Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Маски за лице

Дискусија во 'Лице' започната од anste, 19 декември 2009.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.002
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    Маските на Nivea се прекрасни, иако нели навидум се наменети за две употреби, мене ми доаѓа премногу сета таа смеса и си ја делиме со мајка ми, па имаме за четири пати или пак убаво ја подвиткувам опаковката или ја истурам во кутивче од крем и си стои добра смесата за до наредниот пат, зашто понекогаш од едната половинка излегува смеса и колку за три пати. :?:
    Последно ја користев оваа и дефинитивно им ја препорачувам на сите кои имаат комбинирана и мрсна кожа.
    [​IMG]
    Убаво матира, ама воедно ја омекнува кожата и доста хидратантна, не е типична маска со матирачки ефект. :)
    За мирисот нема ни да коментирам - нежен, пренежен.
    Производ на годината ми е, дефинитивно!
     
    На chocolate.chick му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AmyLee5677

    AmyLee5677 Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    5
    Јас си користам домашни маски :D
    За митисери
    -Измешајте мед и пченкарно масло и правите пилинг со смесата
    За мрсна кожа,акни
    -Зелена глина(со малку вода),мед и лимон
    За флеки од акни
    -Изрендан компир,малку сода бикарбона и мед :) (можете и маслиново масло да си додадете)
     
    На Dotraki му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lollipop93

    lollipop93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    88
    Дај кажете некоја маска за лицето или тоник шо знам там на лицето ми се појавија мали брун4енца по целото лице не се познаваат ама на допир ги осеќам и мн ме нервират.Ајде кажете некоја маска за иритирана кожа и сл..п.с на свадба сум уште 4 дена така да побрзајте
     
  4. Imini

    Imini Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    27
    Ми треба маска за смирување на кожата од црвенило, секоја информација е добредојдена :)
     
  5. SEKERLEMA

    SEKERLEMA Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    408
    Дали некој има користено од Vitalia глина за надворешна употреба,во план ми е да купам па ако некој има искуство да сподели?
     
  6. vw-girl

    vw-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    162
    [​IMG] Девојки ја има ли некој сретнато кај нас оваа маска за лице? Ова било супер за лице и имало неверојатно дејство. Затоа сакам овде да споделам
     
  7. Ani.cka

    Ani.cka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    26

    Изрендај сиров компир и нанеси го на лицето како маска, по половина час измите го лицето. Компирот има антивоспалително дејство.

    Исто и краставицата ја намалува иритацијата на лицето и го чисти убаво лицето.
     
  8. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dotraki

    Dotraki Активен член

    Се зачлени на:
    29 март 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Јас ја користам веќе можеби 6 години. Нема нешто подобро што му се случило на моето лице. Имам комбинирана, ама повеќе накај мрсна кожа и откако ставам глина СЕ се реши! Значи првин ја ставав растворена само со вода, но последниве 2-3 години ја користам по друг рецепт: глина, неколку капки исцеден лимон и лажичка мед. Но, претходно гледам по некоја серија 8) додека го квасам лицето со заситен чај од камилица (онаа сувата, од билна аптека - не од кесички!). Ова го правам со помош на оние суѓерчињата што ги има за чистење лице, се продаваат во секоја аптека или козметичарски продавници. Со помош на ова, се отвораат порите, се кваси лицето, и дури тогаш ја ставам маската. Малце подолг ритуал е, ама за убавина се се трпи. :makeup:

    Вреди дефинитивно да се проба!
     
  10. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Морам да ја пофалам маскава,поубаво нешто не му се случило на моево лице. :D Ја обожавам,вреди за секој денар.
    [​IMG]
     
    На Snowbell и mims-89 им се допаѓа ова.
  11. Evellin.a

    Evellin.a Активен член

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    9
    Значи не прочитав дали некој ја напишал, ова дефинитивно е најлесната маска на светот :rofl: ја свиткаш дланката со прстите накај тебе да се направи како вдлабнатинка на среде :D и потоа во тоа, истискаш малкуцка сок од лимон, колку да се пополни вдабнатинката :) потоа ставиш едно мало лажиче шеќер, сеедно обичен или кафеав и тоа го измасираш на дланките ( секако само внатрешната страна) како крема да размачкуваш. И потоа тоа на лицето со рацете и се масираш 3 минути. Не треба да се притиска. Потоа се миеш со млака вода и лицето ти е рај :inlove: :inlove: Ова е погодно за отстранување на флеки, за смирување на мрсна кожа, за прочистување на порите, за освежување на кожата. Не е препорачливо за оние што имаат преосетлива кожа. Исто така, ако ви се појави црвенило по миење, брзо ќе помине. Закон е, пробајте :D
    И п.с : Поради киселината од лимонот, најубаво да користите еднаш неделно ова, не почесто. Позз :*
     
  12. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Од купечките маски, број еден ми се од Афродита. (Посебно таа од бадем)
    Сум пробала и многу други, ама не можат да се носат со овие од Афродита.

