Сапунот ти ја пресушува кожата, а кремот не е доволен за хидратација. Маска ќе ти го реши проблемот краткотрајно, после пола час пак на старо ќе биде. Кожата ти е дехидрирана, нема сјај и е безживотна. Исфрли сапуни од употреба, за миење користи некоја нежна пена, земи тоник и серум за хидратација, со кремот треба да ти бидат доволни.
Нормална кожа, зимно време малку посува, ама во граници. Инаку за цена не знам, еве да кажеме месечно 3000-4000 за се комплет?
Уште поискрено сапунот користи го само за раце. Тој дополнително ја суши кожата. Стварно не ти е потребен. За почеток можеш само редовно чистење на лице, по можност двојно чистење навечер и добра хидратација.
Како гел или пена, ова може https://www.bellina.mk/p/976/oblepi...gel-za-chistenje-na-litse-145-ml?categories=9 Ем ќе чисти, ем ќе и даде сјај на кожата со витамин Ц. Како чистач за навечер ако користиш шминка и креми со спф, може да го користиш млеково https://www.bellina.mk/p/365/no-per...litse-za-senzitivna-kozha-245-ml?categories=9 или мицеларнава вода https://www.bellina.mk/p/1386/hydra-aloe-vera-mitselarna-voda-od-aloe-vera-500-ml?categories=95 одбери си ти што мислиш дека би ти било подобро и полесно. Тоник може овој https://www.bellina.mk/p/351/moistu...za-normalna-i-suva-kozha-200-ml?categories=31 Серум што содржи хијалурон е добра опција за хидратација, и секогаш се нанесува на влажна кожа - прво ќе го натапкаш тоникот, после серумот додека уште не е исушена кожата, и одозгора крем. Мои предлози https://www.bellina.mk/p/1125/anti-ox-blueberry-regenerirachki-serum-za-litse-30-ml?categories=61 или https://www.bellina.mk/p/1245/mini-...0mg-khialuronska-kiselina-10-ml?categories=61 или https://www.superdrug.com/medias/sy...-Tokyo-Super-Hydrator-Lotion-150ml-795466.jpg Последниов го има во ДМ, околу 1000 денари е. Ти ќе одбереш кој да го земеш, било кој ќе биде одличен, со тоа што првиот дава убав сјај и регенерација на кожата. За крем, овој ми е фаворит, за нормална и комбинирана кожа https://www.bellina.mk/p/105/calming-krema-za-litse-za-normalna-i-mrsna-kozha-50-ml?categories=41 а може и овој, оти има спф https://www.bellina.mk/p/972/oblepi...ts-dnevna-krema-so-spf20-50-ml?categories=111 Првиот може да го користиш како дневен и ноќен крем, а вториот само наутро, поради заштитниот фактор од сонце. Можеби вака многу ти се гледа наеднаш, ама брзо ќе си фатиш ред, само да одлучиш кои производи ќе ги земеш, зависно што ти е потребно. За кратко време ако си упорна, ќе ти се среди кожата на лицето и вратот. Да напоменам дека повеќето се природни производи, без многу хемии. Сите ми се пробани, затоа и ги препорачувам. Ако не ти се допаѓаат предлозиве, слободно кажи, ќе најдеме нешто друго.
Ваква неодамна потрошив, вечност ми траеше, буквално година и нешто не можев да ја дотрошам. Убава беше, многу убаво мирисаше на лаванда, а и некако црнките на носот многу ми беа исчистени од неа. Меко ми беше лицето после користење, убава беше. Сега оваа си ја купив. Имам некои помали што ги користам од поодамна купени, па оваа два пати само дојде на ред да ја пробам. Многу е убава, ладна, преубаво ладно чувство на лицето и освежително имам кога ја користам. За лето ќе биде погодок, таква ладна и свежа. Го чувствувам лицето доста чисто после употреба на оваа маска.
За тие со стриктно мрсна кожа: Солидна цена а убав продукт. Изненадена сум од ефектот што го дава, го влече вишокот себум од лицето, па после него изгледа како да ја суши кожата. Тоа е моментално отпосле изгледа здраво и свежо и што е најважно лачењето на себумот е во граници на нормалата. Исто така ја храни кожата. Топла препорака од мене.
Здраво ми треба предлог за маска за лице кое е мрсно (особено во овај период) и склоно на акни и мозолчиња?
Lush magnaminty Evolve true balance sos mask Natura siberica sophora japonica clensing mask Novexpert trio zinc mask
Оваа ја има во Белина, содржи две маски, но едно може да се користи барем на неколку пати, има доволна количина. Ја земав за мајка ми, презадоволна е.
Нема одговори на вашите прашања па затоа вас ќе ве цитирам, ја пробавте розевата маска? Во алфа лаб се на 50%попуст па се мислам да ја земам
Не, не ги пробав маските. Имам проблематично лице и се решив да не експериментирам. Инаку структурата и цената се навистина привлечни.