Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Маскара

Дискусија во 'Лице' започната од soledad, 21 ноември 2009.

  1. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.790
    Допаѓања:
    11.247
    Пол:
    Женски
    Oколу 720 ден Мишелка :wasntme:
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Влегов во ДМ со намера да ја земам жолтата Мејбилајн, ама, ама, ама... Имаше попуст на Боржуа, од 499 на 348, а Мејбилајн беа 338 и мислам, мислам... Погодувате со која испаднав. :D

    [​IMG]

    Вечер свечено ќе се поздравиме и истестираме со лепотицава, некако мислам дека ќе ми се бендиса. :D
     
    На Hipster, Mishela и nekoja85 им се допаѓа ова.
  3. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    [​IMG]

    Јас ја добив како подарок оваа маскара и да бидам искрена се изненадив. Обично воопшто не користам производи на Орифлејм ама маскарата е добра.
    Исто задоволна сум и од Супер Шок од Авон.
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Мишелка, ова сум го запамтила уште кога си го запишала пред којзнае колку време, и денес во Шатци одма сум ја зграбила таа, без размислување. :D
    Ќе видиме како ќе се покаже, не сум користела дебела четка многу одамна, дури чудно ми е.
    Инаку 330 ден. се сите маскари на Мејбилин во Шатци (со попуст демек, кој попуст, па тоа им е малтене редовна цена отсекогаш). :D
     
    На Mishela и Veki4kaa им се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    81.353
    Пол:
    Женски
    Трендафилке, си ме изнасмеала така од срце, баш ми требаше една доза смеење денеска. :lol:
    Верувај, јас ја имав истата реакција како твојата, кога девојчето кое летоска ме советуваше да ја купам маскарата ми го „презентираше“ ефектов од истата.
    Ова „попустов“ е лажги со опашки секогаш. Јас обично ја земам 360, ја фатив еднаш на акција со сенки и такви ми ти салтанати, ама како и да е, маскарата е одлична и се надевам дека нема да ги потепа некој филм па да ја накачат на четири стотки. :wasntme:
    Сигурна сум дека нема да те разочара, единствена е што ги издржала моите минатосеместрални, лонг дистанс трипс од 5 наутро, па сè до вечерните часови без да се изрони и размачка.
    Ако постои љубов кон маскара, сигурна сум дека тоа е тоа кон оваа. :D
    Убава е и таа cat eyes со извитканата четка, ама јас сепак сум љубител на овие со подебели четчиња и дефинитивно не си дозволувам уште една „утка“ од ваков тип.
     
  6. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    [​IMG]

    Луѓе, маскарава е рај! Нема потреба од виткачи на трепки и триста бакрачи, еден слој е повеќе од доволен. Денес си ја купив од ДМ, 316 ден. Да можам само оваа би ја купувала, мислам дека ми стана најомилена. :up:
     
  7. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.336
    Допаѓања:
    2.601
    Го делам мислењето :) Предобра е маскарата,трепките никогаш не ми биле поубави.Ги издолжува,им дава убав волумен и не ги слепува :inlove:
     
    На nekoja85 и Elena-97 им се допаѓа ова.
  8. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    780 денари во Космо :)

    Мишелке, имав пишано и претходно во темава, со години ја користам и прекрасна е. Одлична, незаменлива ми е! Нема за згрешиш, ќе бидеш воодушевена од ефектот кој го дава :) Скапичка е, ама вреди ;)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Најдобрата маскара, што некогаш сум ја користела:



    Ја користев пред 6/7 години. Ми ја донесе тетка ми од Франција.
    Моиве трепки со било која маскара изгледаат вештачки, :rofl: ама ваква маскара не виделе.
    Волумен, без грутки, без да се рони.
    Совршена!
    Сега си имам заштеденп некој денар, па сакам пак да си ја купам ама незнам ни дали ја има во Македонија, ни колку пари е.
    И се плашам и да не се разочарам зошто факт е дека кај нас сигурно не се толку квалитетни и не го даваат истиот ефект како француските.

    Како и да е, ако некој ја видел, ја користи, нека ме информира колку пари е и каква е. :wasntme:
     

    Прикачени фајлови:

    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      45,6 KB
      Прегледи:
      194
  10. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.336
    Допаѓања:
    2.601
    Колку пари е во Франција? Да си нарачам преку другарка :D
     
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    81.353
    Пол:
    Женски
    Знам СексиБејби, те имав читано и го очекував твојот коментар на ова. :)
    Моментално ми е прескапа, а се ужаснувам од фактот што маскарата на Риммел која моментално ја користам е тапа и смрт ми се „дружбите“ со маскарата во последно време. :|
    Не дека ми треба којзнае колку драматичен ефект, ама си љубам убави волуменозни трепки во граница на нормалата. Во голема дилема сум, дали нареден пат да си ја земам стандард Мејбилин 100% блек или да експериментирам со оваа.
    Mаскара користам секојдневно и покрај тоа што периодов навистина би ми била прескапа, ме влече нешто ко гравитација кон оваа маскара и точка. :D
    Ќе пишам до средината на наредниот месец, ако присоберам пари - моја е. ]:)
     
