Моментално ја користам оваа. Повеќе е како скраб/пилинг маска но воопшто не ми е груба и не ми го иритира лицето. Освен што мириса неодоливо, ептен убаво ми делува на кожата, лицето мазно и меко го прави. И за тело е, не само за лице но толку е малечко пакувањево па одма би ја потрошила ако нанесувам, иако верувам и на нозе, задник и бутови добро би делувала, особено за површински целулит. Спојлер Оф топик сум ама ми текна на тебе @koritsaki пошто знам дека ја користиш, си пробала на тело и како делува ако си ја користела? Пошто е со кафе, одма си поврзав дека за целулит би била ефикасна. Сосема малку имам, дури неприметно па се надевам океј работа би завршила. Ама тоа наредно коа ќе купам нова, оваа ете за лице само ја користам и супер си е.
Јас ја користев и за тело ( големото пакување го имав купено) убава ја оставаше кожата, нежна, мека , ама во врска со целулит немав нешто приметено да смени , може треба да се прави пилинг масажа некоја , јас тоа немам правено
Ја има ли некој користено колаген маската на Biodance, таа виралната дали вреди да се излажам и купам или не
Убава е, одлично ја хидрира кожата ама не знам дали ценовно се исплати до толку за редовно да се вметне во рутината со оглед на тоа дека е скапа ко за едно парче само.
И јас така, ја купив за да се почастам. За редовна употреба најекономични ми се Mary n May кутиите со по 30 лист-маски внатре. Уште на некој попуст ако ги фатиш, багатела испаѓа.
@rainbowec, ја имам користено првата маска од Beauty of Joseon. Мене ми беше супер, имам комбинирана кожа. Не приметив некое којзнае какво драстично чистење на порите (сепак ми требаше и салицилна киселина серум за подлабински да се испразнат), но прави добар пилинг додека ја тргаш од лице. Другата од истиов бренд многу повеќе ми се допаѓа, малку е понежна и хидрира, го храни лицето подобро. Оваа од сликава е супер за механички пилинг, го остава лицето меко, но ми треба некоја похидратантна крема после неа.