И мене ме интересира, веројатно треба да ги има во поголемите маркети. На македонската страна на Биотен на фејсбук ги рекламираат што значи дека веќе ги има и кај нас но бидејќи не сум од Скопје помислив сигурно тие што се можеби ги пробале.. Навистина сум љубопитна
vejke ja zedov nemam suva koza imam normalna nakaj kombinirana ama dobro mi se pogodi pa sakav da prasam od ziaja osven kozjo mleko drug vid na maska ima li?posto ne kupuvav licno drugi kupuvaa za mene i mi rekoa deka togas vo momentot druga nemalo
Има од какао мислам за хидратација, дурги не знам какви има ама отприлика со секоја колекција за секој тип на кожа има и маска, па какви креми има би требало да има исти такви маски.
Чоколадната на ziaja го мрси повеќе лицето, таа е за сува кожа. Јас сакав да прашам дали и вас ве печеа очите кога ја нанесувавте плавата маска од Зиаја?
Мене од сите ме пече. Сега ја користам од маслинки... Пред тоа од какао мислам беше, не чоколада. Дека е мрсна се слева, прво на трепки па во очи на крај. Ама за зима маските се покажаа предобри. Мрсни се сите, а јас имам проблем, зима ми се суши кожата + употребувам некоја крема со киселини.
Не ме пече таа од козјо млеко, најубава ми е. Да, во право си од какао моја грешка. Таа од какао ја ставив еднаш и повеќе не, ми стои отворена така божем за некој сув дел ама гледам не ми се суши кожата зимово. А таа плава сега ја пробав и многу ме печеа очите, ќе видам како ќе биде со кожата во теков на неделава дали ќе е помалку или повеќе мрсна. Таа со козјо млеко ја намалува мрснотијата и бавно ми се троши, дека ставам по малку.
Сега гледам. Нееее, јас ги немам најдено, немам ни побарано додуша. Купив еден пилинг од Лаш, Аква марин, и си ја земав пак Маск оф магнаминти, и скроз заборавив на овие од Биотен. Ама ги пробав тие од ДМ што се по 2 маскички, 52 денари, ич не ми текнува на фирма, и баш се кјут.
@DAngel, имаш и ваква загревачка маска во ДМ. Ја има низ сите маркети оваа, чини околу 50 денари. Црвениот дел е за таа намена. Спојлер Супер е, само помалку ми трае од Балеа. Има 6мл во една кесичка и убава е како третман да се искористи прво црвената кесичка, па после да се направи пилинг со портокаловиот дел.
Конкретно овие можеш да ги искомбинираш така, си одговараат. За другите не сум сигурна зашто не ми се разгледани сите, не сум имала прилика.
Пилинг маска е, убаво ја чисти кожата од мртвите клетки. Не суши, многу убаво мириса, класична ексфолирачка маска. Ми се допаѓа мене.
Имам една маска од Фармаси, од зелен лимон. Ама не сум задоволна. Како ништо да не сум ставила на лицето. И таа е ексфолирачка.