Јас продолжив да си ја користам. Ептен ми се допаѓа маската. Еве денес пак си ставив, супер е. Многу убаво длабински го чисти лицето. 7-10 минути ја држам, повеќе не можам да издржам. Ми одговара мене
Убаво го освежува лицето и некако и ми го осветлува, само дека јас користам веќе хемиски ексфолиатори прекинав да ја користам маскава. Не си е лоша, само помалце време да си ја држам
цурки, прочитав се’ , ама да си прашам јас- маска за white heads тргање? ме нервираат ептен и пориве ми се затворени. инаку порано имав мрсно, а сега ми е накај суво лицето. користев една clean&clear од рамстор, ама ми го суши лицето.
Да ве прашам за маските за лице за едно користење од ДМ, и ова зборам на поќето шо се како мачиња, мечиња, тигри, лавој во форма, дали имате несакани ефекти од нив? Јас до сега шо и да сум пробала ми се воспалува лицето пред да ми се смири. Од маски си правам еднаш неделно црна маска за црнки и кога ќе ја излупам и ко ќе видам колку многу излегва, мотивирана сум следна недела пак да се мачкам. Исто другарка ми има глинена маска, таа ми е омилена. Посекако „спа деј“ заедно го прајме и најчесто ни се состои од овие две маски. Ми се чини лицето ми го смирва и ми е мазно и нежно и ми има некаков сјај. Ама од ќеф ги пробвав овие од ДМ и сега црната маска ми е при крај и некако неќам да ја пробам нивната црна маска па изгледа ќе си ја земам оваа шо ја користам, пак.
Мене една маска од ДМ за една употреба дали ми била во ред. Имам пробано таа со тигарче SelfieProject и ми го воспали лицето. Ако правам маски си се држам до зелената глина, многу побезбедно ми се отколку тие на ДМ
@angela.kostova да, ја имам таа пробано. Као фул араунд ќе праевме со другарка ми и земавме неколку такви со форма и два дена си го смирвав лицето. После то ми избија и мозолчиња. Ова шо ја користам со јагленот за црнки веќе со месеци ми е погодена и глина исто. Ама кога ќе прошетам низ ДМ и видам пример со форми, за освежвање, па демек со меурчиња во искушение сум и ми треба некој вака ко тебе да ми речи дека иста реакција има ко мене да не посегнувам. Фала ти!
Може да ставиш слика од црната маска што ја користиш и од каде ја купуваш? Во потрага сум по црна маска, сега ја користам само Freeman од маски, која досега најубаво ми се погоди. Инаку порано користев од ДМ за една употреба пред да ги донесат Freeman, не ми се зезнуваше кожата, ама пак и не видов некој голем ефект од нив.
Dali nekoja koristela maska za lice zelena glina od apteka se kupuvala i dali ste zadovolni i cenata da mi ja kazete ako nekoja znae
Мене од ДМ океј ми се скоро сите маски за еднократна употреба. Само црната маска нивна не ми се допаѓа, многу е ретка и воденаста па треба пет слоја за да направи фина лепенка. И башка што ќе ја чекаш сто саати дури комплетно се стврдне. Порадо со црнки би шетала отколку да се нафатам да се мачкам со маскава и да остарам чекајќи ја. Црната маска од Revuele ми е одлична, ја користев порано многу почесто, сега кога ми текне по потреба. Вади сè, не е како таа на Balea да ти ги скубне влакненцата а црнките да си останат во кожата. Убави ми се и sheet маските на Balea, меѓутоа кај некои не ми е убав материјалот од кој е изработена самата маска, некако листот е чуден и дебел на допир. Таква ми беше таа во виолетовата кесичка што беше со кокос, некое лимитирано издание. Balea aqua е одлична, ама најмногу ми се допаѓаат hydro bomb од Garnier. Ептен добри маски, особено таа со калинка + хијалуронска киселина. Маската многу убаво легнува на лице, ептен е ергономски дизајнирана и не е непропорционална како тие на Balea. Мене на пример уште еден минус кај тие на Balea ми е тоа што маските ми се преголеми, имам ситно лице и ми шлапаат деловите околу устата. Тие од Garnier си се супер, сега се и на попуст (89 денари) до крајот на месецот. Најомилени ми се sheet маските од јапонските брендови. Hada Labo таа за хидратација ја обожавам, вреди секој денар даден за оваа маска. Убави ми се и It's skin, таа со екстракт од чајно дрво е фантастична за комбинирана кожа. Не знам, јас сум многу голем фан на маски, сè и сешто имам пробано и најмногу ми одговараат овие sheet маските. Од нив ретко некоја да ме разочара. Од течните, најубава ми е од Lush - mask of magnaminty и розовата од L'Oreal. И Freeman, таа со краставичка на тубата ми беше најубава за мојата кожа. Ама во последно време не ги користам толку често, ги потрошив тие што ги имав по дома и освен некој скраб од тие во кесичка за неколку употреби (Balea имаше еден многу убав скраб со кафеав шеќер), не купувам повеќе класични маски. Си земам Garnier или од јапонските и си уживам.
И јас ја користам оваа со краставица и стварно ми се допаѓа ефектот. Сега ми е при крај, а во ДМ гледам дека ги има и другите две (сината и црната), па се мислев дали да пробам некоја од нив или да си се задржам со краставицата. Ги имаш пробано да ми кажеш мислење?
Jas sinata ja imam i ne mi se dopagja Samo bojata i e ubava haha Crvenilo posle mienje me pece celo lice nikakov efekt..mislev do mojava koza e no posle procitav deka nemala najdobri sostojki i deka edinstvena dobra bila taa so jaglen(ako ne se lazam)
Сите ми беа солидни од тие што ги има кај нас, само таа најновата што е во сина туба со некои розови цветови ја немам пробано. Генерално, сите ми се чинат како да даваат ист или сличен ефект и убаво ги чистат порите, само на оваа со краставица најмногу се задржав, таа е најмногу така по мој вкус од тие што ги имаат донесено. Најубава ми е маската со авокадо ама ја нема кај нас. Штета, зашто навистина е фина.
Здраво. Постои ли некоја маска,што ја чисти а воедно и и дава сјај на кожата? По можност од оние у кесичка.
Предобра ! Одлична е за овој зимски период, лицето од неа ми е многу хидрирано , меко и има многу убав зимски мирис
Јас знам за маска од зелена глина што се продава во продавници за здрава храна... тоа е прав се меша со обична вода и се нанесува на чиста кожа се одтава да делува 15 до 20 минути и потоа се мие со топла вода... навистина маската е преубава и дава многу убави ефекти... при приготовка треба да избегнуваш метали... https://www.vitalia.com.mk/mk/product/green-clay-powderface-body/
Се што е од маски во ДМ е ветер и магла, многѕ испробав, ништо не прават, само ние филм си правиме со нив. Маска сакам на Juilette Armend или Julia не знам како беше, го прочитав тоа во салонот кај што ми прават третман за лице, таа маска навистина дава убав ефект и го смирува лицето.
Искрено не сум некој фан на маски. Единствено ми се допаѓаат оние кои се на база на глина, бидејќи навистина добро ја чистат кожата. Останатите ми се како фрлени пари. Попрво би купила некоја подобра ноќна крема со активни состојки.
Здраво, Ја има некој користено маскава? Прв пат ставам ваква маска, со марамче за една употреба и имам чудно чувство на лицето. Како да ме пече, жежи......нормално е?