Ги пробав баш викендов маските од Глина на Лореал, и баш сум задоволна од портокаловата. Коа ја нанесувам од неа ставам малце подебел слој и убаво масирам на носот и меѓу веѓите (кај што имам црнки) а на другите делови ја ставам зелената-од неа не ставам толку дебел слој. Преубаво се осеќа лицето после тоа, но претежно гледам разлика кај носот и челото. Океј е и зелената но искрено подобар ефект добивам од 7th heaven кои се поевтини плус се со прекрасен мирис. (Двеве мирисаат чудно, не грдо но далеку од убаво) Цениве им се солени, вели 10 користења а една е околу 500 денари (некој денар под 500) ама малце сум скептична дека ќе траат толку. Црната беше потрошена коа бев да ги земам, на два ума сум дали и неа да ја докупам. Сепак не се воопшто евтини.
И јас имам читано за црвената дека е добра и баш ќе ја купам и јас затоа што гледам дека си и ти задоволна. Веќе ти пишам не сум задоволна ниту најмалку од црната ама сите имаме различна кожа можеби тебе ќе ти одговара.
Voopsto ne se skapi, vpecatokot deka e skapa e zosto od ednas 500den. A onie vo kesicki balea i slicno se od 50 pa nagore. Taka da ne se skapi ic
Црната маска како крпа што е ја користел некој..? Ја имам дома но незнам како се користи дали потоа се мие лицето или не..И дали е за една употреба..?
Ги имам користено сите освен онаа со мед и зелено-сината (втор ред, прва од лево). Сите се убави, ниту една не ми ја суши кожата (имам комбинирана кожа), за цената се повеќе од одлични. Води се по твојот тип на кожа и нема да погрешиш во изборот. И обавезно читај ја декларацијата на Македонски позади на пакетчето, ќе ти олесни во изборот дополнително. Првата е интересна, како емулзија е и не се мие, туку се отстранува со памукче. За секаков тип на кожа е.
Им го фатив штосот на маскиве од Лореал. Парам убаво лице, ја ставам портокаловата маска, масирам убаво на носот и челото, ја мијам па ја ставам зелената. Зелената ја држам кратко, 10 макс, првата ја оставам подолго. Зелената ме пече кога ја нанесувам, не ми текнува претходните пати како беше ама сега ме печеше. Ми го затегнува лицето ко лифтинг да сум правела. Ќе видам резулатат утре, ме интересира дали себум ќе ми лачи повеќе или помалку.