Те гледам често прашуваш за маските. Од каде ти се купени? Истите ги има и во ДМ овде. Најдобронамерен совет - освен ако некоја иста маска не ја повторуваш мнооогу долго време, шансите дека ќе ти стане нешто од еднаш се минимални. Така да, мачкај си се. Иначе одлична е оваа што ја имаш постирано, како и сите други од истата марка... За чистење на лице се. А и отприлика се повторува истата терминологија... де мртво море, де чистење. Мислиш па којзнае колку јаки се за тие пари. Испробај си ги сите, види од која си најзадоволна според чувството на лицето отпосле и користи си ги тие.
Ми ги донесоа моите од германија и не знам која за што е па дани се пријави дека кога ке сакам некја да користам да ја тагнам да ми каже..Сепак ви благодарам и вас на советите..
Здраво Феминки. Дали сте користеле маски од ориз? Видов на youtube користењето на маски со ориз и оризова вода биде јапонска тајна за младешки изглед?
Другите беа побрзи. Оваа е наменета за проблематична кожа односно против акни и митесери. Употребата како и кај останатите.1-3 пати неделно, се нанесува на миено лице и се остава да делува околу 10 минути. Потоа се плакне со млака вода.
Од ДМ имам користено на 7th heaven.Мислам дека овие беа,ако не грешам. Ги купив околу 60 или 70 денари,мислам дека беа за намалување на порите и си ја вршеа работата.Беа со миење,не со лупење.Главно,ми се допаѓаат,ама мислам дека е поисплатливо да купиш маска во поголема количина,отколку вака за неколкупати.
@Biodevojka ли некој друг. Си купив зелена глина и сакам да правам маска за лице. НА опаковката стои стандарден рецепт односно процедура за подготовка на истата. Наведено е за екстра сува кожа да се нанесе малку масло предходно. Искуство или рецепт околу ваквите маски?
Имаш кокосово од тегличка? Можеш да додадеш такво. Јас ставам масло од јојоба и активен јаглен во зелената глина и многу ми се допаѓа како ми делува. Можеш и било какво масло, секако предност би било истото да биде органско, меѓутоа секако немаш штета.
Помислив да купам денес, ама имам дома, а тука за толку краток период не би го потрошила и се попишманив. Во моментов имам од невен, бадем, сусам, кантарион и маслиново. Кое би било насоодветно?
Заборавив да напишам дека слободно можеш да ја измешаш смесата и со малку алое вера гел и така е убава маската. Можеш да ставиш од било кое од овие што ги наведе, мој предлог се невен или маслиново како типични масла наменети за сува кожа. Барем јас ги перцепирам како такви.
Драга ако се сеќавам добро ти имапе дерматит или егзема и екстремно сува кожа. Никако глина, особено не зелена!!!! За тебе најдобро би било нишесте со оглед на тоа што каолин (бела глина) не се наоѓа кај нас. Евентуално да ја направиш со мед, маслиново масло и глина и да држиш не повеќе од 3 минути. Глината има голема апсорбирачка моќ. Не знам тебе за што ти треба. Поздрав.
Јас веќе ја пробав и дојдов да ја исфалам . За конкретниов дерматит, себореичен, прочитав на многу странски форуми дека е делотворна па во моменти на очај пробав. Ја набавив онаа од виталиа, од зегин зедов и уље од невен и гел од алое вера. Исто така препорачливи за оваа состојба. Предходно лицето го поминав со уљето а потоа ја додадов сметата од предходно измешаната глина во прав, гелот од алое вера и малку вода, колку да се добие конзистентна смеса. Го нанесов на лицето, чекав околу 20 минути, и потоа го исплакнав. Потоа се намачкав со крема на база на невен( оваа била добра кај овој вид дерматит). Не ми се верува на резултатот после само една маска. Црвенило ми е за 50% намалено. Ти го погледнав блогот, видов дека имаш и антицелулитни маска кои се подготвуваат со зелена глина, какао, сол и етерчично масло. Мислам дека ќе направам и таква, да се искористи глинава.
@Biodevojka си користела ли црвена глина до сега? Не знам ни дали ја има во Македонија, ја гледам одамна на iherb.com
Ме натера ѓаволот и мене да купам вакви,па едвај си го оправив лицето.Ми излегоа брунки и маската мерисаше на кинеско.Девојки, не се залажувајте со овие маски,од искуство ви зборувам
Одлично драга, ете гледаш човек додека не проба не знае. Кај секого различно делуваат работите. баш ми е мило што ти помогнала. Обично други видови на глина се препорачуваат за твојата состојба, ама најважно е нештото да помогне. Поздрав. Одлична е црвената глина ја имам пробано. Овој вид на глина е богата со железо (одтука и бојата е црвена) и сиромашна со алуминиум, и одлична за многу чувствителна кожа која лесно се вцрвенува или иритира. Црвената глина се препорачува за маски за чувствителнa и сува кожа, па дури и во случај на дерматитис. Одлична е и како маска за темето на косата.
Јас 2 години ги користам и ништо немам, дури и сум презадоволна и ме планирам да ги сменам. Убаво си пишува на паковањето прво да провериш да не си алергична на некои од состојките. Дома кај мене сите ги користат и никој немал до сега никаква негативна реакција.