Маскава е со кал од Мртво Море за нечиста кожа,вечерва го измив лицето и ја пробав ама почна многу да ме пече и одма се измив страв ми беше да ми стои 15 минути,па незнам дали е тоа нормално.Ја имам користено Балеа претходно со цинк оксид,пред тоа Авон исто со кал од ММ ама не сум осетила печење никогаш.
Жал ми е што ги нема Freeman маските кај нас, има прекрасни видови. Мојата е со јагоди и чоколадо, прекрасно мириса дури и кожата ми мириса после ставање. Содржи глина, многу е густа па затоа многу малку е потребно за да се прекрие цело лице и плус се исплаќа за цената (мислам дека околу 5 евра беше). Јас имам сува кожа па затоа од после го чуствувам малу посуво челото но после ставање на крема се губи тоа чуство, но не ми предизвикува лишаи. После ставање лицето ми е чисто и миризливо
Може јас да ти препорачам една домашна природна маска. Оваа маска случајно ја пронајдов на Ју Тјуб од една индијка. Корисна е за акни, митесерии, подочници,брчки за сјај на кожата, значи може да се нанесува и внимателно под очите. Јас ја користам со месеци, два пати неделно и ефектот е прекрасен, кој пробал знае. Видеото ќе го постирам да го погледнеш, состојките куркума и брашно од наут може да се најдат во сите продавници за здрава исхрана и не се скапи. Се надевам ти помогнав.
Колку пати во неделата е препорачливо да се користи маска за лице, на производот ништо не пишува. Се мислам до 2 пати неделно, ама шо знам.
Има некои еднаш некои 2 до 3 патии .. јас еднаш двапати ставам некогаш и 2 патии само у месец зависи како .. тие од авон на сите има дека 2'3 пати да се користат .. валјда и за другите е така
Обично користам маска за лице еднаш неделно. Досега 2-3 пати ја имам порачано оваа од планет спа и можам да кажам дека е одлична. Откако ќе ја измијам лицето ми е меко, мазно, живнато и има посебен сјај и свежина.
Imam uzasni problem so liceto , polno mi e so potkozni bruncinja kako akni samo vnatresni,od drugastrana izgledam kako 30 godisna zena a imam samo 22. Kazete mi nekoja maska za podmladuvanje na liceto i potkoznive akni. Fala vi odnapred
Испитај хормони.. јас имав такви акни пред 8 години отидов на ендокринолог и ми даде упат да испитам хормони и да направам ехо на јајници , и испадна дека имам проблем пиев апчиња ми препишаа терапија и ми помина сега лицето ми е чисто
Прво ке закажеш кај интернист ендокринолог , таа ќе е посоветува понатаму што да правиш , а претходно ќе го кажеш твојот проблем. Ќе ти даде упат да испиташ хормони потоа ќе треба да направиш и ехо на јајници. Јас имав некои цисти но се појавуваат одвреме навреме , не ми каснеше многу мензисот но еден од хормоните ми беше покачен. Јас одев кај една докторка во К.Вода ако сакаш ќе ти дадам број да и се јавиш. Направи си едно испитување не е лошо , зашто вака мачкаме се и свашта на кожата а некогаш проблемот е од внатре
Морам да ја пофалам маската за лице од планет спа со медитеранско маслиново масло за хидратација.Долго време барав маска што ќе одговара на моето суво лице и конечно ја најдов.Другите маски ми ја сушеа кожата,особено челото и носот,додека оваа ми го прави нежно и меко,дури немам потреба од крема,не би ја менувала
Дали ја имаат донесено оваа кај нас? Гледам дека е нова, па ако некој ја забележи нека пише. Инаку е гел и маска, 2 во 1, наменето е за млади.