Знам дека поназад имаше цена на маскарава, но сега не можам да најдам . Мислам дека е околу 200, но колку точно е ?
Во DM на Mabeline маскара one by one,јас ја имам моментално и е предобра,но си ја чувам за посебни пригоди.Цената е 375 денари,но ги прави трепките екстра долги и бујни. За секој ден ја користам 2fx на oriflame,ми ја донесе другар за роденден и многу ми се свиѓа сеа,а башка тоа 2 во 1 е.Едната четкичка е за издолжување,како помала е,а другата за бујност мислам што е поголемаа.
Jaс сепак ќе си стојам на тоа дека за моиве оскудни трепки, најдобри маскари имаат максфактор. Сум ја имала дома Макс Факктор експириенс Спојлер И можам да кажам дека и е солидна замена на 2000 калории старата. Ги издолжува третките максимално и ги витка исто солидно и без да се виткаат со тоа за виткање на трепки. Само се суши побрзо од 2000 калории, тоа и е минус. И во космо имаше некоја акција 2 маскари за 800 од максфактор, ја земав 2000 калории новата, морма да ја пробам и оваа Спојлер Maскарава самостојно е прилично скапа, 800 денари е, четката ми одоговара па ќе видиме дали ќе ја оправда нејзината оригинална цена од 800 денари.
http://weheartit.com/entry/51138783/via/GlamNails Ја имам оваа маскара и многу сум задоволна. Клепките ми се долги, а од маскарата изгледа како да ми се вештачки кога ќе си ставам. Ви ја препорачувам, нема да зажалите. Мислам околу 500 денари дека беше
Ја имам првава и искрено мн грдо ми ги прави трепките. Многу како ретки и тенки. Како да немам трепки
Сум користела мал милион маскари ,но оваа ми е најпогодена и најубави ми ги прави трепките ...цената е смешна во споредба со тоа што го прави маскарава . :up: Ја има во Дм и чини околу 220,30 ден.. не ја менувам за ништо на светов .
Епа јас ја земав Мејбилин Рокет и сум презадоволна кога ќе ја ставам трепките ми ги прави ептен долги и дава супер волумен со еден слој.
Маскарата дали знаете кај можам да ја најдам? Ја порачав од орифлејм ама веќе ја нема.. преуба ми е..или ако знаете други сини маскари кажете
^ Bourjois имаат сина маскара, Коритсаки имаше пишано за неа, а јас мислам дека имаше таква и на Rimmel, Extra super lash, исто и Еssence имаа плава и виолетова ако не се лажам и најверојатно нивните се така најефтини. Речиси сите брендови имаат извадено колекција маскари во боја, само не знам колку се достапни низ нашиве парфимерии. А мене ме интересира како стојат со цените - поефтини се од обичните или? Јас имав една зелена од мајка ми и добра ми беше, ама плава мислам дека никогаш не би ставила.
Јас прашав во Шатци имаја сина маскара не се сеќавам од која фирма ама беше 800 ден, а за сина маскара не ми се даваат 800, а оваја шо ја зедов од орифлејм беше 150 и супер ми беше онака лесна за вадење и убај ми ги праеше трепките
Од лично искуство бидејќи на маскара никогаш не штедам, досега најдобри ми се покажале Bourjois Volume Glamour и MaxFactor Experience Моментално ја користам MaxFactor masterpiece, предобра е, издолжува и трае цел ден, баш е masterpiece
да , јас ја имам оваа маскара имам и претходно пишувано за неа , многу сум задоволна , трепките многу убави ми ги прави јас ја земав 15 евра , во мк незнам колку е
Со оваа маскара моментално има сет во кутија со подарок црн Khol молив за очи Нема кај нас маскари во боја од Буржоа, освен црни...
Или си земаш од Golden Rose која е со далеку попристапна цена и ако толку е проблем, ја нанесуваш со гелна маскара како подлога.
Маскарите ми се омилен производ и дефинитивно најдобра лореал архитект без конкуренција. Сега ја имам мис лин, супер е дава голем волумен и ги издолжува ,а и не е скапа 360ден.
Колку чини L'oreal lash architect 4D ? Mногу ми се допаѓа четкичката и би сакала да ја тестирам. :geek: П.С. Предосеќам оти ќе ми пишете некоја вртоглава цена, ама ајде - дај шта даш.