Така може Океј е и за 3 пати нека е само не е фрка зашто за 60 денари само за едно корисење мене ми е ту мач пари некако. Ја до сега константно со години само на авон ги користев на планет спа, супер се само ми се смачи мирисот сакам нешто ново да пробам па дефитивно ќе биде оваа
И мене ми траат како за повеќе користења овие маски. Од двојните пакувања на Балеа исто така вадам маска како за 4-5, понекогаш и 6 пати. Зависи колку имам потреба да нанесам. Повеќе се исплатат овие според мене. Ме нервираат големи стандардни пакувања затоа што не можам да експериментирам, а со маските за лице сепак сакам. Интересно ми е да пробувам секакви видови.
Готово ме убеди, продадено Земам плата во среда и на пауза во ДМ одам да земам една, веќе и знам која
@Biodevojka Dali mozebi znaes kade mozam da gi najdam proizvodite na Olival go Skopje? Ednas ti mi imase preporacano micelarna koja ja kupiv I super bese, sega sakam da ja zemam maskata za lice. Ama standot vo Ramstor e zatvoren I nz kade da baram..
sakam da prasam dali nekoj koristel crna maska za lice?gledam na instafram videa davala dobri rezultati
Здраво драга и јас забележав дека штандот е затворен. Не знам каде точно се префрлени, побарај информации на нивната фејсбук страна. Поздрав.
Имам мн ситни цркни по лице не личат баш на цркни и мн како ситни мозолчиња што ич не се познават. Мислам дека црната маска ќе ми помогне ми треба искуство од вас дали вади се?
Само што ја пробав маскава од ДМ. За сите кои ме прашаа - цената е 175 денари и тубичката е од 80мл. Ја пробав прв пат пред малку и можам да кажам дека е далеку подобра од црната маска во кесичка од Балеа. Поконцентрирана е, има малку потечна формула, меѓутоа многу бргу се суши и лесно се вади во еден потег дури и при потенок слој (за проба ставив прилично тенок слој на некои места). Ми ги извади повеќето црнки од носот (само таму имам поизразени црнки), меѓутоа не ми се допадна тоа што не ги извади воопшто оние поголемите и позрелите црнки (и не ми е јасно како излегоа на површина со само мало допирање со нокт, а маската не успеа да ги искорне, ама ок), а сето останато си беше залепено на маската кога ја тргнав од лице. Засега толку можам да кажам, сепак ќе си дадам време за да видам како и колку треба да нанесам за да ми ги задоволи потребите. За мозолчиња не верувам дека би помогнала, меѓутоа фина е за црнки.
Дали ја користи некој оваа маска со јаглен од вас девојки, ги вади ли црнките да ми кажете, пред да фрлам џабе пари за уште еден производ? Цена?
@xxAngelxx Јас имам напишано мислење за маската малку погоре, можеш да прочиташ. Ми се допаѓа, убаво ги вади црнките само треба добро да се подготви кожата пред да се нанесе, инаку нема да функционира воопшто.
@xxAngelxx за разлика од @Mishela јас имам баш спротивно мислење, мене ништо ич не ми вади. А пробав на разно разни начини да го спремам лицето пред да ја нанесам, и во нанесувањето пробував де потенок де подебел слој, пробував да ја држам пократко па друг пат подолго, и на ниту еден начин на употреба не ми извади ниедна црнка од лицево.
Су Јас ќе ја купам сепак не е скапа. Инаку ми е потребна само заради црнките на носот. Ги пробав лентите на Нивеа кои чинеа 270 денари, апсолутно ништо. Најдобро ги отстранувам со стискање, ама ајде да ја пробам маскава па ќе пишам за ефектот секако.
Пробајте да го држите лицето над пареа - јас ставам неколку кесички (некој поевтин) чај од камилица и го парам лицето покриена со крпа. По десетина-петнаесет минути ставам или трака од Balea nose strips или од оваа црна маска. Ефектот ми е ист и црнките се извадени 80%, тоа за мене е многу. Поситните и оние кои се на попроблематични места, нормално дека нема да ги извади, тие ги вадам со алатчето за чистење црнки, тоа што е како увце од игла.
Истото и јас го правам, само со зелен чај. Истата црна маска од дм, добра е но вчера приметив во состојките дека има polyvinyl alchohol и alchohol denat а алкохол треба да се избегнува на кожа, незнам што типови на алкохол се овие, некој да не има инфо дали се штетни?
Да си кажам мислење за црната маска на Revuele. Го парев и лицето и се што е потребно, но ништо на виделина, пробав и со потенок и со подебел слој. Позитивното е што после користењето на маскава, забележувам дека кога ги стискам црнките со палома и прсти, полесно излегуваат, избиваат на површина да кажам. Ја користам веке втора недела, по два пати неделно.