Последна ја земав оваа на Римел, не е лоша, не се прават грутки и не ја осеќам ко многу тешка на трепките.
оваа ја користам, на промоција беше кога отидов за маскара да земам и ми ја пофалија, ја пробав ми се допадна и намалена беше па ја зедов и ептен сум задоволна.
Да ја пофалам маскарата super drama на Авон, не е којзнае што, но е навистина прекрасна, колку што чини. Ги прави трепките со волумен и добро црни.
Презадоволна сум од оваа маскара. За само 99 денари, мене клепките ми се исти како и со оние маскари на Мејбилајн, а тие се над 350 денари. Има две страни на четчето кое е пластично, едната страна е за издолжување, а другата е за уште поголемо издолжување и волумен. Моите кратки клепки станаа долги и густи. Некои феминки се жалеја бидејќи им се сушела за брзо време, но јас го пробав начинот како погоре што е напишано. Засушената маскара ја ставив во врела вода да поседи и омекна Огромно ДА за маскарата на Голден Роуз :up:
Имам убави, густи трепки, ама прави ми се, не ми се свиткани нагоре, а многу ми се допаѓаат така. Имам пробано и со виткачи, и со разни маскари , но само ми се издолжуваат трепките, а не се виткаат. Некоја да ми препорачате? Моментално ја имам на Лореал 4х добра е , но при крај ми е и сакам да сменам .
Презадоволна сум од маскарава, со оглед на тоа што имам никакви трепки прави да имам и + ми ги витка. Чини околу 370 ден.
Сите што ја користите жолтата Мејбилин маскара, можете да си ја купите во Космо, со гратис сенка за очи и сјајче за усни по цена од 370 денари. Спојлер Јас си ја купив, задоволна сум од сенката, сјајчето го поклонив затоа што не ми одговараше нијансата (можев да бирам, ама се одлучив да изберам сенка што ми се допаѓа). Ја купив и сега ми стои за резерва, затоа што се` уште имам од мојата нова омилена, случајно купена додека чекав ред за да платам во маркет- Малена. Цена 110 денари, големо пакување и зачудувачки ефект. Ќе ги сликам трепките кога ќе имам време за да се уверите.
Конечно и јас си ја купив фамозната Colossal на Maybelline. Ми требаше маскара и се мислев која, ама ја начекав понудава од погоре, а и слушав добри критики за Maybelline маскарите па си велам, што да не И задоволна сум! Ги издолжува трепките и со 2-3 слоја го добивам истиот ефект како со многу слоеви од 2-3 маскари претходно. Сепак ги поминав и со Giordani Gold уште еднаш, за екстра волумен Спојлер Збор два за останатите два производи од сетчево погоре - супер сенка и тапа сјајче. Немам користено сенки од Maybelline до сега, си одбрав една зачадено-виолетово-кафеавкаста нијанса и супер стои на crease-от. Сјајот беше праскаст-корален ама воопшто не остава боја, само сјај, многу лепи и лоша четкичка. Ме потсети на сјајчињата што ги користев во основно А тоа можеби и затоа што ретко ставам сјаеви.
Ги меркам долго време и планирам да се почастам една. Која е најефикасна ( за долги густи трепки да изгледаат пребујни ) ?
Јас ја имам портокаловата cat walk ама мислам дека најдобра е розевата city style со две страни на четката за волумен и виткање на трепките.
Каква е разликата помеѓу оваа и жолтата маскара од Мејбилајн? Гледам многу ги фалите овие маскари па си викам и јас да пробам некоја од нив.. Јас оваа ја користам , и не сум баш задоволна за тие пари...
One by one мене ми се допаѓа повеќе бидејки има гумена четка па моите кратки трепки ги прави погусти и подолги инаку минатиот месец ја користев за проба жолтата ми се допаѓа и таа слична е само што овде четката не е гумена туку обична како и да е ги обожавам маскарите на Maybeline....
Јас гласам за розевата,ја имам и трепките се неверојатни- и подолги и погусти ми ги прави мене-баш тоа шо сакаш и ти Мене ми е при крај и пак ќе си земам, не мислам да експериментирам скоро, толку пари сум давала за други и не се биле толку добри, оваа ем не е скапа ем е многу добра.
Ми се потроши жолтата Maybelline Colossal Volume од која бев презадоволна и си викам ај да сменам. Се сеќавам дека од Max Factor 2000 Calorie на времео бев задоволна и ја купив во Космо за 480 денари следнава, која е наводно 2012 верзија на претходната: и да ви кажам дека ВРСКА НЕМА со претходната верзија на маскарава која беше во тегет тубичка со златни букви. Четкава ми дава чудна форма, ми ги лепи трепките и нема корегирање т.е. ако се обидам да ставам втор слој, се упропастувам и мора да интервенитам со прсти. Единствен позитивен момент е што не се размачкува и лесно се вади навечер. Never again own: