1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Маски за лице

Дискусија во 'Лице' започната од anste, 19 декември 2009.

  1. Ewii

    Ewii Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Порано правев домашни маски зошто бев помлада и немав некои големи проблеми со кожата на лицето, но подоцна „ги открив“ маските ПЛАНЕТ СПА на авон и сум презадоволна, пробај планет спа маска за лице од ориз(мириса стварно добро и го мазни лицето) а ако ти треба за длабинско 4истење има една со кал од мртво море, исто и неа ја користам, навистина се супер, знам дека ме спасија од проблемите, па пробај и ти
     
  2. MeLL

    MeLL Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    85
    Маска од квасец - за чистење
    Измешајте половина свеж квасец со малку млако млеко. Држете ја смесата на лицето се додека не се исуши и стврдне. Потоа со кружни движења извадете ја од лицето. Исплакнете со млака па со ладна вода и избришете го со мека памучна крпа. Редовната употреба на оваа маска ќе му даде постојан сјај на лицето, кожата ќе ви стане почиста и без акни.

    МЕД ЗА ЗДРАВ И СВЕЖ ИЗГЛЕД
    Шест лажици брашно, две лажици мед и цврста пена од изматени белки - добро промешајте ги за да добиете пријатна и исклучително хранлива крема. Медот и блеките ја чистат и ја потхрануваат кожата, откако ќе го измиете лицето со млака вода, тоа ќе стане свежо, а циркулацијата ќе се подобри. Маската оставете ја на лицето барем 15 минути.


    Хидратантна маска
    Смешајте 2 супени лажици мед со 2 чаjни лажици млеко. Нанесете ја смесата на лицето и вратот. Откако ќе поминат 10 минути, отстранете ја со топла вода.

    Маска од морков
    Два млади моркови ситно изрендајте ги и измешај те една лажица брашно и една жолчка.мешајте се додекац смесата не се соедини.смесата оставетеја да делува 20 мин.оваа маска к ја освежува,ја прави мазна и ја храни кожата.
     
    На beauty13 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lovelost

    lovelost Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    15
    Еве само што ја пробав оваа маска, нешто во последно време ми се исфрла лицево со брунчиња и си ја направив, ми стои веке 10 минути, се стврдна и се исуши и сега веќе ке одам да ја измијам...
    А исто ќе ги пробам и маските само со медот, а и само со кафето, но ме интересира, за таа за медот во што помага.? :D
     
  4. MeLL

    MeLL Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    85
    Ја немам пробано но како што пишува сигурно го чисти и потхранува лицето. Сакам да ја пробам оваа со квасецот.
     
  5. Mau

    Mau Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    вака сегааа... :D прво сакам да ја прашам MeLL колку често може да се користи маската со квасецот???
    И исто така lovelost ако можеш да ми кажеш како напредуваше со истата маска затоа што гледам дека си почнала да ја користиш....

    ***Aко може најбрзо да ми дадете одговор, ептен сум нестрплива да дознаам, па се надевам и дека има добар ефект и за да почнам конечно да ја нанесувам...
    фалаааа :)
     
  6. sweetgirl92

    sweetgirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    1.868
    Маска против црнки на лицето:
    Една лажичка какао и додаваш лосион за тело онолку колку ти е потребно да го измачкаш лицето. Оставаш маската да се исуши па потоа ја отстрануваш.
    Иначе маскава ја имам користено само еднаш, а од еднаш се знае колку може да има резултати :lol: . Но ја имаат користено мои другарки и се мн задоволни од неа. :)
     
  7. MeLL

    MeLL Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    85
    Еднаш неделно :D
     
  8. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Ги користам маските од АВОН 1-2 неделно и сум задоволна. Некогаш знам да си направам и домашна маска,ама тоа многу ретко(кога сум посебно расположена) :)
     
  9. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    606
    Порано користев маски од Орифламе. Тие беа и првите маски што сум ги пробала. После тоа менував, затоа што од орифламе не бев задоволна... но ништо не ми одговараше.
    Купував од Мртво Море фирмата маски (не знам дали ги има кај нас) и од нив бев задоволна.
    Но, веке 6-7 месеци користам 1 неделно маска од зелена глина од Галофарма мислам дека е...и сум презадоволна (+ е без некакви хемикалии во неа и е ефтина). После тоа ставам хидратантна крема и лицето е супер :)
     
  10. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Како до чисто лице?

    Комбинирајќи ги медот и јогуртот ќе добиете смеса која ја навлажнува кожата, ги чисти маснотиите и го намалува црвенилото предизвикано од акните. Уште една позитивна страна на оваа маска е што не ја суши кожата и може да се употребува за сите типови на кожа.
    1 мала лажичка мед
    1 мала лажичка јогурт

    Ставете го медот во чист сад и затоплете го малку во микробранова печка за да стане течен. Доколку немате микробранова, едноставно потопете го дното на садот во жешка вода. Потоа додајте го јогуртот и добро промешајте. Нанесете ја смесата на лицето, ставајќи повеќе на местата засегнати од акни. Оставете ја да делува 15-20 минути, а потоа измијте со топла вода.

    Пробајте ;) добра е :rofl:
     
  11. Maca-sk

    Maca-sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Ај и јас да се вмешам :D
    зашо имам проблем со црнките на лицето си правам домашни маски, инаку ич не ми ги отстрануваат црнките ама неможам да кажам дека не се ефикасни зашо ми ја прафат кожата мека и нежна.
    читав дека врелиот мед ги "вади" црнките ама ништо од тоа, само кога ќе го ставиш на лице пече гори! (не ви го препорачувам ова зашто можете да си направите пликови на лицето :worried: )
    исто така прочитав и за магдоносот, со исецкан магдонос да се трлаат местата кај што има црнки и после лицето да се напари на врела вода, ама ни тоа немаше ефект (барем кај мене) :worried:
    на јутјуб видов клип со маска исто за црнки (може ќе ви здосадам со ова ама со тоа имам проблем и такви маски пробувам :worried: ) http://www.youtube.com/watch?v=rxYbEsW8SWc
    имам читано и за маска од аспирин (мислам дека видов и во темава на форумов), пробав и со таа ама погрешка наместо аспирин земав аналгин :rofl:
    прочитав дека доматите се добри за бубулици
    на фемина имаат сега пишано за маски за акни, јас ја пробав првата (со мед и јаболко) лицето ми е нежно но акните си стојат ;(
    јас искритикував тука се шо пишав ама тоа е затоашто ми се смачи од црнкиве и си набив комплекси :swear:
    ако некој сака еве слободно нека си направи некоја од овие маски затоа што се на природна база па се надевам дека ќе ви помогнат ;)
    во меѓувреме ако некој може да ми даде некој совет однапред му благодарам :)
    :*
     
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Прочитај ја цела тема, има и еден клип за отстранување на црнките со маска со желатин, кај мене таа нема ефекти незнам колку континуирано треба да се користи, јас ставам еднаш неделно веќе 1 месеци и ништо...
    Има пишувано и за лентите од нивеа за отстранување црнки, пробај со нив може ќе ти помогнат нешто, јас ги немам пробано ама во план сум ;)
     
  13. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Незнам дали ја погодив темава....ама морам да споделам. За прв пат сега пробав од докторс маска за лице т.е пилиг, на мокра кожа масираш 2-3 минути и после измиваш со топла вода и сум презадоволна, ептен ми е меко и мазно лицето ко на бебе :lol: прв пат да осетам вакви резултати од само една употреба. Инаку ја земав сосема случајно, ми здоасдија оние од авон што ги имав предходно, а и немаа некој ефект, па вчера онака гледајќи низ маркет ја видов оваа и викам ај да пробам. Инаку ептен е ефтина, 80денари е, мало кутивче бело, и сигурно ќе има за 10тина пати да се мачкам
     
  14. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    За каква кожа е Алис? Од докторс мене ми се допаѓаат производите, да ја пробам можеби :?: :)
     
