Јас зависи од состојбата на лицето. Обично ставам два пати во неделата, а по потреба и почесто. Во лето кожата често знае да ми дехидрира, па се случувало да си правам комбинации со маски и наутро и навечер.
Peel off маските доволно е да се ставаат еднаш неделно. Секој ден може да се ставаат некои понежни домашни маски со масла или оние sheet маските натопени во некоја смеса. П.С. Сепак не треба и да се претерува со нанесување маски. Затоа реков, доколку има потреба некоја ќе си процени дали треба да зачести со негата или да остане на старата рутина од 1-2 пати неделно. И домашни и купени, обожавам маски за лице па ми се наоѓаат секакви.
За хиперпигментација што би препорачала. Летно време имам ,,проблем,, Магдонос и кисело млеко ја прават кожата седеф, ама не помага многи-многу
Овие ги немам пробано на себе, па не знам колку би ти помогнале, ама еве што ќе ти треба за да ги направиш: 1/2 или 1/4 јаболко (зависи од големината) 1/4 каф. лажичка рендан ѓумбир (свеж) 1 каф. лаж. црно вино каф. лаж. мед Сите состојки ги мешаш во блендер сè додека смесата што ќе се добие не стане кремаста и изедначена. Се нанесува на целото лице (без делот околу очите) и се остава да стои 10 минути. Другата е маска со нишесте и ананас. 1-2 каф. лаж. нишесте 1/2 каф. лаж. мед 1 каф. лаж. свеж сок од ананас 1/2 каф. лаж. јогурт Исто, се мешаат сите состојки во сад додека не се добие изедначена, кремаста смеса и се нанесува на лицето, избегнувајќи го делот околу очите. Стои 10 минути и се мие со млака вода. Ако има потреба да се коригира смесата, може да се додаде повеќе нишесте или јогурт/сок од ананас. Зависи каква густина сака секоја.
@Mishela а некоја за хидратација ако не ти е тешко да споделиш? Било да е купена или домашно припремена. Ти благодарам.
2 каф. лаж. шеќер во прав 1 каф. лаж. јогурт 1/2 каф. лаж мед Се меша додека не се добие еднолична смеса и се остава на лице 10 минути. Може да си правите и варијации - наместо јогурт да се стави млеко, наместо шеќер какао и сл. По желба.
Пробај, иако не верувам да ти се спојат состојките исто како со медот, т.е. ќе се спои се ама ќе биде многу течно, па количината на состојките во прав ќе варира во тој случај.
Женски да препорачате маска за мноогу проблематично лице мрсна кожа со акни а да не се на Балеа затоа што сите ги имам купено и освен што ми е освежено лицето 5 минути нема никаков ефект.
Дали си пробала зелена глина? Секој има различно искуство со глината, ама лично мене многу ми помага. Лицето го осеќам длабински чисто по употреба и мазно, а исто така и акните многу ми се смируваат. Плус и јас имам мрсна кожа и мислам дека е одлична за мрсна, дури и малку ја суши, обавезно ја хидрирам по маската. За сува кожа не би ја препорачала.
Вчера купив меѓу тоа истото го пишува напред а амбалажата различна си помислив да не ја смениле да не направив грешка за митесери е нели