Да, како scrub e, ја нанесувам, масирам неколку минути и мијам. Убава е, ја користам онака кога ќе ми текне а количински бааги е, мислам никат нема да ја потрошам.
Не знаев каде да го поставам прашањето, ме интересира каде можам да купам маска за лице што се лупи, а да не е маската со јаглен за црнки, која патем е преагресивна за мене. Се сеќавам на времето, мајка ми од Орифлејм ми земаше една со краставица. И сега освен глинена не можам да начекам друга. Барав во ДМ, барав и во Космо, нема. Интересно ми е да ја лупам, не за ефектот, но ако е ефикасна, уште подобро.
Оваа од Авон, околу 100 и нешто денари е и има во неа некои ситни златни светки, интересно делува на лице
Фала ти, баш ќе земам. Ми делува како релаксација исто како оние меурчињата за пукање што се пакуваат продукти
Ја користам веќе долго време и не планирам да ја сменам. Преубава е, го прави лицето меко како бебешко газе
Искуства со маскиве? Розевата е нова, така што не очекувам да има некок што веќе ја пробал. И двете пишува дека се за прочистување, па која би била разликата? Црната одамна ме привлекува, но никако да нарачам.
Пред некое време ја зедов маскава На мои години брчките повеќе или помалку тука се, ама сакам кожата да ми изгледа здраво и сјајно, па си испробувам разни маски, особено во зимскиот период, оти кожата често знае да ми изгледа уморно и безживотно. На почетокот маскава ме печеше секогаш кога ќе ја ставев, па некако се мислев дали воопшто да ја користам. На упатството пишува да се остави да делува 10-15 минути, јас ја држам на лицето најмногу десет минути. Ја освежува кожата, морам да признаам, дава убав сјај, не е wow ама не е ни толку лоша. Како помрсен крем е, малку потешко се измива, ама јас ја вадам со туфери навлажнети со топла вода.
Оваа позитивно ме изненади, за сува кожа одлична. За разлика од зелената, белата не ми одговара, иако исто така е наменета за сува кожа.
Пробај ја и таа black mask natura siberica намената за комбинирана кожа. Мене ми помага коса сум нафрлена, ми ја смирува кожата и кога ќе се измијам нафрленоста ми е намалена.
Јас морам да ја пофалам маската на Др.Конопка за комбинирана и мрсна кожа. Навистина одлична маска , дава прекрасно чувство на ладење на кожата и со тоа навистина влијае на порите , се нанесува во малку подебел слој и се држи на лицето 10-15 минути.Јас ја користам 3 пати неделно. Главни состојки се нане , каолин , масло од рузмарин , ментол. Пола ја имам веќе потрошено и секако пак ќе ја купам.
Јас ја користам црната. Убава е, не ме исфрла, го прави лицето меко. Како скраб е и убаво ми делува на лицето. Ќе прикачам слика.