Денес купив Eveline маскара,195ден.Не е нешто посебно,ама за парите е ок.Пишува дека се француски. За нијанса подобри до Голден Роуз. Eве оваа,за волумен.
Јас во последно време ја користам оваа од Орифлејм и право да ви кажам пријатно ме изненади Со првото четче не се познава многу ама по 1 минута ко ќе ставиш и со второто преубави се прават трепките.
Епа јас обично не критикувам производи, тоа што е добро го споделувам тоа што не ми се допаѓа отпаѓа. Ама сум страшно разочарана од маскарата на Артдеко значи со вода растворена со темперна да ги поминев ќе беа подобри. Значи нека одат да се лечат со тие цени и тој квалитет.
Само што си ја купив и ја пробав . Убава е, убаво ми ги издолжува трепките. Се надевам нема да се исуши како предходната Есенс 175 ден.
Што мислите за маскарава се мислам дали да ја порачам, инаку е на орифлем Не видов на темава мислење за неа ,па споделете го вашето искуство
има финта за овие маскари кога ќе ставиш на памукчето лосион, ќе го подржиш малку на окото, да ја растопи маскарата и после кје избришеш. И обавезно со средство за бришење на долготрајна шминка за очи. Јас го користам ова
Девојки денес купив маскара од Classics 150 ден за волумен,стварно ефектот е како вештачки трепки. Не можам да најдам слика.
Многу долг период користам маскари на Мејбилајн, но зимава многу ми солзат очите и маскарата неможам да ја поднесам, предложете ми некоја до 350 ден. што е за осетливи очи проверена, а дава волумен.
Многу убава маскара. На почетокот не бев задоволна, ама сега по 2-3 пати нанесување, се навикнав. Не ги слепува трепките, убаво ги витка и крева, трае долгооооо, многуууу лесно се вади (не е како другите да се исцрниш лом). Јас ја начекав на попуст со гратис друг производ. И пак би ја нарачала.
Jас менувам маскари и никако не можам да си најдам соодветна некоја за моите очи, а зошто ?? Па не знам ни јас Може сакам да менувам што знам. Оваа ја користев до пред малку маскара на maybelline. А баш вчера реков да сменам нешто и да земам некоја маскара малку поефтинка (бидејќи немав маскара, а и со платичкава прикрај сум ), па си ја зедов оваа и ми изгледа ок, онака добра е.
Јас користам маскара на Голден Росе- Deep Black Volume(90 денари чини) и сум задоволна многу.. Исто така имам маскара безбојна и е нешто фантастично(за цена не знам- ја добив на подарок) Иначе сметам дека најдобра маскара има Лореал, онаа со повеќе јаглен и многу црни и дава моќен изглед на трепките
И јас ја користам истата маскара и јас сум мн.задоволна од истата.Ја препорачувам А и е по солидна цена (набавната мислам и беше 250 ден.во последниот каталог)
Ги користам овие на ингрид козметика и сум презадоволна јас ја имам Deep Black а мајками Long & Volume 230 ден
Јас ја користам оваа од пред 2 недели, одлична е . Четката има две страни (пола-пола), едната е за издолжување а другата за разделување на трепките