Денес во ДМ ко да видов дека ја спремаа црвената маска од глина на Лореал на акција, само немаше уште цена оти беше рано. И да, дефинитивно е најдобра од трите бои, таа и Маск оф магнаминти на Лаш ги трошам веќе четврто пакување. Чисто информативно ова.
Тооо Мишелке Немаше смисла сабајле уште на неставена цена да ја купам. Кај чекавме пред врата да отворат, уште тоа фалеше
Сабајле - едно станување, веднаш кликање на каталогот на ДМ. И јас се нацртав од сабајле. Ама како и да е, понудата е одлична, не се пропушта.
@Doozy @Mishela Девојки ако може да ми објасните за што се користи црвената маска што ја коментирате погоре? И за каква кожа е? Не сум користела многу маски до сега, чат пат некоја од овие на Балеа, и пилинг си правам, но баш се заинтересирав сега и јас.
Црвената маска е за изедначување на тенот и матирање. Јас немам некој голем проблем со лицево и користам многу препарати за нега, но маскава ми е многу пријатна, чисти нежно и фино ми мириса. Зависи за што ти треба ама мислам дека нема утка да направиш ако си со намера да си земеш маска за повеќекратна употреба.
Откако затопли времево почна да ми се мрси Т зоната, значи од сува ми стана мрсна наеднаш, и почнаа мозолчиња да ми се појавуваат повремено. Другите делови од лицето ми се суви. Па се надевам ќе ми одговара, да ми ја среди малку Т- зоната, а и претпоставувам нема да ми го иритира остатокот од лицето кој ми е посув?
@Doozy ти си ја користела mask of magnaminty, па ако не ти е проблем направи споредба со оваа од L'oreal?
@Luminary не би требало, баш мислам дека ќе ти одговара, маската е многу нежна. @Rebecca_R мене тие две ми се сосема различни, некогаш ги користам и една по друга, а на крај завршувам со таа маска на Афродита за хидратација. Магнаминти е посилна, повеќе чисти, баш е направена за нечиста, мрсна кожа. Јас кога ја ставам чувствувам како ,,влече". После користење, лицето ми е матирано, некогаш дури и суво. Брзо суши акни. Црвениот лореал не влече, ама пак убаво чисти и изедначува, како некој понежен скраб. Мене црвената глина ми помага побрзо да ги снема флеките од акни. (Не дека имав којзнае колку ама на образите имав по 3-4 досадни и упорни, минуваа за два дена, а флеките стоеја со недели.) Ако ти е само за брзо сушење на акни, го препорачувам тоа на Афродита тубичето Remove spots, ги суши со брзина на светлината, но тоа не е маска туку е такво, тубиче и ставаш врз акната. Знаеш јас каков здравствен проблем имав и маскиве, гелот за миење на Ла рош росај (така ли се чита, петпати заборавам) во комбинација со тубичево, ми го одржаа лицето во сосема солидна кондиција. Зелениот лореал е направен да биде со таков ефект на влечење ама мене ми немаше споредба со Магнаминтито. Црната маска ја немам пробано, некако не се ,,палам" на активен јаглен. Освен црните лепенки на Балеа, е на нив се палам.
@Doozy значи станува збор да два сосема различни производи. Во тој случај, треба да се искористи акцијата. Инаку маск оф магнаминти е првиот пилинг кој го имам потрошено до крај, навистина е прекрасна за "груб" пилинг. Штом црвениот лореал помага со флеките и мене ке ми одговара, имам и ја такој проблем. Лепенките на балеа се a must, јас сум навистина изненадена од нивната ефикасност. Многу ти фала.