Маслиново масло ? Па може, ама малку има грд мирис маслиновото масло. Ако може да го поднесеш во ред. И покрај мирисот убав е за кожата. Еве нешто Ќе земеш една лажица маслиново масло и едно јајце. Ќе го изматиш јајцето и ќе го додадеш маслиновото масло. Потоа пак уште малку ќе мешаш. Ќе го нанесеш на лицето да стои 15 тина минути се додека не се стврдне. Потоа ќе измееш обилно со топла или млака вода.
Домашната маска за лице од банана и мед служи за нахранување на уморната и сува кожа. Медот е одлична состојка за природна убавина. Добро средство за навлажнување и омекнување на кожата. Одличен е за мозолчиња затоа што е природен антисептик. Освен за кожата, може да се користи и како регенератор на слабата коса. Бананите се користат за навлажнување на сувата кожа, но исто така можат да се користат и за сува коса. Упатство за домашна маска: 1. Издробете половина банана (а другата половина можете слободно да ја изедете) и направете пире. 2. Во пирето додадете 2 супени лажици мед и мешајте ги додека пирето не се згусне. 3. Нанесете го пирето на чисто лице. За поголеми резултати, пред да ја ставите маската, лицето треба да биде малку влажно и топло. 4. Исечете две тенки парчиња банана и ставете ги под очите. Витамин К што се наоѓа во бананата помага за отстранување на подочниците. 5. Со масажа нанесете ја маската и оставете ја 20 минути да делува. Кога ќе се исуши, измијте го лицето со млака вода. 6. За подобри резултати, нанесувајте ја маската 2-3 пати неделно. Мирисот од бананата е благ и сладок. Кожата ќе се чувствува мека и нежна и ќе има нежен мирис. Нема повеќе да го имате чудното чувство дека кожата ви е цела затегната. Маската е добра и за мозолчиња затоа што медот ја прочистува кожата.
Најчесто правам природни маски (за мрсна кожа), но сакам да ја пробам маската од Avon од краставица и чајно дрво, па прашање до оние кои ја имаат користено маскава: Дали има некаков ефект?
има само моментален ефект али сепак е добра маскава ти го омекнува лицето го прави мазно но мрснотијата ја вади моментално само за тој ден после пак по старо јас ја користам не сум баш задоволна
Природно си е природно. Си правам маски за мрсна кожа и по некое акне и баш се добри. Еве некои што ги користам: 1.Квасец 1/4 и млеко 1лажица (може наместо млеко, сок од лимон, но така немам пробано); 2.Белка и 1лажица сок од лимон; 3.Мед, сок од јаболко и сок од лимон; 4.Ситно сецкано нане (ако може и толчено за да испушти повеќе вода).
маскава ко за мене кога ке имам време ке ја пробам, па ке ви пишам што се случило по измивањето инаку си купив маска од роза од Рефан парфимериите за чувствителна кожа- чека да биде употребена
Сум користела маски од Планет Спа од Авон, и навистина се добри, а сега да ви кажам и една домашна маска што си ја правам секоја недела и навистина има резултати Се зема пченкарно брашно 2-3 супени лажици, се додава малку млеко, мед и бадемово масло и се меша убаво да стане смесата хомогена и не многу течна затоа ќе си внимавате со млекото колку ставате. Потоа ја нанесувате на лицето, чекате 20тина минути да се стврдне и се мие со млака вода. Пробајте, навистина е супер
Имам користено од Авон до сега.Една таа погоре што е од краставица.И сега ја имам онаа од камилица ама не сум многу многу задоволна од неа.
Ја пробав на Афродита оваа маска пред некој ден. Преубава е, се нанесува на лицето и се остава 15 мин. а остатокот се размачкува убаво на лицето, значи не се плакне. На база на вода прочитав дека е, значи дава длабинска хидратација, лицето ми светеше ама не ми беше мрсно го осеќав полно со живот и свежо. Кожата многу поопуштена ми беше сабајлето, мека и влажна. Дефинитивно ќе продолжам да ја користам. Инаку повремено си ги користам овие маски Еднаш неделно или во две недели кога како ќе ми текне да купам, фаворит ми е оваа со бело чоколадо, толку е убава и релаксирачка што ми иде да почнам да ја јадам. Посебен ефект неможам да кажам дали има затоа што не ги користам доволно, ама убави се, релаксирачки, а таа со зелен чај темелно ги чисти порите, со краставичка има за комбинирана кожа и многу ми се допаѓа една со црвена земја што е и таа длабински го чисти лицето. Има и со пилинзи овошни маски и пил оф маски, не ми текнува добро кои ги имам користено затоа што има многу видови, исто таа со кал од мртво море е многу убава. За релаксирање се супер маскиве.
Околу 100 ден. е јас од Космо ја земав, има доволно да се стави од неа 4 пати, на два дела е поделена, а едниот дел јас го користам заедно со сестра ми за да не ми се исушти до наредното ставање
Идеалната маска за ова време од годината, ветрови, снег влага ја сушат кожата и губи еластичност. За сите типови на кожа е, зошто нели на сите ни треба хидратација, некому помалце некому повеќе. После peel-off маската на Нивеа оваа ми е втората омилена. Навлажнува длабински, кожата е нежна, мека и поеластична, како бебешко газе
Сега ги гледам маските од Авон на планет спа и на попуст се по 199ден. и сакам да си земам,ама досега нема користено и незнам која би ми одговарала.Имам комбинирана кожа и имам и црнки,ама во последно време сега од ладното многу ми е сува.Вие која би ми ја препорачале
јас си правам една маска дома и да ви кажам право мнпгу ми е уба.......,се состои од пченкарно брашно и јогурт,се мешат тие 2 состојки и се мачка цело лице,од кога ќе се исуши убаво,се трие лицето да испадни маската и потоа се мие со ладна вода....пробајте,нема да зажалите
Ги обожавам природните маски, и да има и да нема некој ефект јас пак си се шлапам. Најмногу си ја правам маската со белка од јајце и додавам 3-4 капки лимон зашто имам мрсна кожа. Понекогаш и јас самата си експериментирам и правам сама некоја мешавина од продуктите и после секоја маска многу си го сакам лицето така мазничко, нежно и чисто. Вчера ја направив таа со јогурт и мед, ми се допадна. Исто неколку пати ја имам ставено и маската со аспирин и мед и таа не е лоша, го чисти лицето. Си правам и природни пилинзи и повеќе ми се допаѓаат од купечките иако користам и такви кога немам време.
порано користев купени маски но една пријателка ми каза рецепт за домасна и од тогас користам само од неа полесна за правење здравје земате мал сад и во него месате мед и кафе но не турско туку од она едро мелено за масините и нема тоЧна доза правите хомогена смеса и ставате на лицето 20 минути потоа измијте се со ладна вода бидејки ладната е подобра за лицето и ке видите прекрасни резултати за неколку недели,јас обицно ја правам 1 во две недели
Ја пробав маската на афродита за која зборувасе мимс и пре пре пре многу ми се допадна мислам дека ке си купам усте 100 такви ЧД