  15. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Црнки на лицето

    Ај да ви пренесам резултат од моето роварење по интернет за цркните..Значи налетав на еден куп маски но еве дел кои сметам дека се изводливи и во наши услови.Па ко воли нек изволи ;)
    -маска од цитрон и млеко
    Подгответе чаша млеко и во неа исцедете еден среден цитрон.Благодарение на антиоксидантите кои ги содржи оваа смеса може многу да ја намалите видливоста и постоењето на црнките.Секое утро една недела миете го лицето со оваа смеса, а потоа исплакнете со ладна вода.Резултатот бил загарантиран :!: (така велат овие)
    - рендан компир
    Пред користење на оваа маска бидете сигурни дека го исчистивте лицето од шминка и други хемикалии.Изренданиот компир нанесете го само на зафатените со црнки места и оставете да дејствува 10-15 мин.Потоа исплакнете со ладна вода.Оваа маска може да ја користите неколку пати во неделата но не секој ден.
    -Лимон и цимет
    Циметот служи за редуцирање на голем број проблеми со кожата а мошне успешен е и со третирање на црнките.Заправете доволно густа смеса од лимон и цимет во прав.Нанесете ја на местата зафатени со црнки и исто нека стои 10-15 минути.И оваа маска како и претходната користете ја неколку пати во неделата за да постигнете ефект. :)
    Јас си велам да стартувам од компирот па ќе ви пишам импресии :hai:
     
    На LivingGlam и Chupe им се допаѓа ова.
  16. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Леле извини, дури сега видов дека си ме прашала. Баш гледав на пакувањето и не пишува никаде за каква кожа е. Пошо му доаѓа како пилиг предпостаувам за секаква. Јас лично имам сува кожа и ми одговара
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Девојки што мислите, кои маски се подобри? Тие купечките , или оние домашните?
    Јас почнав домашни да си правам, е сега се мислам дали да нарачам од тие планет спа од авон...
    Што мислите?
     
  18. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Јас мислам дека купечките се подобри. А може и тоа е поради тоа што не сум ги погодила домашните. Сепак мислам дека професионалци работеле на формулата за да направат маска, и има состојќи кои ние дома неможеме да ги употребиме :) Барам кај мене, купувам и завршена работа, никако да ми испадне некоја смеса дома, ќе направам хаос и ништо на крај. Јас конкретно сум задоволна од планет спа од авон. Погоре кажав дека тие од авон немаат некој ефект ама мислев на оние едни другу, ги има 3-4 исти, по 150 денари се, само онака добар мирис имаат, ништо друго
     
  19. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    Јас користам зелена глина од Виталиа .. многу е добра :)
     
    На xxAngelxx му/ѝ се допаѓа ова.
  20. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Jaс користам најчесто купечки, некако полесно ми е намачкај чекај 5-10 минути и готово.
    Ама па сметам дека се подобри домашните.
    Во купечките има сигурно состојки кои не се комплетно природни.
    А има ли нешто поубаво од тоа да ставиш на лицето мед? Или лимон? Млеко? Овошје некое? Чиста природа поубаво АМИН. Ретко ставам мед зашто треба да внимавам па капе, па се лепи, а денес се негде брзаме и не одвојуваме само +5 минути, ама кога имам време ставам, лицето после тоа е совршено.
    Колку и да се маските купечки природни се е резулта на хемија. А на лицето се и свашта ставаме креми, пудри, сапуни, млека... се е тоа хемиски.
    Добро е да се освежи со вистински природни супстанци.

    Иначе користам разни маски од авон, од гарниер, од афродита, од нивеа, а последно мајка ми купи од Chantelle, aу ужас, маската од Алое Вера зеленкаста не сакаше да се извади, бев бледо зелена со пилинзи го триев лицето после тоа да испадне скрос бојата |(
    http://2.bp.blogspot.com/_6OL2jQeaSoU/T ... 2_0337.JPG
    друг пат никако овие!