Јас земав римел од maybeline жолтата, за зголемен волумен.Ги прави трепките убави, првпат ја користам.
Maybelline Falsies Feather Look Мојата нова маскара.Иако за мене дефинитивно најдобра маскара е Лореал million lashes,ја земав оваа за проба а и плус беше на промоција во Бг Убава е,ми се допаѓа кога ќе нанесам два слоја.Ги издолжува трепките доста,не ги лепи,има убава текстура и убаво се нанесува со четката.Сепак неможам ни да ја споредам со Лореал но,сепак како за поевтина алтернатива,маскарава е доста добра.
Мaybeline маскарите се дефинитивно топ за мене, имам милион претходно купувано и поефтини и поскапи - но овие се петка.
Есте Лаудер е у-жасна маскара, тегет со златно капаче. Катастрофа од маскара, џабе што чини многу пари. После Голден Роуз од која ми паѓаа трепките, ова е втора најлоша, ни во лудило не би ја препорачала. Одлични се на Лореал и Дебора, ама подобро нешто од Ланком хипноуз не се направило сеуште.
Од овие две маскари многу се изненадив,не верував дека од авон и орифлејм ќе ми се погоди маскара за моите инаетливи трепки.И двете се фантастични,на трепките им даваат екстра црна боја,не ги лепат,ги издолжуваат и извиткуваат посебно црвената четка чешелот е супер.А за цена ич да не зборувам,за ефтини пари добар квалитет...за разлика од разочарувачкото искуство со Maybelline Colossal volum express дека е поскапа па цела среќна земам да ја пробам дека фалена и што да видам исто како да немам ставено маскара ни црно ни издолжено ни ништо само името големо па така решив да не се замарам со звучни марки или со тоа дека ако е поскапа ќе е поквалитетна.Сега за сега ќе си ги користам овие две а за понатаму ќе видам со што ќе експериментирам.А дали некој ја има пробано оваа маскара баш ме занима каква е?
Tргнав да ја купам 2000 калорис на Mакс фактор,но ја немаше и се вратив со Mејбилин фолсис драма. Hе ми се допага оригиналната фолсис,но оваа е многу добра :up: Mногу ми се допага четкичката,голема е и убаво се нанесува и не се слепува
Бидејќи ја користам скоро еден месец, можам да направам една кратка рецензија за маскарава. Ај што е за волумен, ама и опаковкава е to die for. Многу ми е слатка. Ефектот кој треба да го постигне - го постигнува. Јас знам да експериментирам со маскари, но заклучокот веќе ми е оформен: оваа маскара е тродупло подобра од таа на Голден Роуз со златното капаче. Таа ми ги слепуваше трепките кои и онака ми се ретки. A можеби веќе и беше време да ја сменам. Оваа ем ми ги издолжува, некогаш и до веѓа па се потресувам како би изгледало тоа од страна , ама и дава одреден волумен. Цената и беше 175 денари во ДМ. Следна на список ми е Мејбилајн колосал експрес, има доволно позитивни критики, веројатно ги заслужува.
Сега си ја зедов Супершок на Авон. Од Колортренд не сум задоволна баш многу. Супер шок има прекрасна четка и дупло ми ги издолужува трепките (иначе имам куси трепки)
Зимава ми се појави проблем, многу ми солзат очите на ладно. Дур стигнам од дома до работа очите ми се лом направени. И затоа барав водоотпорна маскара не многу скапа И ја купив на риммел Extra Super Lash Waterproof во космо е 220 ден. Изненадена сум колку ми се погодена.
Ајде и јас да направам една кратка рецензија за последниве две маскари кои ги користев. Essence Get Big Lashes ( Volume and Curl ) Маскарава е токму она што им треба на моите трепки - волумен и извиткување. Навистина добар ефект се постигнува на трепките веќе со еден слој, а со повеќе слоеви веќе добивате ефект на убави волуменозни и извиткани трепки. За тие пари е повеќе и од добра, арно ама мене ми предизвикуваше еден проблем. Откако ќе ја извадев многу ме печеа очите , па нажалост морав да прекинам со нејзина употреба. Maybelline the Collosal volum' express ( 100% Black ) Само ќе кажам, не за џабе е тупено страници наназад за маскарава. Има убава и богата четкичка која дава екстра волумен на трепките, а притоа не ги слепува. Убедливо најдобра до сега.
Моментално оваа ја користам, и за парите е многу добра. Задоволна сум, една од подобрите маскари на Голден е дефинитивно.
е сега ме испишманивте сакав да си земам од Golden Rose од таа розевата ама еве читам дека и од Essence сте задоволни па сега сум во дилема,нешто поќе ме влечи кон Essence а моментално имам Clasics ама пес е значи ужас невиден,ич не сум задоволна исто ко да немам маскара,некако многу водлеста ми е не ја препорачвам
Ја земав баш пред нова година, пошто минатата римел ми беше за никаде, поише околу очите имав отколку на трепките... Ми се свиѓа ефектот ама некако многу тешко се вади, на пример има маскари само што ќе поминам со памукчето се вади, али ова ептен ептен тешко излегува. Сепак мислам дека следна ќе ми биде телескопик и дека ќе се држам до неа бидејки ни една не дава таков ефект...