Маски за лице

Дискусија во 'Лице' започната од anste, 19 декември 2009.

  1. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    9.521
    @Biodevojka може ли да ми кажеш или да ми пратиш линк од статии, ми треба маска за избелување флеки од лицето.
     
  2. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    5.267
    Пол:
    Женски
    Здраво драга може да направиш некоја маска на база на овошје на пример киви, ананас кои имаат избелувачко дејство. Или пак може да го пробаш овој третман со Ц витамин https://biodevojka.blogspot.com/2016/03/blog-post_4.html
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Astrum.Obtutus

    Astrum.Obtutus Активен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Јас ја пробав и воопшто не ми делуваше добро мене плус ми се нафрла лицето со акни и ми излегоа нови. Можеби сум алергична најдобро е да си пробаш самата но мене лично не ми одговара.
     
  4. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    6.195
    Пробај ја црната маска на Викторија.
    Околу 50 денари, мене ми е супер, убаво ги вади црнките, маалку подебел слој е потребен за да се одлепува убаво.[​IMG]
     
    На vivien26 и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  5. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.011
    Допаѓања:
    12.095
    Пол:
    Женски
    Некаде на форумов некоја членка имаше постирано онакви маски за под очи, мислам дека имаше пишано дека биле 20-30 во пакување. Никаде не можам да го најдам мислењето...
    Да не знае некој маски за под очи кои се повеќе во пакувањето, а не само еден пар? Некако не ми се исплати со оние од Дм кои чинат 70-80 ден, затоа што ги нанесувам барем 2 пати во неделата. Фала :)
     
    На Harper и oblace1 им се допаѓа ова.
  6. angela.kostova

    angela.kostova Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Не сум сретнала досега ни јас, ама мислам можеш да си правиш сама маски. Зимаш памукче кружните што се, ги сечеш на пола и после ги киснеш во чај или млеко, или сок од краставица, си ги ставас под очите и си тераш најнормално.
     
    На Avery му/ѝ се допаѓа ова.
  7. vivien26

    vivien26 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2019
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Каде ја има оваа маска?
     
  8. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    5.532
    Еден период лицето ми се мрсеше и користев зелена глина, ама почна сега да ми се суши околу устата. препорака за некоја маска за да не ми се суши?
     
  9. sofija014

    sofija014 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    3.459
    Во ДМ ја има.
     
    На vivien26 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.074
    Допаѓања:
    74.280
    Пол:
    Женски
    Нова љубов - you can thank me later. :angel:
    [​IMG]

    Новитет во ДМ се маските на Freeman, има три верзии. Оваа и една со активен јаглен што е всушност и маска и скраб (има шеќер во неа, има гранули и супер е за пилинг, ја имам пробано порано).
    Има уште една, во сина или зелена туба, но не ми текнува дали беше пил оф маска или гел маска + скраб, нешто такво, не заприметив. Се заљубив во розевата и ја земав неа, па не ги погледнав другите.
    Цената е супер, околу 320-330 денари, цело тубиште од 175мл.

    Многу е убава, ама не е розева :D , стандардна глина си е, со екстракт од краставица.
     
    На RockNroLLGirL, Scorpiongirl12, Minci13 и 14 други им се допаѓа ова.
  11. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.917
    Допаѓања:
    13.892
    Пол:
    Женски
    Е богами и однапред ти благодарам :D
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.074
    Допаѓања:
    74.280
    Пол:
    Женски
    Нема на што :f: , па пиши која беше третата верзија те молам.
    Пукнав, не ми текнува. :D

    Ептен се исплати маската, за разлика од оние на Лореал на пример, кои имаат само 50мл, а се 500 денари.
    И квалитетот, ефектот се сосема солидни, мене овие маски многу ми се допаѓаат, ги имам пробано таа со активен јаглен, една со авокадо и една прекрасна со ментол и лимон. Се надевам дека ќе ја прошират линијата и кај нас, навистина сè што сум пробала било супер.
     
    На Oxymoron, Sexybaby86 и LollySky им се допаѓа ова.
  13. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    11.020
    Леле и јас многу се израдував кога ги видов маските на Freeman во ДМ (poolparty) Имаат одлични производи со достапни цени, се надевам ќе донесат повеќе маски, гелови за туширање, лосиони.

    Патем третата е сина и е обична, со глина, како розовата. Се согласувам дека маскиве се ептен исплатливи, но сега не купив ниедна затоа што имам десетина маски за една употреба, и уште две фул сајз кои сакам да ги искористам. Но во план сум да земам некоја понатаму, веројатно синава.

    2871093_fb-deadsea-miner-mask-6oz_ecom1812-1.jpg
     
    На Coco31, Sexybaby86, Avery и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.059
    Допаѓања:
    8.634
    Дали сите од Freeman маските што се донесени во Дм се со глина? Или има некоја хидратантна за сува кожа?
     
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.074
    Допаѓања:
    74.280
    Пол:
    Женски
    Нема хидратантни маски, бар уште не се донесени изгледа.
    Двете се со глина и има една со активен јаглен и шеќер.

    Оваа со краставичка не би била лоша за сите типови на кожа, освежувачка е ептен, па барем јас мислам дека би имало можност да одговара и за нормална кожа.
    Но за скроз сува кожа не би била сигурна да потврдам.
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. dayla

    dayla Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Гледам ги спомнувате Фримен, мене ова ми е маска над маските.
    Инаку имам кожа многу склона на сушење, со маскава абер нема од тоа, ако е со глина. Преубаво, темелно го чисти лицето. Ако се исфрлам пред да добијам, еднаш ја ставам и ми средува работа. И проширените пори ги држи страшно под контрола. Немам пробано друга 2 години, и не би, 98% ме исфрлаат по една проба.
    Порано се сеќавам, кога бев дете ги имаше кај нас, знам мајка ми тогаш ја користеше оваа, кога ја мириснав после 15 години, истиот мирис, така и ја купив прв пат. :D

    Ја изрекламирав за сите пари, ама стварно ми е незаменлива. :l:
     
    На Scorpiongirl12, koritsaki, Hellobeautiful и 5 други им се допаѓа ова.
  17. angela.kostova

    angela.kostova Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Јас видов само на месечниот каталог дека ја има со активен јаглен маската. Леле колку ме израдувавте вака, морам да идам да си купам една сега. Имам слушано многу за нив и сакам да ги пробам фала многу девојки <3
     
    На Oxymoron му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MissMissMiss

    MissMissMiss Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2017
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Дали ја има оваа во ДМ? Сакам да си ја земам имав читано рецензии на интернет и еве и ти си задоволна па да ја пробам
     
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.074
    Допаѓања:
    74.280
    Пол:
    Женски
    Ја нема. Ги има само тие три кои ги спомнавме погоре - глина со екстракт од краставица, активен јаглен со шеќер и глина со морска сол.
     
    На MissMissMiss и dayla им се допаѓа ова.
  20. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    519
    Пол:
    Женски
    Користам маски ,од ДМ ,сите типови хах се што е за хидратација користам,но во последно време пријатно сум изненадена од маските кои што ги има во https://www.facebook.com/olpeo.mk/,од ружа и праска ОМИЛЕНИ