@Mishela за оваа маска збориш дека ти се допаѓа повеќе? И таа ја меркам веќе некое време, се мислам меѓу овие две го користам серумот Glow Deep Serum: Rice + Arbutin веќе една година и многу сум задоволна, така што верувам дека и маскава е прекрасна.
Не очекувам некој којзнае каков бенефит од маскиве за лице искрено, повеќе ги употребувам заради самиот ритуал на ставање маска на лице. Си правам удобна атмосфера и кулирам, опуштам мозок пола час. Мене ми го освежува лицето. Нежна е и прави благ пилинг и со тоа помага да се одржат порите чисти. Не го суши лицето, дава фин здрав сјај по користењето.
Јас ја купив Дефинитивно не вреди за париве , многу ја преценија на тикток Не дека е лоша , но ништо посебно ефекти не видов .
Можеш да ја користиш како што тебе ти одговара. Лично за себе сметам дека немам потреба да користам лист-маска секој ден, па обично еднаш до два пати неделно ставам.
Каде може да се најде маски за лице со принт ( нешто сл принт како Панда , Јуникор .. ) ? Во ДМ повеќе не ги носеле
Доста е кремаста оваа и остава некој слој откако ќе ја тргнеш. Мене ми е убава, ја користам кога лицето ми станува посуво во некои делови. Ама ако имаш баш мрсна кожа, можно е да не ти се допадне. Види некоја со хијалурон или обичната Balea aqua, тие не се толку тешки и би требало да ти се допаднат.
Морам да ја пофалам и јас маскава - одлична!! Се случи еднаш да ми се изиритира лицето, ја ставив маскава и инстантно ми го смири. Имам доста осетлива кожа и маскава е нешто најдобро што сум ставила на лице. Не знам дали има којзнае каков долгорочен ефект, но на лицето прекрасно му делува, го смирува, хидрира, го храни и прави помеко. Огромна препорака од мене за сите со осетлива кожа.
Само да пријавам дека многу ми се допаѓа маскава. Прелесна за нанесување, се суши брзо, не го затега лицето, лесно се отстранува потоа. Го остава лицето значително почисто и посветло, предобро освежено. Ми се допаѓа што чисти, а нема активни состојки (киселини) кои дополнително би ме иритирале (и онака имам вклучено неколку во редовна рутина), па добро е што ги нема воопшто. Супер нежен, а ефикасен состав има. Оправдано вирална. Морам да споменам дека лично мене многу повеќе ми се допаѓа од Мача глинената маска на Somebymi. Да напоменам дека јас имам масна кожа и маскава ја користам исклучиво за регулирање на серум и чистење на пори, па така крема после маскава е задолжителна. А, доколку некој сака освежувачка, лесна хидратантна маска, која нема да ги затне порите, ма колку масна кожа и да имате, а ќе си добиете и плус инстант plump ефект, оваа. Имам пробано неколку од овие лист-маски на Missha, ама оваа ми е омилена.
Моето искуство со маската на Skin1004-ништо,ниту малку помогна.Може за мрсна кожа ќе помогне моментално, меѓутоа ништо повеќе...
Зависи какви очекувања имаш од маска за лице и каков тип кожа имаш. Ако си премногу склона кон црнки, белки, себациозни филаменти, а не употребуваш салицилна (на прво место пред сите други активни состојки), тогаш пробај ја COSRX - Poreless Clarifying Charcoal Mask Pink, или за нијанса понежно - Isntree - Mugwort Calming Clay Mask. Ако веќе имаш акни, и/или воспалена кожа, а ти треба нешто за смирување, кое нема да биде преагресивно, ама и нема толкав ефект на чистење, тогаш - I’m from - Mugwort Mask. Инаку, за нас со масна кожа, сите производи чистат “моментално”, односно, начинот за добивање на убава и чиста кожа е редовно чистење со соодветни продукти.
Маскава онака ја купив да ја пробам и неочекувано ми се допадна. Многу е кремаста и хидратантна, остава млечен слој на кожата кој делува како крема отпосле, а има и убав мирис на кокос.