избор и селекција, зашто се работи за здравјето на кожата.како и да е,тоа е веќе друга тема значи муабетот ми е, не дека маскарата не е битна, туку дека има избор и на поефтини кои итекако вршат многу добра работа и плус не се штетни
Маскарите се дел од козметиката за кои според мене, а и други како што гледам не вреди да се трошат многу пари, лесно се трошат, брзо им истекува рокот на употреба и не е потребен некој врвен квалитет за прекрасен изглед.. Јас користам маскари од АВОН Супер Шок, Супер Фул, Супер Драма, одлични се, а цените се постојано под 300 денари
bourjois volume glamour max Најнова во моето козметичко катче и можам да кажам, сосема солидна маскара :up: Дава убав волумен, не ги слепува трепките и не се рони. Обично маскарите даваат поубав ефект откако малку ќе се засушат и кога не се веќе толку течни; но оваа, иако ми е на почеток и се’ уште е течна, дава прекрасен ефект и иако очекував да ми ги залепи трепките, не беше така, што искрено пријатно ме изненади За цената, не сум сигурна колку беше бидејќи купував и други работи заедно со неа, но мислам дека беше околу 400 и нешто денари
Пудра, руменило, туш за очи, маскара и лабело се козметички производи кои најмногу ги користам. Порано користев маскара и туш од Golden Rose. Маскарата ме разочара, неколку пати си купив исушена, а тушот сеуште го користам и не го менувам бидејќи експериментирав и подобар не најдов. Ова се маскарите кои наизменично ги користам и сум презадоволна (Поготово од втората):
Ја земав оваа маскара 175 ден. од аптека, и сакам да ве прашам дали некој користи или има користино ваква и дали сте задоволни?