Сега за првпат пробав маскара од голден росе 3д по препорака од др феминки и вечерва се покажа доста добро
Јас ја имам користено, мислам не многу само 4 пати ја имам ставено, не е лоша ама сум сретнала и подобри
ја купив оваа и можам да кажам дека за парите е супер ,премногу сум задоволна.Кај мене дури за преку ден е доволно со едната четкичка
Пред 2-3 недели си го заборавив римелот дома и си купив во скопје голден роус, читав и повеќето ги фалеа, а и цената беше смешна буквално и ја земав оваа помаранџестава. Стварно многу ги издолжува трепките, за тоа нема збор и првиот пола саат изгледа супер, али после пола саат кога ќе се погледнам во огледало како да ме тепал некој многу се размачкува и се рони буквално... така да од сега решив да не си експриментирам веќе, мејбилин маскарите ми се најубави и дефинитивно се враќам на нив и нема мењање
Јас си ја купив розевата пред неколку месеца, и сега ми е при крај. Стварно сум задоволна од неа, има огромен ефект и држи по цел ден. Нај сум на кејф што лесно се вади со влажна марамица, па кога несакајќи ќе се ушлакам брзо можам да се средам. Како за 130 денари е топ.
Дефинитивно ова е најдобра ги издолжува трепките ги прави погусти повпечатливи а е долготраен кј мене трае скоро 24h се додека не ја избришам,јас за ништо не си ја менувам
Јас ја користам оваа маскара моментално задоволна сум но сакам да пробам некоја и од Буржуа , која е најдобра би сакала совет
Meне оваа од Bourjois ми е омилена. Не можев да приметам колку и дали издолжува, зашто имам природно долги трепки и маскара ставам за да добијам на волумен, ама сепак ми се допаѓа крајниот ефект. И оваа е солидна, дава одличен волумен со минимален број потези. Мене ми фатија око овие, ама ниту знам дали ги има кај нас (се' си мислам ги видов, ама ич не сум сигурна). Јас обожавам големи четчиња и мислам дека оваа ќе биде мојата следна маскара.
Koritsaki, од Буржоа ги имам користено следниве и Добри се и двете, ама според мене првата е за нијанса подобра. Вторава има пластична четка и потврди се влакненцата, па некако потешко се нанесува. Како и да е, крајниот резултат и со двете е фантастичен во однос на волумен. За должина и јас не можам да кажам, зошто имам долги трепки, меѓутоа ретки, па затоа експерт сум за волумен И само да додадам дека првата маскара многу тешко се вади (а не е водоотпорна). Можам да замислам водоотпорната каква е Тоа и` е единствена маана, инаку одлична е. И двете се
Околу 15 евра не е толку скапа во споредба со другите а немаат некаков ефект.. [/quote] Тука е мислам прилично поефтина, околу 400-500 денари.[/quote нцнцн неверојатно која разлика имаме со цениве значи
И јас ја користам истава веќе 5 години уназад може и поише. Паралелно ја земам и таа со црвена линија. Таа со сина линија е водоотпорна. Не се скапи а нудат квалитет за кој не се расправа, ипак Макс Фактор е име кое опстојува на пазарот одамна. Маскарата како шо и погоре напоменаа чини некаде од 400 до 500 денари, во зависност од местото шо ја нуди како производ.
предлог за некоја маскара ,што ги издолжува и згуснува трепките... ми требааа за сликување за апсолвентска??