Јас ја земам од Kruidvat, во скоро сите продавници од ланецов има голем избор. А поблиску до мк, на пример Грција, нека кажат другите девојки ако ја виделе.
Нормално ли е малку да ме чеша кожата кога ќе почне да се суши и затега маскава на лицето(некоја минута од кога ќе ја нанесам)? Некој што ја користи да ми каже искуство
Јас имам како чешкање и пецкање по вилицата на левата страна, но акни или некаква видлива реакција не се покажало. Два пати ја користев, вториот пат помалце беше пецкањето. Ама мене ми е солидна и мојата кожа не ја мрази маскава па ќе си ја користам, ми го осветлува лицето и многу помазно е. Имам гледано едно видео девојче како ја испробува маската за прв пат, и нејзе ја пецкало по вилицата малце. Изгледа е до некои состојки
Изгледа да, инаку и мене ми се допаѓа многу каква ми ја прави кожата. Можеби и поради сушењето, па затега малку. Ама не е страшно, добра си е маската. Јад ја користам за т зоната бидејќи ми е помасна па ја држи под контрола и баш убаво ја чисти. Благодарам
Сите производи од PlanetSpa ми се преубави, ја имам користено маскава и предобра е, а и преубаво мириса. Ти ја препорачувам да ја пробаш.
Ме интересира дали има некој користено маска од кафе и белка од јајце (само се мешаат двете состојки) и дали ви одговара?