Фемина 09 оваа маска е за позрела кожа,јас би ти ја препорачала онаа со маслиново масло,зелената,исто од Planet spa
Значи ми треба маска за лице(без алхохол),но ако знаете некоја домашна. Од тие што се купуваат немам резултати,а имам пробано се и сешто! Па ако знаете нешто кажете навистина ми пречат.
сакам да ми препорачате ако некој има користено,маска за лице освежувачка, хидратантна, за манење на тенот, со некој ефект на одморена кожа, незнам како да опишам ама нешто вакво ми треба, некако лицето како да ми нема сјај уморно ми изгледа! користев една ваква маска за лице ама ја нема во македонија,па сега барам нешто такво да си купам! молам за совет
Јас си правам често маски на лицето Сега од тука од таму зберав од сегде копирав и оставив на документ и сега ќе си ги болдирам милам убаво подредам и ќе си очнам една по една
Јас често си правам домашни маски за лице.Тие се најприродни и најдобри. Ако имам некој рецепт добро, ако не мешам буквално се што ќе најдам во фрижидер (кисело млеко, краставици, банана, лимон, мед...) Инаку за освежување најдобра е со кисело млеко и ситно исечкани краставички
Многу, ама мноогу ми е суво лицево во последно време. Дури целото ми се перути. Ужасно изгледа кога ќе ставам пудра. Обично зимно време ми се суши вака, а ова сега. Незнам, можеби го пресушив миејќи го со гелот за пилинг пречесто... Туку сакав да прашам, маска за брзо опоравување на лице? Да ми даде свежина и влажност? Сум употребувала мед, пасирано сирење со мед, краставица, квасец и други домашни рецепти, ама сакам нешто екстра ефикасно Има некој користено таква маска која дава моментална регенерација?
Имам една маска од Авон, на база на маслинки од серијата на Планет Спа за хидратација на кожата е и мене ми е супер, ми ја нормализира состојбата A таква домашно приготвена маска не знам за жал..
Фала ти Мишела, сега дури го видов твојот одговор. Некако ја нормализирав кожава, ми се исперути цело лице и сега имам комплет нова кожа Хидратацијата ми е проблем голем. Имам комбинирана кожа, ама сува. Инаку, битна работа е да ја влажниме и храниме кожата доволно, несакам да имам згужвана фаца за 10 години.
Прво користев од Гарниер таа маската што е со гранули .. убава беше но не ми требаше таква мене .. купив пред еден месец од ПланетСпа од Авон една лилјакова ( се лупи ) и таа ми се допадна , ми одговара на типот на кожата бидејќи е за сува кожа.. Вчера последно се направив со маска од чоколадо и уште ми мириса лицето на чоколадо a и го омекнува лицето .. сега наизменично ги користам 2те ..инаку маскава за чоколадо ја зедов од Космо за 69 денари но е за една употреба ..јас ја искористив за 2 употреби оти ми се виде малце густа и таман дојде ..Прашајте за хербалните маски за една употреба во Космо и ќе ви ги покажат овие
Да, јас едната доза ја искористив и да ти кажам вака многу убаво си го осетив лицето,мазно и чисто мада нешто се исфрлив периодов ( претпоставувам дека навистина не е од маската ) ,а за акни треба да е делотворна бидејќи глината а посебно цинкот се наменети за тоа. од едно ставање неможам разлика да направам,ке пишам нов одговор за некое време пак
Пробај од авон од planet spa маската е за мазнење на лице од јапонско саќе и ориз се лѕпи маската преубава е околу 300 ден е и ако имаш некои мали истни влакненца ти ги вади и ги изретчува
Најчесто маски сама си правам дома обично летно време од овошје, а мое и од зеленчук посебно лушпата од краставица многу е корисна за лицето.
Многу е убава од Авон planet spa од мртво море, таа најчесто ја користам и многу се прави мека кожата, а таа од саке и ориз не ми е погодена ич, зависи од кожата.
За убаво и меко лице измешајте голема лажица мед со лажица ипол кисело млеко..Успева 100% барем кај мене
Маската за лице на Avon planet spa, dead sea minerals, едноставно е чудесна.Го измазнува лицети затворајќи ги големите и видливи пори.Јас сум презадоволна, пробајте ја нема да згрешите
Јас користам исто од АВОН само одThalland lotus flower мн е убава ја прочистува кожата и дава убав мирис и ја измазнува
Која маска за лице е поубава таа од јапонско саќе и ориз или со тајландски лотосов цвет се двоумам меѓу двете ???