Ајде женски препорачувајте и маскара некоја убава,да ги издолжува трепките и да не ги лепи.И што е најбитно,да е на Буржуа.Цена небитна.
јас ти ја препорачувам оваа да ја земеш ја имам во сина боја , навистина ги издолжува трепките и дава волумен , мене многу ми се допаѓа и да , не ги лепи трепките. Повторно би ја земала и во црна боја
Морав да ја пробам пошто нели нова е и можам да кажам дека е одлична,подобра и од жолтата и од розевата.Жолтава ја покварија порано беше екстра сега воопшто не ми е добра,па искрено бев малку скептик и за Ракетава но навистина се добива ефект на вештачки лепеза трепки :up: Во Космо е 298 денари
Јас користам ваква од Orflame, само што мојата е црна и многу е добра. Ги издолжува доста трепките, а и убаво ги подвиткува.Моите стануваат како вештачки кога ќе ставам од неа, но добро јас имам подолги трепки и затоа.
ДМ имаа попуст на одредени маскари и од Битпазар купив Bourjois,348ден Камо да ја читнев порано Дузи дека ја купила црната ,немаа тестери и кога го видов дома четкичето ми се стемни Ај ќе ја пробам утре може ќе биде нешто .
уште не сум почнала маскара да корситам,многу ретко се случува бидејќи имам многу долги трепки....имам една ваква дома
^Ја пробав ,не ме трпеше срце до сабајле .Не е многу лоша,дава волумен,има убава јака боја,али додека ставам повеќе оди на капаците (најверојатно заради четкичето).Ми изгледа како тешка маскара,едвај ја симнав со влажни марамици.
Сепак се решив да не биде маскарата Буржуа. Бев во парфимерија,прашав за добра маскара и да не е многу скапа,и ми ја препорачаа оваа Ми рече дека е нова,и дека имаат донесено само 3,и оваа уште една е останата,ама стварно е убава.Одма ставив и ептен е супер,барем за мене.Не сакам пренападни трепки,а сакам да се извиткани и многу црни.Е,оваа е правата маскара за тоа. 260 денари.
Леле луѓе како сум се зезнала значи..Излагам да си барам маскара и си викам ај да влезам во Голден Роуз да видам што како имаат,и сега си барам маскара и вработенава ми покажува една маскара и кога почна да ја фали..Демек сите што ја купиле биле задоволни,маскара ја опишуваше како чудо некое..И викам ај да ја пробам(а не беше ни ефтина,околу 400 ден ако не се лажам ) А маскарава благе везе нема,катастрофа невидена...Демек некој волумен давала..абе кај ми беше паметот да си ги фрлам парите за маскара од Голден Роуз,за тие пари на Мејбелајн ќе си земев маскара..ту бре... Иначе маскарава се вика WonderLash и имала демек про-витамин б5...во случај да ве интересираше..
Па незнам ама мене па баш ич не ми се погоди..ставам и по 2,3 слоја..не бре трепките воопште не ми ги издолжува, а за волумен не ни зборам Сега може на другите им се погодила,ама ете од мене едно големо НЕ за маскарава..
И повторно заедно. Ветувам дека никогаш повеќе нема да те изневерам. http://www.bourjois.co.uk/var/stora...maximizer/2398076-1-fre-FR/noir_maximizer.jpg Вреди за секој денар!
Последниве месеци ја користам Essence Big Lashes и сум задоволна од неа - ги витка трепките и остануваат така подолго време. Иако би сакала да сменам, и мислам дека би се одлучила за некоја од Maybelline
Дали некој ја има пробано новата маскара од Есенсе.. ?? Вчера ја видов во ДМ, четката ми личи како Супер Шок на Авон..