Јас црната маска од брендов ја користам веќе една година. Презадоволна сум, многу убаво ги вади црнките и само треба да се внимава да се нанесе во подебел слој и да се почека малку повеќе за добро да се стегне. Пред маската задолжително нанесувам загревачка маска за да се отворат порите и немам гајле. Досега не ми се случило да одлепам празна лента со неколку црнки на неа.
Nekoja maska za lice do kaj 100 denari od balea ili bilo koj brend da go osvezhuva liceto i da dava sjaj ?
Ја има користено некој маскава? Немам проблематична кожа, среќа немам акни. Челото и носот наутро најчесто ми се мрсни, остатокот од лицето не ми е. Но ми звучи привлечно "Pore Refining mask". На нивнава страна вели дека ги чисти порите, дека е природна глина, богата со минерали и ја прочистува кожата од мрснотии и ја хидратира. Не можам ваљда штета да си предизвикам само зошто немам акни?
Предлог маска за лице за мрсна кожа склона кон акни? Зелената глина ми беше супер, али кога ќе се сетев дека треба да мешам, се откажував, а и ми здосади барам некоја готова. И не од тие по една-две како на Балеа, туку за повеќе употреби.
Јас ја имам користено. Задоволна сум од маската, особено приметив разлика дека лицето ми е помалку мрсно откако ја користам.
Итно ми треба нешто за флеки од стегање на мозолчиња, реално не е ситуацијата алармантна како што ви ја претставувам, ама чувството е подруго. Да видам дали бива без дерматолог. Маска за флеки значи?
Глоси има многу маски домашни за флеки ( со лимон, краставица, домат ...алое ), кои се и најдобри за лице и кожа воопшто. Ако ти се мачка, супер. Ако не, барем таа со сода бикербона можеш да ја правиш секако. Друго не знам освен третман со овошни киселини и сл.
Здраво , искуства со маскава ? Првпат ја земав од Дм , инаку претходно користев на балеа . Имам нормална кожа склона кон црнки.
Маската DALTON Marine Cosmetics - Beauty Mask ми е омилена Ја земав по препорака на дерматолог и сум презадоволна. Претходно се залажував со маските од дм што се за еднократка употреба, но сметам дека не се толку ефикасни, а и со една употреба не може да се постигне долготраен ефект, треба редовно секоја недела да се нанесува, а и 100 ден. за една употреба е многу. Јас оваа ја користам со месеци (најмалку 20 пати ќе нанесам, вообичаено еднаш до два пати неделно) и доаѓа по 75 ден. од нанесување. Инаку мене маската ми помогна да се справам со црнките, ги намалува порите и ги чисти. Исто ако имам црвенило, веднаш ми го смирува, ми ја хидрира кожата и чувствувам како ми станува помазна и помека по употребата. Содржи уреа, морски минерали, камфор и хамамелис. На нивната страна на фб (еве линк) прочитав дека го спречува и предвременото стареење на кожата. Препорачувам! Инаку Glossy-girl, го прочитав твојот коментарот и мислам дека оваа маска ќе ти помогне, мене по 2-3 недели употреба ми ги избледе флеките од акните
Здраво sofija014, цената на маската е 1.500 ден., ја купувам од аптеката Еурофарм во ТЦ Рамстор во Скопје. Не е ефтина, но сметам дека вреди за квалитетот
@Biodevojka те молам препорачај ми пилинг маска за осетлива кожа за лице? Може и некој домашен рецепт плус, само да не е со мед. Благодарам Може и некој друг ако има препорака да ми каже
Ми искачаат понекогаш црнки на лицето, па сакам некоја маска што убаво ќе ми ги вади. Читав по нет нешто дека на Балеа со активен јаглен била убава, па сакам и вака препораки да слушнам, дали да ја земам? Или има и подобри? Препораки се добредојдени
За чувствителна кожа мојот омилен рецепт е кокосово брашно со кокосово масло...направи убава смеса од двете состојки и нежно прави пилинг на лицето. Може да направиш поголема доза затоа што трае до 6 месеци на собна температура. Поздрав.