Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Маски за лице

Дискусија во 'Лице' започната од anste, 19 декември 2009.

  1. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Јас цел живот мака мачам со мрсна кожа и се' што имам употребувано досега се разно разни креми. За маски не ми текнало да ставам, затоа што сум прилично мрзелива за вакви работи. Ама најдов една маска од јогурт на нет за мрсна кожа и баш ќе ја пробам утре, само да купам квасец. Во продолжение еве две природни маски за мрсна кожа.

    Маска од јогурт за мрсна кожа
    Половина чаша јогурт измешајте ја со квасец. Нанесете ја со кружни движења на лицето и после тоа измијте се со топла вода. Оваа маска ќе ви помогне и при намалувањето на црвенилото кое сте го добиле од сончевите зраци.


    Маска од овес за мрсна кожа
    Измешајте две лажички зрна од овес со една лажичка сода бикарбона и на крај додате малку топла вода за да се добие густа изедначена смеса. Нанесете ја оваа смеса на лицето со кружни движења, ќе ви помогне околу тоа да го отстраните мрсниот сјај од кожата, а притоа таа да биде доволно хидрирана. На крај отстранете ја со топла вода.

    Откако ќе ја пробам оваа маскава од јогурт и квасец, ќе пишам првични резултати. Ако ме бендисува и не заборавам да ја правам, ќе продолжам да ја користам.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lattie

    lattie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Ако може препорака за маска што се лупи ама да не е од Авон на планет спа
     
  3. Lining

    Lining Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    185
    Ја практикувам наједноставната ќе изрендам краставица и че ја ставам на лицето и се лежам 20 мин. Кожата си добива доволно вода станува мазна и сјајот на мрсна кожа го нема.
     
  4. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Ти ја препорачувам Peel Off маската на Нивеа за нормална до комбинирана кожа.

    [​IMG]

    Јас ланското лето имав огромна потреба од peel off маска, бидејќи лицето ми беше постанало суво од премногу шминка и сите пори ми беа отворени.
    Па, спасот го најдов во овие маски и тоникот и млекото за лице од Cliven.

    Инаку, немам некоја посебна потреба од вакви креми и маски, до лани не користев ништо, бидејќи фала Богу не сум имала потреба.
    Ама, одвреме-навреме сакам да си го освежам лицето со маска за освежување.
    Во моментов ги користам овие маски:

    http://www.montagnejeunesse.com/face-masks/face-food

    Ги имам пробано тие од морски алги и од краставица и јаболко.
    Иако многумина на интернет ги критикуваат, мене ми се добри, особено таа од краставица - навистина ми го освежува лицето и ми го прави помеко. :)
    Сепак, сечија кожа е различна.
    Се мислев да ја пробам и peel off маската, ама тоа покасно.

    Пробајте ги, ги има во маркетите. :)

    [​IMG]

    [​IMG]
     
  5. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Еве јас да пишам впечатоци од маската со јогурт и квасец.



    Значи истопив еден квасец во микробранова и го оставив да се олади малце. Го измешав со јогуртот и го ставив на мене. И ај викам 2,3 минути нека ми постои. Земав се измив на крај, и кога почна да ме чеша, да ми се појавува некое црвенило на лицето (особено на челото и брадата) ми се чинеше кожата да си ја откорнам. Убаво ја исчистив смесата и се намачкав со крема за лице да ми се намали црвенилото. Еве сега не ме чеша веќе, ама прееска бев ужас.

