Би требало околу 30-ина долари. Јас ги купував во Цирих,поскапо ја платив мислам, ама земав 4 вкупно така да не се сеќавам, купував и пилинзи,парфеми,Сваровски обетки, и не ми текнува на цената одделно.
Ви ја препорачувам. Имам користено и друга на Авон, една на Голден Роус и една неам појма на шо фирма со соленка ценичка беше , ама од оваа сум најзадоволна.
Ја имам оваа од Lush и сум навистина многу задоволна. Имам пробувано и други маскари ама не сум била задоволна од нив како од оваа! Најдобра е,барем за мене!
Откако ми ја сменија Макс Фактор 2000 калории, не ги ни пробував новите за да не се разочарам, ама залихата ми заврши па по предлог ја земав на Лореал Volume Million Lashes. Таков обем моите трепки одамна немаа видено! Не сум фан на гумените четки, ама оваа е прекрасна, голема е, воопшто не останува многу маскара на нејзе и најважно- дури со 5 слоја трепките пак не ми изгледаа како нозе на тарантула. Препорачувам!
Ми треба препорака за добра маскара. Имам убави, долги и виткани трепки, но ретки. Сакам некоја со волумен, да не се згрутчува и да трае.
Еј да прашам јас прочитав на некоја феминка погоре дека имаше пишано дека не и се допаднала многу маскарава,па јас сакам да прашам дали има некој друг искуство беше на попуст во орифлејм па реков ај да е пробам..да видам каква е
Ја имам, и супер ми е. Незнам ама мене ништо од тоа погоре што имаа пишанио ми се нема случено. Ги издолжува трепките, лесно се брише.. супер е.
Ноеми колку е? Уф и јас иам уште една у залиха од старите 2000 калории, се мислам што да праам дали да ја пробам новава Барам од старите кај има им ги собирам ми се чудат продавачкиве. Налет нека е, чоек ќе си најде асална маскара и ќе му ја сменат Jaс не сум фан на чуден облик на четки, мене не ми одовараат Оваа е слична на макс-факторот и на онаа на авон, само таа на авон ми се суши многу.. Макс факторото и со месеци да е отоворена не се суши. Ах Макс фактор damn you!
Hipster од 700 до 800 денари се движи цената зависно каде ја купуваш. Јас се залетав и ја купив најпрво заради амбалажата, ми изгледаше луксузно, и ја купив ама се заебав гадно. За тие пари ке си купев асална пудра, оваа мене воопшто не ми одговара aма за среќа мајка ми па ми ја донесе оваа http://www.amazon.com/Bourjois-1001...=1361477822&sr=8-24&keywords=mascara bourjois и е каде каде подобра од оваа на лореал. Од оние што сум ги користела на лореал најдобра ми се покажала оваа http://www.lorealparisusa.com/en/Pr.../Telescopic-Original-Mascara.aspx?shade=Black ако некој ја видел некаде низ парфимерииве нека ме извести Не можам оваа на лореал никако да ја најдам. Е сеа четките изгледаат никакви ама ке се изненадите колку добар ефект даваат. Јас ја користев онаа од авон што сите се жалиме дека брзо се суши, и бев навикната на таква голема, богата четка и коа ги видов овие реткиве ми паднаа смешни. Ама на крај се покажаа многу подобри од оние густите четки.
Хипстерке, маскарата на L'Oreal во Cosmo Tinex ти е 598 мкд. Ја има и во водоотпорна верзија. Иста цена се, само со Cosmo Club картичка до 28 Февруари. Инаку и од мене препораки за маскарава, нема подобра. Спојлер http://www.facebook.com/photo.php?fbid=552622931429482&set=a.552622501429525.127831.115114115180368&type=1&theater
Сакам да прашам дали ја има некој користено маскарала спектра лаш,на авон еве ви и слика. Дали е убава,дали ги истакнува добро трепките и им дава волумен?
Ќе ја земам, баш ќе ја пробам и ќе ви кажам дали ми одовара. Кикиии, таа од авон е ужасна. Тоа што врти си врти у празно нема некоја функција. Мене ми ги лепеше трепките и сама четка се залепија влакненцата дури. За тие пари земи си ја супер шок, подобра е
Се согласувам. Јас еднаш ја позајмив од свекрва ми и ништо посебно , тоа што се врти демек за поголем волумен, нема никаков резултат
Веќе ти одговориле за цената јас секако не ја земав од Мк, туку друго да си ја пофалам Panda eyes are gone! Не сум светица ми се случува да дремнам или да преспијам кај дечко ми со маскара ама оваа (да напоменам- не водоотпорната ја имам) абер нема од размачкување, ниту ронење абе како природно да ти се такви трепките. Не земај џабе водоотпорна оваа е супер. Ја вадам со влажни марамички и супер излегува. Само совет не ги витка трепките, ако сакаш поизвиткани стисни ги еднаш со тоа инструментот па стави маскара- и ќе траат.
^^ Јас па баш бев задоволна од та од Авон мене мислам ми даваше многу голем волумен, ама маната на маскарите од Авон е што пребрзо се сушат