Jaс прееска си ја купив онаа на Golden Rose со златно капаче што е,ултра волумен-х4 демек. Добра е сега за сега
Маскара користам на Лореал веќе две години и сум задоволна. http://cdn.positive.com.tr/kozmoda/_doc ... -Siyah.jpg
Пред некое време ве прашував дали да си ја порачам и откако видов дека нема мислење за неа ја порачав и пре задоволна сум,не ми се верува дека ја купив за 150ден.
и јас денес си се подновив со маскара,ја зедов од Golden Rose розевата и сум пре пре задоволна,а и цената му е супер-140ден имаше и црвена 3D ама се мислев и ја зедов розевата а жолтата за шо е поточно наменета?оти ова е за издолжување,за извиткување и за разделување на трепките
Девојки деновиве сакам да си купам водоотпорна маскара, паа која би ми ја препорачале? Не многу скапа по можност Спојлер Би читала мислења поназад, но немам баш време
Една страна поназад оваа ја имаат пофалено Јас моментално ја имам Еssence Get BIG Lashes отидов по Мис Спорти а ја купив оваа . Се мислев помеѓу Volume Boost и Volume Curl, но сепак ја одбрав оваа поради четката. Четката многу ми се допаѓа зошто е голема и дебела, но внатре течноста не ми се допаѓа , после неколку часа ми се изрони и ми се познаваше црно под очите. Убаво ги издолжува трепките, јас немам густи па неочекував некој волумен. Сега сеуште ми е тазе па чекам да се засуши, тогаш ми се поубави маскарите 175 денари мислам дека беше. Maybelline The One By One Volum' Express Оваа маскара ја пробав кај братучедками и е одлична, четката е исто така дебела, гумена и многу убаво нанесува. Трепките подолги и поубави не ми биле. Пред легнување не ја извадив, па сабајлето кога станав беше иста како вечерта. Дефинитивно и оваа морам да ја имам
Јас ја имам оваа последнава над мене, од Мејбилин, само што ја немам сретнато овде, па ја купив во Прага. Поскапи се таму од нашиве. Овие водоотпорниве ја задржуваат формата на трепките, па ако ги виткате, нема да се спушти. Лично сум задоволна со должината, али ми утнале кај волуменот. Но добра е за тие пари таму што ги дадов неможам да се пожалам. Сепак волумен дава онаа обичната, розова. Незнам која е разликата но дефинитивно поголем волумен дава, поготово кога е малку подзасушена, како што спомна.
Прегеска ми стаса од Авон, само ја пробав и мислам дека не би требало да е лоша. Не дава некој вештачки изглед, убаво ги разредува трепките
Незнам зошто на едното око на горниот капак трепки на едно место воопшто немам т.е. имам ама кратки се , незнам како да опишам и ич не ми изгледа убаво со оваа маскара што сега ја користам. Каква препорачувате?
Ја порачав сега пред некоја недела,супер драма,виолетовата,и убава ми се фајча,со оглед дека не ја користам и многу често,досега ме слуѓи добро,убава е лесна,не прави грутчиња не ги слепува трепките,и дава волумен,ми се допаѓа.
^ Јас ја имам таа. 280 денари, убава е, не ги лепи трепките и не треба многу да нанесеш за да ти бидат густи ама половина празна е Е па извини, ама за тие пари полу-празна маскара не купувам више. Има и од 100-150 денари преубави маскари.
Моментално ја користам оваам маскара ја добив поклон од странство предобрааа четчето многу интересно, каков ефет дава ...
Девојки, ајде препорачајте ми некоја маскара. По долго користење на една од Голденроуз, сакам да сменам. Така да која ми ја препорачувате?
Зависи од ефектот што сакаш да го постигнеш и од цената. Маскарите на Maybelline се убави, јас ја користев оваа за волумен One by one, исто гледам дека ја фалат онаа во жолта опаковка. Цената се движи од прилика накај 300 денари. За тие пари добиваш прекрасна и квалитетна маскара, јас лично сум многу задоволна. Поевтина варијана ти се новите маскари на Golden Rose, пакувањето е слично на оние од Maybelline. Јас ја користев розевата, за должина и волумен и се покажа како солидна. Единствена маана е тоа што не е водоотпорна и по неколку часа знае и да се разлее под очите. Цената е 120-30 денари. Доколку си во план да дадеш повеќе пари, над 400-500 денари, ти ги препорачувам маскарите на Manhatten. За нив немам никаква замерка. Прекрасни се. Во никој случај не би ги препорачала маскарите на Avon, ужасни се. За тие пари има многу поубави и поквалитетни маскари. Сепак, изборот е твој.
Единствена маскара од Авон која вреди за парите, според моето искуство, е оваа. Одамна ми е потрошена, немам порачано маскара од Авон речиси две години, а оваа ја користев баш во периодот кога се зачленив тука на форумов. Без размислување би ја купила повторно. И дали само мене маскарите ми се поубави откако малку, минимално ќе се подзасушат? Ја имам cat eyes, Мејбилин и на почеток бев онака, просечно задоволна. Сега ми е преубава - добивам лепеза-трепки во два потези.
Не си единствена Незнам дали е до мене, но ми изгледа дека подзасушена маскара дава поголем волумен. Сепак, нема некоја којзнае колкава разлика. И плус, гооолем плус - нема опасност од кивање Испробано!
Gosh show me volume, јас си ја викам таа дебелата,супер ми е...или некад ја зимам и на Max faktor 2000 calorie,таа ми е класика.. и двете се мн добри ептен се за волумен..
Пред некое време почнав да барам по нет за шминки и додека разгледував по маскарите ja приметив оваа Да не знаете случајно за што се користи?