    Значи невр, евр, евр аген нема да ја повторам маскава. :shake:
    Сега во потрага по некоја нова сум. :D
     
  6. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    Јас ги користам трите маски на Oriflame од колекцијата Pure Skin, растопувам квасец ама без вода да растворам и така го ставам без ништо, и зелена глина, која е многу лесна за употреба, а се купува во аптеките и маркетите....... Исто порано користев маска растворена од една супена лажица мед и исто толку јогурт, ама сега не ја користам, мислам дека користам веќе доволно маски :D ................................. Исто ефективна е маската од прополис од Про Хербис, ама ми е скапа и не ми се исплати, оти го видов составот и можам сама да ја направам, а се состои од мед, глина и каолин :D :D
     
  7. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Сега ќе си ставам маска од зелена глина. Многу е добра. Од виталиа е.
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.967
    Допаѓања:
    81.300
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Оваа ја купив од Тинекс, немам појма што цена беше, ама ефтина е. :)
    Мене ми е многу убава, убаво мириса, немам врска за каква кожа е наменета - јас имам мрсна, па и немаше некој уау резултат, ама убаво ми го освежи лицето и ми беше мекано и миризливо како колаче од јаболко, ма да посакаш да го грицнеш. :wasntme: :D
    И да, количината од едно пакетче мене ми беше дури и многу, па ја разделив маската за два пати, т.е. од двете пакетчиња излезе доволно за четири пати. Баш економично. :)
     
  9. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Jас многу сум задоволна од маските на Aвон,тие на Planet Spa,ги имам овие две лани во Mакедонија ги земав.
    Thailand lotus flower deep pore cleansing mask
    [​IMG]


    A другата не ми текнува како се вика,горе ми е,нешто sea dead minerals во сиво пакувње е,со ситни зрнца,и таа е добра,ми го изманува лицето и го топли кога ке ја ставиш но првата подобра ми е,ми ги намалува порите :)

    E сега да ја спомнам една што не сум задоволна,не знам дали ја има оваа марка во Mакедонија,но ке спомнам оти пак не сум задоволна,па да знаете пред да ја купите.
    Mарката е Mоntagne Jeunesse имам многу маски пробано од маркава и ми се супер,освен оваа од Dark Chocolate за deep cleansing mud masgue,за мирис убаво мириса на чоколадо и портокал,ама кога ке ја савиш на лице,абе го гори\печи :x
    A треба да ја држиш на лице 15-20 минути,два пати и дадов шанса ама не чини :shake:
    Cношти веднаш ја фрлив,ужасна е :doh:
    [​IMG]

    Cамо оваа значи,другите се одлични од истата марка :)
     
  10. meow22

    meow22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    80
    Ја користам оваа и многу е убава, откако ке се исуши се лупи.

    [​IMG]
     
  11. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Најчесто си правам природни маски. Но, веќе неколку пати земам од маските за лице на Balea. Последната што ја земав беше од бела глина.
    Задоволна сум сега за сега. Лицето како бебешко ми го направи. :)
     
  12. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Многу се добри маските на Freeman јас имам една од авокадо и овес, преубаво мириса и ја прочистува кожата одлично! :)
     
  13. Lady97

    Lady97 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    524
    моментално користам маска од зелена глина или си правам домашни и сум многу задоволна :)
     
  14. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    ја користам од кал од авон многу е добра :)
     
  15. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Овие на планет спа што се, за која возраст се од прилика, плус и многу се намалени во овој каталог.
     
  16. meow22

    meow22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    80

    Јас колку што знам немаат возрасна граница, како што има за некои креми за +35 или слично. :)
     
  17. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Ама сепак за 13 години да не бидат штетни?
     
  18. meow22

    meow22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    80
    Ако немаш потреба од користење на маски со хемиски препарати уште сега - одложи го за кога навистина ќе ти треба. Направи си домашна, со овошје, таа сигурно нема да ти штети. ;)
     
  19. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    25.781
    Пол:
    Женски
    вчера си купив маска за лице,и баш сакав да споделам и со вас нешто што и јас до вчера не сум го знаела за маските за лице.козметичарката што ми ја одбираше маската ми кажа дека кога се става маска на лицето,нормално е да почнат да се појавуваат акни по лицето,тоа значело дека маската работи го чисти лицето,не ми се веруваше јас останав ваква :o
     
  20. meow22

    meow22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    80
    Хмм, ми се има случено од гел за прочистување на порите на лицето да ми испаднат некои мали ко мозолчиња, но од маска не.