    Еве рецепт за една домашна маска. Прави нежен пилинг, го прочистува и измазнува лицето. Го прави многу убаво. Ама не може да знаете додека не пробате, нели секоја кожа е различна.
    -пола лажиче мед
    -пола лажиче какао
    -пола лажиче сода бикарбона
    -2-3 капки маслиново масло
    -2-3 капки млеко (не мора)

    Се меша се заедно и се масира и мачка лицето. После 15 мин. се измива. :)
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.002
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    И јас дојдов да ги пофалам маските на Афродита.
    Мислам дека малку ја промашив зашто конкретно и не ми треба лифтинг ефект, ама сепак е љубов од прво користење и дефинитивно земам друга следниот пат. Набрзина купував, па штом видов краставичка и нешто што ми личеше на алое - одма го забутав во корпата.
    [​IMG]
    Одлично пакување, одлична маска - нуди хидратација на кожата и речиси сум сигурна дека позади пишуваше дека е наменета за сува кожа (се прелажав по краставичката, оти ја има во секоја втора маска за мрсна кожа), ама сепак не ми се создаде таков мрсен сјај на лицето како по употребата на некои други маски.

    Нареден пат ќе ја земам оваа, мислам дека ќе ми стане омилена штом има лаванда. :wasntme:
    [​IMG]
     
  14. blagica1991

    blagica1991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    209
    Како до чисто лице?

    јас пак најдов нешто друго ... домашна маска :)
    Потребни состојки:
    1 супена лажица желатин во прав
    1 супена лажица млеко
    Начин на подготовка: ставете ги двете состојки во помал сад, измешајте ги убаво и ставете го садот 10 секунди во микробранова печка. Со стара четка за нанесување шминка, дрвено стапче или бибо-стапче земете дел од смесата и на задната страна од раката, проверете дали е премногу жешка. Ако не е, можете да почнете да ја мачкате областа на вашето лице, која сакате да ја исчистите од нечистотија и маснотија. Исто како и купените ленти, оставате ја смесата да се исуши на лицето околу 10 минути и потоа одлепувајте. Ефектот е одличен!
     
  15. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Како до чисто лице?

    Леле јас ја направив маскава, како восок е смесата, фацата ќе ми се одлепеше. :D
    А ништо посебно не помага инаку...
     
  16. LGkristal

    LGkristal Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    20
    Како до чисто лице?

    оваа се прави за црнки на носот има и видео како се прави
     
  17. temjanuskaaa

    temjanuskaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    773
    Скиснато ми е од купени маски бидејќи од секоја една се имам разочарано така да сега се ориентирав кон домашно правените бидејќи природно си е природно :D најдов една маска не нет и веднаш ја пробав и одлична е па да споделам искуство...се прави со 4 мали лажички кафе, 4 лажички какао,8 лажички млеко и доколку кожата ви е мрсна ќе додадете 2 лажички лимон како што направив и јас пошто имам мрсна кожа,а доколку ви е сува кожата наместо лимон ќе додадете 2 лажички мед и сета смеса ќе ја нанесете на лицето и вратот и се става да делува 25мин после се мие благо лицето со млака вода и со гел за миење и толку...отпрвин може малко да ви се вцрви кожата но ништо страшно после кожата станува ептен мека мазна хидрирана и блеска како да сте биле на спа третман па топло ја препорачувам ...само да напоменам дека од оваа рецепта излегува многу маска така да може да се смали дозата наместо 4 лажички ставете 2 наместо 6 млеко ставете 3 и сл...инаку јас ќе продолжам да си ја користам редовно бидејќи ми е супер доколку ја пробате пишете искуство :)
     
  18. Buckicka

    Buckicka Активен член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Пред околу месец случајно ја купив маската од Афродита козметика Acne stop и бев презадоволна. И сакав да си купам уште, и цело Скопје го пребарав и не можам да најдам никаде(многу брзо се распродадоа). Дали некој знае каде можам да најдам, навистина се преубави маските и не се скапи околу 35 денари се.
     
  19. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Маската и јас ја барам околу месец дена, и никаде не можам да ја најдам.. Не знам зошто, што се случува со маските, да не не ги добиваат веќе... :?: буквално нигде ги нема. Ако некој знае со сигурност каде ги има, нека не извести :$ :D
     
  20. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Денес ја купив маската за лице од Evelline, па сакам да прашам дали ја има некој користено и дали сте задоволни?