  12. Chivas

    Chivas Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    132
    Јас ја имам оваа маскара, воопшто не ми е искористена, така си стои откако е купена |( Можеби е до квалитетот, за кој што и самата имаш пишано дека се разликува и толку добри копии произведувааат што не можеме ние да ги сетиме, но јас не сум воопшто задоволна.Четкичката не ми се допаѓа што е таква пластична, јас сакам бујни четкички и подебели, + нели има 2 страни, 2 четкички, прво базата која што е бела и откако ќе се намачкав ми се засушуваше и се познаваше тоа белото :worried: Беше околу 900 денари, ама оваа цена беше пред една година, сега можеби е променета цената.
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MissKlea

    MissKlea Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    3
    се мислам помеѓу овие три маскари и незнам за која да се одлучам да ја земам доколку ги имате користено кажете ми како сте задоволни од нив :D
     

    Прикачени фајлови:

  14. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    684
    Допаѓања:
    1.858
    јас ја имам жолтата многу е убава трепките ги прави како вештачки
     
  15. dafuqq

    dafuqq Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    1
    ја имам користено жолтата и задоволна сум сега планирам да ја пробам сината :)
     
  16. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.150
    Пол:
    Женски
    Првата е преубава :) јас ја земав за 8-ми март тогаш имаше некое намаление во Космо и ја земав за 298 денари сега не знам колку е, ама е многу убава, им дава волумен на трепките, ги расчешлува, и интензивна црна боја им дава. Jас сум ептен задоволна од неа :)
     
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Па, по две употреби, задоволна сум. Тек ќе ја проучувам, хе, хе. :D Со два слоја, и тоа без никаков посебен труд, добивам прилично големки трепки. Еден ден ќе седнам и ќе трупам, трупам, трупам, да видам до кај ќе стасам со должината и густината.

    Малку не сум навикната на четкичката, претходната беше лажица-форма, оваа е голема и дебела, ама ќе се снајдам.

    Палче нагоре од мене. :D
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски

    Мишела, ако ти е скапа, секогаш можеш да преминеш на опција бр. 2 - Мејбелин :rofl:

    Мене Лореалот ми е при крај, па бев до Космо пак да си ја купам, арно ама ја немаше моментално, само водоотпорната :^) , па видов не видов, се проврткав кај маскарите на Мејбелин и го земав ова чудо, кое патем прв пат го гледам кај нас:
    [​IMG]
    За малку ќе ја земев Рокет, ама се воздржав, зошто мразам такви пластични четки и знаев дека нема да ми се погоди само поради четката, макар ги правела трепките гранки :D И така си ја земав оваа Volum' Express Turbo Boost и задоволна сум. За 300 и некој денар одлична маскара, Мејбелин уште еднаш не ме разочара. Супер е, дава огромен волумен, но и должина (јас и природно имам долги трепки, па како вештачки ми ги прави).

    Така да, ако за Лореал не ти се даваат пари, ти ја препорачувам оваа од Мејбелин (зошто речиси сите други веќе ги имаш пробано, како и јас :rofl: )

    П.С. Еве сликичка за ефектот:
    [​IMG]
     
    На Cliona и Mishela им се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    81.353
    Пол:
    Женски
    O, ми дојде како порачана. :D
    Оваа нова некоја е или? Ете која ќе ми биде и мене следна на листа, ако сум при пари уште утре ќе си ја земам. :wasntme:
    Ама, се надевам ќе ја имаат тука кај нас, зашто скоро бев и не се сеќавам да ја видов оваа црнава. Ај ќе проверам, па ќе пишам импресии. :$
    П.С. Мислам дека колку слоеви и да има ставено долу на сликичката, сепак ефектот би бил нешто одлично на природно нешто погусти трепки. :)
     
  20. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    ^ Да, два слоја има сигурно на сликичката, ама ефектот битно e доловен :) Те имам читано дека и ти имаш долги трепки како и јас, само мене проблемот ми е што ми се ретки, па затоа користам маскари за волумен.

    А инаку црнава нова ќе да е, јас првпат ја видов и нели, едноставно, морав да ја имам :rofl: Батко Ѓорѓија покус да не остане :rofl: Имаше и некои други нови на Мејбелин што ги немам видено досега, ама оваа ја земав поради четкичката, многу е убава и не е пластична, што ми е најважно :) И плус, very black е бојата, остава супер црна боја. За тие пари, одлична е. Мејбелин не ме разочарале досега, имаат едни од најдобрите маскари што сум ги пробала (после мојата Loreal Lash Architect 4D) :)

    Сигурно ги има и во Струмица, не е ваљда дека само во СК ги донеле. Еве, ако ти е од помош и ако доаѓаш наваму, јас ја земав од Космо во Сити Мол. И не сум сигурна баш зошто купував и други работи, ама ми ја побараа Космо картичката, па можно е маскарава да беше на попуст со Космо клуб картичка :) Всушност, речиси 100% сум сигурна дека беше на промоција, имаше залепено онаква налепница дека е нов производ, така што верувам дека беше со промотивна цена :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.