Не е истата маска. Таа од твојата слика е загревачката маска, во ново пакување. Другата е маска против црнки и различни се.
GLAMGLOW маските за лице ги има ли некој користено да ми каже искуство? Со оглед на ценава, прават чуда или?
@Leat јас ја имав користено оваа Добра е, ок , но искрено пак не би земала , исто така за помалку пари се наоѓаат многу фини маски оваа конкретно беше за свежа- сјајна кожа.
Можеш да ми препорачаш некоја? Сакам да земам бидејќи моментално во мојата нега не вклучувам маски па би пробала
За каква кожа ти треба? Јас имам мрсна кожа и моментално ја користам на Lush Mask of magnaminty , и многу ми се допаѓа , по некое време се здрвува и потоа се измива со топла вода. Кога ќе ја нанесеш на лице ќе осетиш и чувство на ладење поради маслото од пеперминт внатре. 125 гр е 395 ден.
Пред некое време читав за маска од Балеа што ги отвара порите, ги поминав сите претходниот пат кога бев во ДМ, мислам дека беше маска со црвена боја, не најдов таква, си ги купив оние лентине за вадење црнки само. Може некој да стави слика која е точно сега, да не смениле амбалажа пак?
Ти ја препорачувам онаа маска со минерали од мртвото море. Во светло сино пакување е. Прави пилинг на лицето.
Мене оваа маска ми предизвика непријатно пецкање и чувство на жежење, а не би требало да има таков ефект. Ставив од маската и ја измив по неполни 2 минути. Нареден ден ставив друга маска на балеа (reinigende maske) и немав проблем. По неколку дена повторно ставив од маската со минерали од мртво море и повторно истото. Веројатно некоја состојка не ми одговара, а до сега се нема случено такво нешто.
Купив едно пакување (кое има за два пати) и ставив еднаш, ама мислев дека има некоја причина зошто чувствувам пецкање, па си реков ај за некое време ке пробам пак. Ама и вториот пат беше исто, значи не е до моето лице, туку до состојките. Заборавив да напоменам дека откако ја измив маската по неполни две минути, имав црвенило на лицето.
Вчера си правев маска за лице од сок од домат и од сув магдонос Доматот треба убо да се исцеди во цедалка за лимон и во исцедениот сок да се додаде малку сув магдонос и да се промеша убаво па да се намачка убо лицето и се така да стои 20 минути и потоа да се измие со студена вода Досега сум правела многу домашни маски за лице ама никоја досега не ми го направила лицето толку бело и меко како оваа.. Оваа маска е одлична. Нема да згрешите ако пробате
Маскава ја употребив. Лицево-путер. Кој ја употребува, да ме тагне, и да ми пише- на колку време ја употребува за да има полн ефект? Еднаш неделно?
Некоја искуство да сподели со маските на REVUELE? Планирам да нарачам деновиве па би сакала да сподели некој искуство.
Јас ја имам црната маска што се одлепува и не сум задоволна. А другарка ми се жалеше и дека и се појавиле мали топчиња, односно се исфрлила од неа.
Имаат сеа гледам некои нови.. до сега маски немам купено, но од другиве производи сум многу задоволна. Фала ти сепак, може треба убаво да се распрашам пред да го купам