За да ги средиш „бушавите“ веѓи. Јас за тоа ја користам, како чешелче за веѓи и како превентива да не ми се разлетуваат. Или кога сакам трепките да ми изгледаат средено, си ставам безбојна маскара. Изгледаат како лепеза, ама природно, без црнила од најобичната маскара. Или пак како подлога - пред да нанесеш обична маскара, ставаш еден слој безбојна.
Леле,јас мислев ми се причинува или ми треба време да се навикнам,ама стварно многу поубав ефект добивам кога маалку ќе се подзасуши.Кога се течни скроз некако сите ми се исти,вистинскиот квалитет се гледа кога ќе се посушат малку.
Долго време ја користев Golden Rose црна со златно капаче што е, но сега се префрлив на оваа и сум мнооооооооогу задоволна
Ме интересира, колку пари е првата маскара? Заради тоа што баш такво нешто ми треба, волумен и мноогу извиткување.
Епа девојки си ја купив оваа водоотпорна маскара на essence и сега за сега сум презадоволна. Убаво ги одвојува трепките, ги издолжува, водоотпорна, ефтина охооо одлична е
Не знам зошто, ама од оваа маскара воопшто не сум задоволна. Многу бргу се суши, како и сите други маскари на Авон. Реално, новите од Голден Рос што се по 120-130 денари ми се поубави. Инаку веќе подолго време наназад ја користам оваа и презадоволна сум.
имам еден куп маскари дома, ама најзадоволна сум од Golden Rose портокаловата маскара. Ем цената и е супер, ја купив од еурофарм за 100 денари, ем има убава четкичка и ги витка убаво трепките. Земав и на авон и на римел, ама ич не ги бива.
Сум пробала повеке маскари ама пак се вратив на Голден Росе со златно капаче за волумен ми се чини дека е незаменлива.Мн ја сакав Супер Шок од авон ама како да и го сменија составот,ич не ми се свига сега!!
Секој не сака трепките да ми бидат црни, нападни или премногу истакнати па затоа става слој од безбојна маскара. Некои од нив имаат функција на заштитни, потхранувачки и слично. Некои ја употребуваат за подлога за маскара во боја. Инаку, речиси целата козметика која ја користам не ми е од Македонија. Порачувана ми е од Америка, Англија, Франција, Полска... од причина што знам овде кои ги произведува иако пишува дека е од позната парка, а и во Америка не летаат во облаци со цените како кај нас!) Марка е, ќе им ставиме огромна цена и луѓето ќе се полажат по големата цена и ќе ја купат „добра“ стратегија за некој кој не се разбира. Од маскарите, почнав со (во продолжение како spoiler за да не зафаќаат премногу место) Спојлер Има многу убава четка со која лесно се постигнува саканиот ефект. Потоа продолжив со: Спојлер Со: Спојлер Долго време не користев бидејќи секако немав потреба. Потоа од мерак си купив од miss sporty црната (extra black), а сега ја користам Спојлер http://www.facebook.com/photo.php?f...468301996537729_1618853701_n.jpg&size=805,801 Оваа маскара е одлична. Четката е лесна за нанесување и ги истакнува (па и дава ефект на издолжување) трепките. Сите на кои ја покажав си ја земаа и додека дојде ред на мене за да си ја имам за резерва да не ми ја потрошат, ја однемаа на залиха Таман кога ќе ми се погоди нешто... Затоа од оваа линија имаат и други видови. Ама прво оваа да ја потрошам. Може и нема да сум толку баксуз па сите па ги потрошат...
Оваа последнава маскара добра ми се гледа.Кај може да се купи? И сакав да те прашам:дава волумен или е само за издолжување и виткање?
И добра е Чекам дали пак ќе ја добијат или тешко. Исто како и претходните мои искуства: таман ќе си пронајдам нешто што ми одговара, го снемуваат од залиха Не дава нешто посебно волумен, нормална е како останатите маскари но прилично ги издолжува трепките и со тоа дава и мал ефект на густина.
Дали некој знае дали почна да се продава и кај нас,јас нигде ја немам видено или не сум загледала добро??
Да не испадне дека не сум одговорила: издолжување и виткање, но има и нијанса на волумен. И мислам дека на фб објавија дека имаат пак добиено Не сум сигурна, но во најкраток период им пишувам за да прашам дали е така