Оваа е некоја од најновите, како и Мега Плаш-от http://www.maybelline.com/~/media/I...ega-Plush-Mascara/vex_megaplush_pack-shot.png Ни едната ни другата ги немаме, бидејќи секој нов производ нивни кога ќе излезе таму, тек после неколку години ќе излезе кај нас. Се надевам дека грешам.
Само што ја земав оваа ,ја начекав во Космо на попуст за 330 денари,па утре ќе ја пробам и се надевам дека нема да се разочарам
Јас би ти ја предложила жолтата на мејбилин или пак розевата. Меѓу тие две. Од жолтата ја имам оваа, 100% black најцрна и ептен убав волумен дава и ич не ги лепи трепките.
ја имам земено розевата маскара од Golden Rose и првите два-три пати арна беше ама сега катастрофа ми е....значи по 1 сат од ко ќе клам маскара како на трепките да немам ништо.апсолутно ништо.....онака меки ми се а јас сакам да седат малку стврднати,да се знај дека има маскара....незнам шо е проблемот ама глупа јас арно си ја користев на Golden Rose маскарата со златно капаче,незаменлива е дефинитивно....Цацко ме тераше да ја сменам...памет за друг пат
Ја пробав денес и не е лоша,убаво ги витка трепките и дава волумен само ме нервира тоа што е многу течна и малце ми ги слепува.Ама ајде можда дека нова,па затоа е ваква.Ваљда ќе се оправи
После долг период на тотално непотребно експериментирање со маскари, повторно и` се навратив на мојата засекогаш омилена L'Oreal Lash Architect 4D Немам зборови за маскарава, прекрасна е. Сум пробала се`, од Есенс, Мејбелин, Буржоа, Римел, па се` до Диор и Ланком (кај кои BTW нема ништо посебно освен астрономската цена ) , ама Лореал 4Д е без конкуренција Дава ОГРОМЕН волумен и должина на трепките, воопшто не се размачкува и трае цел ден без никаков проблем. Има убава, мека, долга четкичка која НЕ е пластична (смрт за пластичните четки!), благо накривена, па дури и најмалите влакненца на почетокот на окото ги дофаќа. Кога прв пат ја купив пред неколку години, четката многу чудно ми изгледаше , ама после сфатив во што е финтата. Со благо накривена четкичка многу лесно се нанесува. Исто така, лесна е за отстранување од очите, не е како Буржоа, да се заборавиш од триење додека да се извади За илустрација, еве каков е ефектот И да, навистина се постигнува ваков ефект со еден слој. Со два веќе трепките изгледаат доста драматично и обично за излегување навечер ставам по два слоја. Верувајте, кога и да ја користам маскарава, постојано некој ме прашува што маскара користам и нон стоп добивам пофалби за трепките На работа на сите колешки им ја препорачав Цената е 700 и нешто денари, зависи од каде ја купувате, ама верувајте дека вреди, навистина Да работев за Лореал, од рекламиве што им ги правам убаво ќе се опарев
Мене од Голден Роус маскарите не ми се убави. Не ми даваат некој убав ефект, општо земено не сум задоволна...А, гледам многумина ги фалат. Моментално ја користам СУПЕР ДРАМА од Авон (која ја рекламира Ирина Шајк) и сум многу задоволна. Убави ги прави трепките, многу лесно се чисти од очите и трајна е.
јас сега за сега имам уште од оваа маскара и како што пишав сум се уште задоволна многу убаво ми ги издолжува трепките инаку кога ке ја потрошам планирам ваква да земам од истата фирма , дали сте ја пробале? Прочитав дека е со некаков гел - mousse
Девојки, ај ве молам некоја која ги користела овие маскарите од мејбилајн да ми објасни каков ефект дава секоја (ваше искуство,не она што стои на маскарата како понуда) и препорачајте ми ја најдобрата од нив сп вас
Оваа маскара случајно ја видов во еден маркет и си реков ај да ја пробам.Позитивно ме изненади.Дава убав волумен на трепките,е сега ке видиме до кога ке оди,мн вакви маскари брзо се сушат ке видеме оваа како ке се покаже
Си ја зедов на Римел Лондон extra wow lash, и ептен сум задоволна. Пред се пофалби за четката, пошто е од тие дебелите и убавите. Убаво ми ги нагласува трепките, + екстра црна боја е. Досега ретко кај да си најдам добра маскара, пошто ептен ми се куси, и некако се осеќав како воопшто и да немам ставено.
Некој што ја има користено некоја од овие маскари да ми каже дали се добри, од орифлејм се, видов евтини се сакав да нарачам, па ваше искуство? Спојлер Very me fat lash black out mascara Very me fat lash mascara Oriflame beauty endless lash mascara
Very me fat lash mascara Оваа маскара е жива катастрофа се размачкува ко луда не ти ја препорачувам во никој случај ке се разочараш.еднаш ставив и ја дадов на поклон....
Долгите трепки ми се мојот заштитен знак(имам долги,црни и убаво виткани). Затоа многу инвестирам во квалитетна маскара. Од поефтините ми се допаднала старата на Буржоа, а од поскапите ептен ми се допадна ефектот што ми го даваше Dior Show. Сега користам исклучиво од Lancome, моментално Hypnôse Doll Lashes, а ги имам сеуште неотпакувани и други три од Lancome: Hypnose,Virtuose и Definicilis. Се испозаборавив на аеродром со купување,имаше промо-попусти па се снабдив за подолго време.