Да ми препорачате маска во поголемо пакување(мислам да не е за една-две употреби) и да не се одлепува туку да се мие. За комбинирана кожа без акни.
Оваа маска е можеби и најдобрата маска која сум ја користела до сега. Со редовно користење се гледа ефект, јас ја користам на околу пет дена. После неа кожата е мека и нежна, не е сува иако е за масна кожа. Топло ја препорачувам.
Оваа на Балеа: Предобра е, многу хидратира и потоа лицето едно време ептен е гланц. Во употреба вели дека не ни мора да се измие и чини околи 120 денари (50 мл). Јас имам комбинирана без акни и топ ми е. Предобри се и оние марамиците од истава линија.
Маска за лице за комбинирана кожа (сува ми е претежно, но Т-зоната ми е мрсна само), акни немам, црнки имам само под устата и тие највеќе ме нервираат. Купив црна маска од Балеа и првите 2-3пати ми беше океј, ама веќе не ми е, не прави буквално ништо. Едвај чекам да ја потрошам, никад веќе не би ја земала. Препорака за некоја за моето лице што би била океј?
црната маска ја препорачуваат за мрсна кожа,пробај на зиаја од маслинка или од авон маската од банана,и јас имам како тебе кожа сува само на т зоната одвреме навреме ми се масти
Ништо посебно. Интересно е тоа што се одлепува и ја остава кожата мека, но нема некое посебно дејство или состојки кои би ја подобриле состојбата на кожата.
Се става. Маските најчесто се користат за дополнително да ја нахранат и хидрираат кожата. А некои се наменети само длабински да ја исчистат, како оние со глина, или помагаат за акни. Сепак најдобро е навечер пред спиење да се исчисти лицето, да се нанесе маската и откако ќе се извади да се нанесе крема.
Јас имам навика два пати неделно да ставам лед на лицето и да чекам да се растопи , препорачано ми е од доктрока за позатегната кожа
Предобра природна маска ми е онааа со една белка од јајце и една лажица шеќер може да се додаде и капки лимон и треба со миксер да биде како бел шлаг и се нанесува предобра е !
Мене ме чеша лицето од маскава. Одамна ја имав земено, ама не дојде ред да ја пробам. Два-три пати до сега како ставам, стално ме чеша после 10 минути. И тоа многу. Црвенило немам, пликови немам, дополнително акни не ми се ставараат. И баш гледам дека лицето ми е многу поубаво и почисто после користење на истата. Чим не сум само јас, ваљда е нормално. Ќе продолжам да ја користам.
@Peperutce1115 и јас ја користам сеуште, но само за Т зоната бидејќи ми е масна. Образите ми се суви и не ставам на нив. Ја држам пократко, 5 мин, да се подзасуши малку, и убаво е и така. Кожата ми е баш мека и чиста потоа
И мене истото ми се случува само забележувам после два дена како затворени пори, некои мали поткожни акни да ми ствараат, и тоа само не едно место секогаш истото на левата страна накај вилицата