Ти ја препорачувам оваа (иако и другите од оваа фирма ми се допаѓаат, би ја издвоила оваа) дава волумен, убава црна боја, и трајна е доста и ќе ја користиш со месеци.. ако имаш подолги и потемни трепки ќе ти бидат како вештачки инаку беа на промоција во Космо околу 300 ден, а редовната цена и е мислам 360-370
Мене лично ми се допаѓа импала ХХХЛ и за волумен и за издолжување...Јас имам малечки трепки многу па ми ги прај како вештачки цената и е 280 или 320 не сум баш сигурна...
Се повикуваат Некоја85 и Мишела. Јас сум при крај со Мејбилајнов, лилавиот, и сега се мислам дали да правам жртва и да ја тестирам таа Рокет, мокет, или да ја земам жолтата? Или некоја друга да зимам? Или пак Гош да си ја земам, ама пустите, ги поскапеле тие, некако не знам дали ќе ми се даваат толку пари, сепак ми е скапичко, над 450+, последно кога гледав. Иначе баш барав, маскарата сум ја купила на средина на октомври, сега сме средина на март. Презадоволна сум од неа, уште не е исушена, ама гледам дека е при крај, а и од хигиенски причини е пожелно да се смени.
Дузице, јас топло ти ја препорачувам жолтата Мејбилин 100% black. Има богато четче, доволно крупно и нежно да ги опфати и најмалецките трепчиња, со еден слој имаш богат природен изглед, а со два веќе лепеза трепки. Можеш да одиш и со три, ама ако имаш долги трепки како моиве не ти препорачувам - мене ми чукаа по стаклата од очилата за сонце. Трајна, не се рони, слободно ќе ти врши работа и наредните неколку месеци - мене ми траеше од јули до декември. Убава е и cat eyes жолтата, сега ја дотрошувам и ќе си ја земам твојата, виолетовата. Малку ми беше терсене четката зашто извиткана нели, ама прекрасна е. Чинам имам поставувано слики низ Вашата шминка баш со таа маскара, ама не се сеќавам точно кога. Кај Рокет не ми е испитана четката, а и сомнителна ми е - да не е пластична. Ако докопам некој тестер секако ќе пишам, зашто додека не се уверам на своја трепка, не би ја купила.
Рокет има пластична четка, да знаете. Ич не ги сакам таквите четки , добра четка според мене е четка од типот на Мејбелин 100% black или Cat Eyes. Инаку, да се вмешам и јас неповикана , Дузи моја препорака ти е да си ја земеш пак истата, виолетовата Шала на страна, мене ми е најдобра од сите Мејбелин маскари, па дури и од некои поскапи. И жолтата не е лоша, всушност, далеку е од лоша, ама виолетовата освен што дава волумен, убаво и ги витка трепките (што е предност). Е сега, знам како е, пусти жени, секогаш сакаме да смениме и да пробаме нешто ново, ама мој совет ти е (ако ти била добра до сега, а верувам дека е така), да си ја земеш истата и ич да не се мислиш Ако веќе си решена да пробаш нешто ново, Менхетен и Севентин исто така имаат солидни маскари за пристојни цени, од околу 200 до 350 денари, а и четките им се убави, меки и НЕпластични
Не се толку скапи, никогаш не достигнале цена над 360 денари. На акција достигаат и до 300, ама обично се 360.
Малку каснаммм со одговоров... Се сложувам потполно со препоракиве И јас сега ги користам истовремено 2000 калории и жолтата 100 % блек од мејбилајн..вторава е одлична е како и останативе што сум ги испробала од оваа фирма.. слободно купи си ја.. за 8ми март беше на акција во Космо некаде 300-320.. ќе проверам утре па ќе пишам дали сеуште трае.. а оваа новава Рокет баш ја меркав, ама има време за проба.. Инаку и коралната е добра, со гумена четка е.. како и да е нема утка која и да ја земеш, ако си за промена земи си друга, а ако сакаш на сигурно пак истата.. Инаку на Гош имаше исто попуст -20 % во ДМ (ќе обавестам и за тоа ) шта чеш кога паузата таму ја користам..
Денес земав ваква маскара од Буржуа , само сина боја Еве сега само што ставив од неа , некако многу ми е светла бојата очекував малку потемно сина боја , но ајде , ќе се навикнам
Значи уште какви маскари не сум пробала пари се сокапав од давање не лореал, макс фактор и џиџи миџи.. Моментално ја трошам втората маскара на Еркул козметикс и тоа ја купив за само 160 денари. Ми ја исфали продавачката си викам ајде штом толку ја фали 160 ден а биле а не биле.. Се изненадив од ефектите, трепавиците ги прави БУМ!
Кај ја има маскарава? Ионака ми треба нова,па на оваа убава ми се виде четкичката.Ај ваљда ќе се погоди Иии уште нешто што ми е многу важно:остава добра црна боја? Пошто последнава маскара што ја користев ич не ми ги црнеше убаво трепките па да се осигурам сега
Само што бев во Космо и како што пишав да ве известам. Маскарите на Мејбилајн се сеуште на промоција по 328 денари, исто така и на Гош беа на попуст исто околу 300 и нешто денари.. а во ДМ завршена е акцијата на маскарите на Гош.
Еве јас да се самоцитирам , да кажам неколку збора за маскарата на Буржуа Предобра е маскарата , дава волумен на трепките , моите се и така долги и премногу ги издолжува , имаше три бои сина , кафена и црна и бидејки немам сина маскара дома реков да пробам таква , на почетокот ми изгледаше многу светла бојата но со два слоја не е така Цената е иста како и на Мејбилајн маскарите па нареден пат ке ја земам истата маскара и црна боја
Ја користи од авон VolumeShock мислам се викаше. Ја нарачав па незнам каква е, ја немам пробано уште. Искуство, некој?