Маскара

Дискусија во 'Лице' започната од soledad, 21 ноември 2009.

  1. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.821
    Вчера ја купив од Golden Rose Ultra VolumeX4 маскарата (поттикната од форумов :) ) и за тие пари подобра маскара-нема. Чини само 120 ден. и искрено се изненадив утринава кога ја пробав. Оваа е:

    [​IMG]
     
  2. Cinderella11

    Cinderella11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    51
    Oriflame very me mascara (најдобра е) ;)
     

    Прикачени фајлови:

  3. AnjaLazanja

    AnjaLazanja Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    34
    Сега за сега фаворит :) и пристапна цена :)
     

    Прикачени фајлови:

  4. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.383
    Допаѓања:
    2.653
    Добра е маскарава? :)

    [​IMG]
     
  5. Primrose.x

    Primrose.x Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    91
    Една од најубавите маскари кои ги имам користено :) Дава волумен и истовремено ги издолжува трепките , плус изгледа многу природно. Не е ни многу скапа, околу 400 ден. Препорачувам :)
     

    Прикачени фајлови:

  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Шанче,а оваа е као демек замена за неа,или ја има и тегетот и ова?
    Мене ми е омилена маскара нема подобра за моиве трепки од 2000 калории теготот.
    Само ако ја уништиле, и ја нема плавата :@
     
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.895
    Допаѓања:
    107.985
    Пол:
    Женски
    Мене општо ме интересира за маскарите на Буржоа , дали се добри , даваат ли волумен?
     
  8. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Маскарите на Буржуа се стварно добри.Четките им се стварно големи и даваат екстра волумен,мене некако дури и од лореалот подобри ми се. Е сега нешто што приметив е дека ептен брзо се трошат,мислам дека и други се имаат пожалано на тоа.
     
  9. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    И јас ја користам оваа.Супер е,а и не е скапа :)
     
  10. PinkPrincess

    PinkPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    121
    Ја користев оваа и сум презадоволна [​IMG]

    А сега ја користам оваа [​IMG] и исто и од оваа сум презадоволна.
     
  11. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Супер ми се погоди новата жолта маскара од Голден Роуз :)
    [​IMG]
    И погусти и поиздолжени ги прави трепките, таман е густа, ни течна ни сува, трае, не се размачкува и има убава четка :) Е колку ќе ми трае башка работа е :D Цена од 130 денари, совршено :D
     
  12. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Оваа 2000 калории беше закон:


    А новите 2012 верзии се следните:


    Претходната (тегет паковање) ја нема повеќе :( инаку од новиве, ја купив таа во средина Dramatic Volume со златни букви и како што пишав воопшто не сум задоволна.
     

    Прикачени фајлови:

    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.383
    Допаѓања:
    2.653

    Од новиве верзии јас ја имам првата и стварно сум презадоволна.Ми ги витка трепките и им дава убав волумен.Сега уште неотворена ми стои таа што е во средина па кога ќе ја отворам ќе ги заменам четките со првава пошто стварно има предобра четкичка :)
     
  14. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    10.927
    ^Цена на овие новите 2000 calorie?
     
  15. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.383
    Допаѓања:
    2.653
    480-500
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.895
    Допаѓања:
    107.985
    Пол:
    Женски
    Јас утре одам да купам маскара , сега се мислам Maybelline или Bourjois ,и за двете прочитав убави коментари. Инаку имам долги и густи трепки а сакам уште повеке да ги истакнам :) Препорачајте ми некоја од овие две
     
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.148
    Допаѓања:
    81.656
    Пол:
    Женски
    Коритсаки, топло ти ги препорачувам жолтите маскари на Мејбилин. :)
    Без разлика дали ќе се одлучиш за обичната colossal, онаа colossal 100% black, или пак cat eyes, сите се добри. Првите две имаат исти четкички, само што втората дава многу поинтензивна црна боја, а третата има такво четче како кука и убаво се нанесува течноста, рамномерно на сите трепки.
    Јас ги имам користено и трите, од трите добивав ефект на лепеза-трепки, презадоволна сум и не би ги менувала за ништо. :wasntme:
    Со маскарите на Боржуа не сум имала искуства, така да, ќе оставам збор на некоја што веќе ги користела.

    А да кажам и збор-два за оваа што ја добив како подарок со карминот на Риммел. :$ :wasntme:
    Станува збор за оваа маскара.
    [​IMG]
    На прв поглед, четчето ми изгледаше пресиромашно, па и мислам дека е пластично и онакво како чешелче, а јас имав едно лошо искуство со таква маскара од Орифлејм и мислев дека и оваа ќе биде таква. Ама, испадна солидна, ко за чудо. :D
    Не очекувајте некој уау ефект, ама со повеќе слоеви и те како ќе добиете лепеза-ефект, само, почекајте да се подзасушат првите два слоја, па нанесете пак.
    За секојдневна шминка и поприроден изглед е супер, мислам дека ќе си ја искористам со мерак. :)
    Е да - не ги слепува трепките, тоа чешелчето пусто, супер си ја врши работата. :D
    И морам да напоменам дека ако сакате поволуменозни трепки - не ја купувајте.
    Одлично издолжува, ама за да добиете некој поголем волумен ќе треба да се помачите малце, објаснив погоре како добив и добар волумен, покрај одличното издолжување.
     
    На crazylady, senza.parole и koritsaki им се допаѓа ова.
  18. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.928
    Дојдов во темава со истата намера како и Мишела :lol: , да го кажам моето мислење за маскарата што ја добив со карминот на Римел .
    Повеќе ги издолжува него ли што им дава волумен, тоа го заклучив и јас.
    Инаку јас немам навика да ставам повеќе слоеви зошто се мислам дека ќе ми изгледаат ко неколку дена да не сум ја избришала маскарата. Ама еве утре ќе пробам :)

    Ја користам и Ultra Black на Боржуа и за неа немам ништо негативно да кажам. Дава волумен и ги издолжува трепките, не ги слепува - четчето е супер. :)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Еве да се умешам и јас неповикана и да кажам некој збор за маскарите на Буржоа :)

    Моментално ја користам оваа
    [​IMG]
    Убава е, ги издолжува трепките многу и дава волумен, односно се добива ефект на лепеза трепки :) Јас сум задоволна и би ја купила пак дефинитивно. Единствена негативна страна е тоа што МНОГУ тешко се вади (не е водоотпорна, да се разбереме). Значи, треба ептен добро триење, а и покрај сето тоа, на крај кога ќе се избришам пак оставам црно на пешкирот (мајка ми ќе ме убие, само фрлам пешкири за перење :lol: )

    Друга маскара од Буржоа што ја имам користено е оваа
    [​IMG]

    Дава убав волумен и должина, исто како првата, арно ама четката е одвратна! Голема е, баш како што и треба да имаат маскарите за волумен, ама е пластична и тврда и додека нанесувам, имам чувство дека ми гребе по трепките :^) Премногу е тврда :^) Значи само тоа не ми се допадна кај маскарава, другото е ок. Лесно се отстранува и не се размачкува и троши на сите страни :)

    А, да, заборавив да кажам и некој збор за маскарите на Мејбелин :) Значи, феноменални се. Мене лично фаворит ми е виолетовата, таа со свиткана четка, ваљда cat eyes се викаше. Одлична е. Ја имам пробано и жолтата, и таа е добра. Море, нема утка со било која Мејбелин маскара, топ се, а и не се скапи ;)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  20. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    10.927
    Јас па не сум ич задоволна од оваа very me на Oriflame.