Ја купив Rimmel Scandal Eyes, 322 денари, и за моите мали и тенки трепки е добра, не е нешто ВАУ да ми ги издолжува и витка премногу, ама задоволна сум.Четката е огромна, и течноста внатре е добра, иако можеби откако ќе ја нанесам, изгледаат големи трепките, ама после некое време спаѓаат малку. За поголеми трепки би била уште поубава. Спојлер
Последен пат ја земав пак Max Factor 2000 Calorie ,само во сменето пакување и треките стварно ги прави преубави.Со два слоја добивате и должина и волумен.Еве ја како изгледа
Било која од Мејбилин, а јас посебно би ја препорачала оваа, по којзнае и кој пат. Обично се 320 - 360, зависи каде како ги најдеш и апсолутно се исплаќа за секој даден денар. Волумен, густина, интензивна црна боја - перфекшн.
Дојдов да напишам позитивни критики за маскарата на Еssence Get Big Lashes (толку фалена ), ја купив пред некој ден ете да видам дали ја бива за моите трепки и од неколку користења можам да ја пофалам, убава црна трајна боја која останува на трепките, не ги иритира очите, ги витка и згуснува трепките.. Супер цена (со купон за попуст во ДМ нецели 150 ден), добра милилитража околу 12 мл... Единствено што уште не можам да го навикнам е нанесувањето, бидејќи не сум навикната на вакви големи, гломазни четки, па ми прска на капаците
Не сум баш задоволна од маскарата на Essence I love extreme и еден слој да нанесам ми ги прави трепките тешки како да имам ставено три слоја, дава добар волумен но не и должина.
Јас пак сум презадоволна од таа маскара, ми ди издолжува трепките а ми дава и навистина екстремен волумен,
Дај утешете ме дека не сум единствена што е незадоволна од маскарата на Bourjois - Volume Fast & Perfect, затоа што ќе си грицнам од газот што повторно лупнав пари на производ што има неколку добри reviews на интернет. Се полетав да ја купам после прочитани неколку добри критики за неа, и после неколку сликички со before and after. Башка ме излажа и четкичката, обично од овој тип и најмногу ми одговараат. А што знам, трепките откако ќе ставам ми се ужасно многу залепени и изгледа само како три влакна да имам на мене. Едина предност и е тоа што остава убава црна катран боја и што четкичката и` има rotating ефект. E сега, некоја алтернатива на оваа погоре ми е на Мејбилајн оваа маскара. Оваа е многу поефтина, некои си 300 и нешто денари - а е одлична. Четкичката едино не ми е нешто многу погодена, ама како и да е добива солидна оцена од мене.
^ Една финта што јас ја правам со некои маскари кои се океј, ама четката е катастрофа, т.е на мои трепки не ми одговара. На некоја стара сува маскара што ја имаш, не е битно која а четката ти одговара, брцкај ја во оваа на мејблин и со неа нанесувај. Јас така праев со една друга на буржоа, ѓавол ипол беше маскарата, а погрда четка у живот немам видено, мене четката од макс фактор 2000 калории ми е најпогодена и ја користам и за други маскари. Колку толку да се намали штетата. Е сега за маскарава на Буржоа, гледај смени четка може е до четката, зашто некад четката допринесува за лошо нанесување на маскарава. Ама некад и е до самата маскара, слепува трепки. Следен пат си знаеш не ја зимај, или дај и ја на мајка ти ако толку не ти одговара а не ти се фрла Мајка ми има убави трепки, и не и прави толку разлика маскарата, па ако некоја не ми одговара и ја чистам чекатата со алкохол и и ја подарувам, колку толку да не биде дека парите сум ги фрлила во канта Не сум лоша, туку економична, тоа е наследно ми е
јас си ја купив оваа и да ви казам многу сум задволна имам мали трепки и секогас мака мацам со нив но оваа маскара ми помага супер е
Јас користам диор, скапи се но убави... сум користела и на авон, орифлејм итн само четките на авон им се добри, но диор мислам дека се најдобри сепак
Девојки јас имам едно прашање. Колку време маскарата може да седи пред да се купи нова? Имам слушнато 4 месеци, но незнам дали е точно. На пример еве имам купено маскара мислам во декември, и ја користев и користев, после некој период прекинав да ја користам (не од некоја причина туку едноставно не се шминкав), и така си седи..и еве сега сакам пак да ја користам али незнам..пола сигурно има уште внатре..али страв ми е, топло е сега доста, дали е можно да развијам некоја инфекција и сл или да си купам нова?