Ги пробав маскиве. Онака не се ништо посебно. Само ме залажуваат дека правам нешто добро за лицето и релаксираат. Мирисот малку не им го сакам. Просечни ми се.
A може ли да ти предложам нешто подостапна варијанта од Орифлејм и Авон? Пробај да ги најдеш маскиве низ Тинекс, јас најчесто од таму ги купувам, но мислам дека ги има и во Космо. Се викаат face food и чинат педесетина денари, две пакетчиња се, но мене смесата во едно пакетче ми е премногу, па си ја делам за на два пати. Значи од тие две пакетчиња имам маска за две до три недели, зависи кога како ја користам, но за 4 употреби е сосема океј. Има различни врсти, мене најефикасни ми се покажале овие две-три. Пилинг маската со авокадо е феноменална и мириса прекрасно, онаа со минерали и алги е за длабинско чистење и малку пецка, но успешно ми ги исуши постарите и новите акни и ги потсреди црнките, а има и со јаболко и краставичка која е супер-освежителна и од неа сум многу задоволна. Спојлер Одлични се и маските на Афродита, малку се поскапи - осумдесет или деведесет денари, но како цел третман се и исто од едно пакетче смесата ми е премногу, па ја користам на два пати. Која и да ја одбереш нема да погрешиш, мене ниту една маска на Авон и Орифлејм не ми прија толку како овие.
Имам многу чисто лице. И кога ставам пудра се запрашувам зошто ставам кога нема потреба,но ајде се чуствувам така посекси што знам. Е сега дали да користам маска независно што ми е чисто лицето(без црвенила,бубулици,црнки и слично? И ако да,препорачајте некоја
se izvinuvam sto pisuvam na latinica, no samo od mobilen imam moznost da se pushtam.. Inaku koristam domasna maska od sol i voda. Stavam sol obicna gotvarska po želba e količinata i malce voda (ke vnimavate da ne e mnogu tecna oti ke vi se rastekuva i ke navleze u oci).. Ja mesate ubavo da bide pogusta i so masirajki ja nanesuvate na liceto... Cekate 20-30min da se stvrdne i ubavo izmivate so mlaka voda. Ima stvarno efekt. Jas imam cisto lice no ja koristam koga treba da dobijam oti togas samo se isfrlam so mozolcinja ili crnki i koga go triete liceto gi vadi mrtvite kletki, crnki i gi sushi aknite.. Posle izmivanjeto se cuvstvuvam osvezeno, liceto mi e mazno ko na bebe i meko.. Probajte ja, mn e efikasna
Независно што ти е чисто лицето сепак му треба нега, земи си обична хидратантна маска, без никаква посебана намена за проблематична кожа, така само ќе си го освежиш лицето и ќе му обезбедиш длабинска хидратација. Оние на природна база се најдобри, имаш на Лавера: околу 200 денари е, многу е нежна и смирувачка. Ги имаш во Космо и во Аптеките Исто и овие јас многу ги користам, со природни состојки се, еднаш неделно е сосема доволно, јас највеќе ги користам за хидратација, зашто и мене ми е лицето чисто само што ми е многу суво и на некои делови црвено. Овие се околу 70 денари, јас на 2-3 пати користам една. Ги има во Космо и по маркетите во Тинекс и Веро имам видено.
Денес си ја купив Peel off маската на Нивеа. И мислам дека ептен утнав. Ваквите маски што се отсрануваат со лупење се обично наменети за чистење на кожата и се за мрсна кожа. Плус маскава содржи алкохол па ми ја исуши дополнително кожата. Интересен беше само начинот како се остранува. Не би ја купила повторно.
Најчесто ги користам маските од Авон бидејќи многу ми се ептен погодени и доста исплатливи. Ги имам пробано скоро сите. Омилена ми е зелената со маслиново масло бидејќи ми ја остава кожата мека и мазна. Маската со минерали од мртво море ми има малку јак мирис, но е одлична кога нема неколку вечери по ред да ја извадам убаво пудрата од лице па ми се собираат нечистотии и ми се мрси, е за такви ситуации оваа маска е измислена, го чисти лицето многу добро. Маската од саќе и ориз не ми е меѓу омилените од причина што треба да се лупи и тоа баш не ми е пријатно, но е добра за оние со црнки и акни. Таа што е со глина има многу убав мирис и интересна ми е бидејќи на крај кога ќе се исуши станува бледо розева инаку и таа е за хидратација. Доста е за Авон маските да не ме разберете погрешно Исто така си правам и домашни маски од кафе и мед и лимон. Маската со кафе ми прави пилинг на лицето и таа ја користам и за пилинг на цело тело, а таа со мед и лимон ми го смирува лицето кога ми е нафрлано.
Од Нивеа сите маски за лице им се преубави.Не прават иритации на лице, го хидратираат доволно, го омекнуваат лицето, и се друго што е потребно. Мене ми се совршени. Доста долго не сум зела некоја, треба да си земам некоја деновиве.
РЕЦЕПТ ЗА МАСКИ ЗА ЛИЦЕ Ајде напишете некој рецепт за маска за лице кое сте ја направиле и за што ви служела
Моментално ја имам оваа маска за лице Ја користам за време на викендот, т.е еднаш во неделата Ја ставам на лице и оставам да делува 10-20 минути,потоа се мијам и толку. Лицето е освежено и хидрирано, спремно за нова работна недела.
Јас ја користам и задоволна сум... Еднаш неделно, ја ставам и чекам да се исуши, некои 5- 7 минути... Го чисти лицето од мртвите клетки, задоволна сум. За каков тип на кожа е? Од сликата не можам да видам баш најубаво...
^ Маска за хидратација е, така што најпогодна би била за оние кои имаат сува кожа, но на секој тип лице му треба хидратација, така да ништо страшно и ако ја користат оние со нормална, комбинирана и мрсна.